Автор: инфодеск
Views: 78 При ерупција на вулканот Левотоби Лаки-лаки во источна Индонезија, погинаа најмалку 10 лица, а жителите на околните села се евакуирани.Портпаролот на Центарот за вулканологија изјавил дека по ерупцијата дошло и до прекин на електричната енергија, а веднаш потоа врнело дожд, проследено со силни молњи, што предизвикало голема паника кај луѓето кои се наоѓаат во близина на вулканот. Огнена лава и вжештени камења погодиле села оддалечени седум километри од кратерот, а изгорел и католички манастир.Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен прстен, област со...
Обемни интервенции на комплексот Робевци
Views: 69 Во моментов се работи на санација на помошните објекти односно „магаза“ согласно одобрената Годишната програма од страна на Министерството за култура за реализација на проекти од заштитата.Се отпочна со реконструкција и адаптација на помошниот објект до Магаза која е во склоп на музејскиот комплекс „ Куќата на Робевци“. Предвидени се одредени итервенции и отпочнато е со промена на кровот и кровниот покривач, промена на оштетените греди и нивно појачување, исто така се постави нов под од гранитни плочи. На објектот ќе се работи и наредниот приод односно ќе бидат санирани...
Продолжува со доизградба канализациониот систем во село Мешеишта
Views: 55 Се продолжува со доизградбата на канализациониот систем во село Мешеишта, во деловите и улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.Општината издвои дополнителни средства од Буџетот за 2024 година , во износ од 4.188.420 денари за доизградба на уште шест канализациони краци, во вкупна должина од 750 метри и 25 ревизиони шахти.Претходно, оваа година беа изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, и 16 ревизиони шахти, а за што беа инвестирани 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 беа обезбедени од Министерството за животна средина и...
Објавен ноемврискиот репертоар на театарски претстави во Центарот за култура “Григор Прличев”
Views: 68 НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид го објави ноемврискиот репертоар на театарски претстави.Во вторник, 5 ноември, ќе се одржи претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети, а во режија на Коле Ангеловски.Наредната сабота, 9 ноември, е резервирана за претставата „Кумови“ на Душан Ковачевиќ и режија на Билге Емин.Во недела, на 17 ноември, охриѓани ќе уживаат со театарската импровизација „Импровокација“, а на 29 ноември во петок ќе можат повторно да ја проследат претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети.Сите претстави...
Црвен крст организираше обука за мотиватори на тема „Крводарителство“
Views: 97 Во периодот од 25 до 27 Октомври волонтери од Црвен Крст Охрид учествуваа на работилници за врсничка едукација на млади на тема крводарителство.„Преку разновидни активности обуката им овозможи запознавање со крводарителството, неговите принципи како и на кој начин најдобро истите да ги пренесат на своите врсници. Обуката беше заокружена со симулација на крводарителска акција која волонтерите самостојно ја организираа.“ – велат од Црвен крст Охрид.На оваа обука учество зедоа охридските волонтери Сара Петкоска и Арсениј Ѓоршески заедно со млади од другите...
Денес времето сончево, но со постудено утро
Views: 73 Наутро постудено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.Ќе продолжи периодот на претежно сончево време но со постудени утра, а минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Дневната температура ќе достигнува најмногу до 20 степени, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 3 до 16 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски
Продолжува сончевото време со студени утра
Views: 96 Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Во текот на новата работа седмица времето ќе биде претежно сончево со студени утра и минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 16 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски
ЗНМ-ССНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска, повик за итна истрага
Views: 71 Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради последното прекршување на основните права на нашата членка, новинарката Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ. Од таму велат дека видеото кое беше проследено до национална телевизија од страна на шефот на Вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи, отвора сериозни прашања за приватноста, незаконското следење и правата на новинарите во Македонија....








