Автор: инфодеск
Post Views: 492 На 27.10.2022 година во 11 часот, при извршена контрола кај месноста „Страчка” во атарот на селото Подмолје-општина Дебрца, полициските службеници од СВР Охрид пронајдоа пресечени 10 стебла дабово дрво со висина од 4 метри.Дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Охриѓанец вршел јавен превоз без лиценца
Post Views: 484 СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М.(50) од Охрид и против правен субјект-негова сопственост, со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”.При контрола извршена на 12.10.2022 година на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници констатирале дека З.М. превезувал патници без да поседува соодветна лиценца за вршење превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Акција за собирање зелен отпад
Post Views: 255 ЈП ,,Охридски Комуналец” – Охрид на ден 29.10.2022 (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од УЗ 10 и УЗ 6 односно ,,Горна Влашка маала”, населба ,,Христо Узунов” и ,,Карабегомаала”.Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 7:00 часот на 29.10.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428 кој функционира секој ден во неделата во периодот 7:00 часот-21:00 часот...
И месната индустрија чека поддршка од Владата
Post Views: 368 По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет. При посетите на „Екстра Меин”, „Агрија”, земјоделската задруга „Единство”- Челопек, „Везе шари” и ДПТ„Лецкер” од страна на Кризниот штаб, формиран од Стопанската комора на Македонија, заеднички став на овие компании е дека и тие треба да добијат субвенционирана струја, за да обезбедат опстанок на бизнисот во услови на енергетска криза.Во...
Секс лаги и љубомора и во среда пред охриѓани
Post Views: 286 По барање на публиката Хит претставата „Секс, лаги и љубомора” ќе се одигра и во среда на 02.11.2022 со почеток во 20 часот. Влезот ќе чини 200 денари.Напоменуваме дека билетите се пуштаат на билетара во понеделник 31.10.2022 г. од 10.00 – 20.00 часот. Резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетара по принцип ПРВ ДОЈДЕН -ПРВ Услужен – информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.
Нови методи во третман на хронична венска инсуфиенција
Post Views: 430 Во текот на вчерашниот ден во Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања –Охрид, се одржа едукативен настан за нови, современи методи во третман на хронична венска инсуфиенција во организација на Medtronic.„На настанот присуствуваа лекари од повеќе здравствени институции од државата. Нашата установа е единствена јавна здравствена институција која 11 години во континуитет работи редовен програм со ендоваскуларните процедури на варикозни вени со радифрефреквентна аблација, а програмот од скоро е збогатен со нетермална ендоваскуларна процедура...
Струшката општинска администрација се пресели во нова зграда
Post Views: 553 „Со задоволство ве информираме дека за да излеземе во пресрет на барањата и потребите на нашите граѓани, започнавме со работа на нова локација во Струга“, информираат од Локалната Самоуправа на Општина Струга.Општинската администрација се пресели во нова зграда, на улицата „Партизанска“ до Мост на Поезијата.Ве молиме, отсега за сите Ваши барања и потреби повелете во новата зграда на институцијата бидејќи старата зграда во моментов е нефункционална. Му благодариме на целиот тим за успешната реализација на овој проект и посакуваме успех во работата –...
Слаб интерес за доктори во руралните средини
Post Views: 391 Слаб е интересот на младите лекари за работа во руралните средини. И покрај ваквата слика, од Ботун до Пресека, нашата соседна рурална Општина Дебрца, е добро покриена со примарна здравствена заштита. Здравствени услуги даваат двајца доктори вработени преку проектот „Рурален доктор“ на Министерството за здравство. Градоначалникот Зоран Ногачески објаснува дека иако не е во нивна надлежност, тие како општина помагаат во инфраструктурното осовременување и зачувување на некои од функционалните амбуланти во оваа општина.Во моментов на територијата на општината...
Мониторинг на дива коза
Post Views: 299 Тимот на НП Галичица во соработка со МЕД/MES реализираа активности за мониторинг на дива коза во Национален парк Галичица.Беа воспоставени трансекти, точки за набљудување, како и останати процедури за моноторинг на овој вид.На теренските активности, претходеа презентации и канцелариска работа за карактеристиките на овој вид и неговото живеалиште.
Јавен повик за член на Локален младински совет
Post Views: 227 Општина Охрид објавува Јавен повик за член во Локалниот младински совет на Општина Охрид.I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИЗа остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики објавен во Служен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од формирање на Локален младински совет на општина Охрид.Бројот на членови на младинскиот совет на општина Охрид изнесува 7 од кои најмалку 40 % припаѓаат на помалку застапениот пол.Членовите на...
Пронајдена дрога во Охрид
Post Views: 307 СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Н.(54) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и ,,овозможување употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При претрес, извршен по судска наредба во неговиот дом на 30.03.2021 година, полициските службеници од Одделението за нелегална трговија со дрога при СВР Охрид го затекнале Н.П.(35) од Охрид при користење марихуана, а дополнително, пронајдена и одземена...
Пожар во Издеглавје
Post Views: 295 На 26.10.2022 година во 18:55 часот во СВР Охрид пријавено е дека во атарот на селото Издеглавје, општина Дебрца, настанал пожар на нискостеблеста вегетација.Повредени лица нема, а интервенирала Теиторијалната противпожарна единица Охрид – информираат од СВР Охрид.