Автор: инфодеск
Views: 234 По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08.2026 г. (петок), Општина Охрид организира превоз до с. Скребатно каде е големиот верски храм посветен на Пречиста. Тргнувањето е во 08:30 часот од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец во 9:30 часот. Тргнувањето за назад е во 16:30 ч.
Подигнати 22 кубни метри кабаст и зелен отпад од Даљан и 8. Урбана заедница
Views: 147 Реализирана вонредна широко-опфатна акција за подигнување кабаст и зелен отпад во населба Даљан и кај комплексот згради на ул.,,Галичица” и ,,Никола Карев”.Во рамки на акцијата, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ подигнале вкупно 22 кубни метри отпад.Од претпријатието посочуваат дека несоодветното одлагање на стара покуќнина, кабаст и зелен отпад е честа појава, со што се нарушува изгледот на јавниот простор и животната средина.-Ваквите слики се честа појава и не’ опкружуваат на секој чекор во урбаните заедници каде живееме, каде поединци,...
Николоски: Инвестираме преку 5, 6 милиони евра во изградба на булевари, улици и комунална мрежа во Струга
Views: 224 Повеќе од 5,6 милиони евра изнесува поддршката од Министерството за транспорт за капитални инвестиции во општина Струга, во делот на булевари, улици и комунална инфраструктура.Ова го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при работната посета на Струга, каде заедно со градоначалникот Менди Ќура изврши увид во реализацијата на неколку инфраструктурни проекти.Меѓу проектите е изградбата на булеварот „Туристичка“, за кој преку Министерството за транспорт се издвоени 175 милиони денари, како и изградбата на улицата...
Тројца битолчани приведени по пријавен физички напад во Пештани
Views: 188 Тројца жители на Битола се приведени во врска со физички напад пријавен во охридското село Пештани.На 23 август 2026 година, околу 17:25 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле тројцата битолчани, на возраст од 25, 47 и 22 години, по претходна пријава дека во селото физички го нападнале 42-годишен жител на Пештани.Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Донација на мобилен грејач за новороденчиња во Општа болница Охрид
Views: 199 ЈЗУ Општа болница Охрид доби вредна донација наменета за подобрување на условите за згрижување на најмалите пациенти.Станува звор за мобилен грејач за новороденчиња NINGBO DAVID – Warmer, медицински апарат кој ќе се користи за потребите на новороденчињата во болницата.Од Општа болница Охрид изразуваат благодарност до донаторот, компанијата „Дамчевски“ ДООЕЛ, истакнувајќи дека ваквата опрема овозможува подобра термичка заштита и посигурна грижа за новороденчињата, особено во нивните најчувствителни моменти.Од болницата посочуваат дека поддршката од општествено...
Прв уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“
Views: 244 Од 25 до 27 август 2026 година e првиот уписен рок за студенти во прва година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. На Универзитетот има 190 слободни места.Идните студенти може да изберат три или четиригодишни студии на факултетите за компјутерски науки и инженерство, комуникациски мрежи и безбедност, применети информатичкии технологии,машинска интелегенција и роботика, потоа информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника и информатички и комуникациски науки.Поднесувањето на документи ќе се...
Утревечер свечено доделување на дипломите на матурантите од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
Views: 183 Утревечер, 25 август 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во училишниот двор на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе се одржи свеченото доделување дипломи на матурантите од генерацијата 2025/2026.На настанот ќе присуствуваат матуранти, професори, родители и гости, кои заеднички ќе го одбележат завршувањето на едно важно поглавје и почетокот на ново патување за младите.Од училиштето упатуваат покана до сите да бидат дел од оваа посебна вечер исполнета со радост, емоции и гордост.
„Симфонија на луѓе и машини“: Несекојдневен музички спектакл во Вевчани
Views: 181Утре вечер, во Амфитеатарот во Вевчани со почеток во 19:30 часот ќе се одржи несекојдневна музичка приказна што ги спојува традицијата, современата музика и вештачката интелигенција.На концертот насловен „Симфонија на луѓе и машини“ ќе настапат: Недељка Ложаик – Белград, Адријана Филиповиќ – Белград, Миодраг Кастратовиќ – Белград, Бање Ексер – Белград, Небојша Бркиќ – Нови Сад, Драган Пеиќ – Бања Лука, Александар Најдов – Велес.Посебен дел од концертот ќе биде посветен на влијанието и можностите на вештачката интелигенција во музиката, со учество на Борислав...









