Автор: инфодеск
Post Views: 329 Агенцијата за млади и спорт, традиционално на крајот на годината ги прогласува најуспешните македонски спортисти. Меѓу наградените е и охридскиот херој Марко Пејчиновски за подвигот кој го направи годинава со десет препливувања на Охридско Езеро. Летната авантура на Марко, како што тој ја нарекува, започна со препливување на 14 километри долгата патека од Радожда до Охрид. Во јули се одржаа четири препливувања и уште три во август. Помеѓу 27-ми и 28-ми август годинава, тој пливаше патека со должина од 63,84 километри од Охридското пристаниште до Струга, па до...
Финансирање програми од областа на спортот
Post Views: 248 Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за распоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2023 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот.Спортот и неговата врска со образованието, здравството,...
Субвенции за користење на спортските терени на ЈП Билјанини извори за 2023
Post Views: 306 Општина Охрид објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП ,,Билјанини извори” Охрид.Субвенционирањето на трошоците за користење на спортските терени на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид се однесува за периодот од 01.01.2023 заклучно со 31.12.2023 година.Повеќе информации на следниот линк
Избор за најуспешни спортисти, тренер и спортска екипа за 2022
Post Views: 294 Општина Охрид распиша Конкурс за доделување награди и признанија во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид за 2022 година.Повеќе информации на следниот линк
Повратот на МОЈ ДДВ се зголемува од 1800 на 2100 денари
Post Views: 557 Владата на вчерашната седница го утврдила текстот на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии, соопштија од Владата.Како што информираат од владината прес служба, со предложените измени се зголемува највисокиот дозволен износ што може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје.Се планира највисокиот износ кој што може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност, да се...
Во Армијата примени 200 професионални војници
Post Views: 270 Во Армијата на Република Македонија денеска се приклучија 200 нови професионални војници на кои решенијата за работа им ги додели министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечена церемонија која се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје.Министерката Петровска упати честитки и изрази задоволство што младите војници одлучиле да и служат на татковината.Бидете горди затоа што станувате дел од институција која е најпочитувана, најценета институција која својот углед го има изградено затоа што секогаш и секаде била прва во помошта на нашите граѓани,...
Не управувајте возило под дејство на алкохол
Post Views: 328 РСБСП со апел до граѓаните пред новогодишните празници.-Бидете внимателни за време на Новогодишните празници.-Почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот.-Не управувајте возило под дејство на алкохол!-ВОЗЕТЕ ОДГОВОРНО И ПАТУВАЈТЕ БЕЗБЕДНО!Возењето под дејство на алкохол е опасно и може да предизвика материјална штета, но и повреди и загуба на човечки животи. Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши вашето и спокојството на другите. Уживајте во празничното расположение, прославувајте одговорно и возете безбедно...
Општина Охрид подари 300 новогодишни пакетчиња
Post Views: 382 Со цел да ги разубават новогодишните и божикните празници на најмладите, градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, денеска поделија вкупно 300 новогодишни пакетчиња.Новогодишни пакетчиња беа поделени во Дневниот центар „Зраци“, новоотворената игротека за деца со цребрална парализа „Радост“, посебната паралелка во ООУ „Свети Климент Охридски“ и Дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“. Новогодишни пакетчиња добија и дечињата при здружението...
Зголемен капитацискиот бод за избраните лекари за општа медицина, гинекологија и стоматологија
Post Views: 281 Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, како резултат од разговорите и преговорите со Лекарската комора на РСМ и Стоматолошката комора на РСМ, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица, на последната седница на Управниот одбор, одржана на 26 декември 2022 година, донесе одлука, од први јануари 2023 година да ја зголеми вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За...
Се расчистува патниот правец Вапила-Расино
Post Views: 407 Екипите на „Паркови и зеленило” го расчистуваат патниот правец од с. Вапила до с. Расино.Се отстрануваа гранките од дрвјата и жбунестата вегетација која го попречува нормалното движење на пешаците и возилата. Акцијата ќе продолжи и во наредните денови – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Две тепачки во Охрид
Post Views: 399 Приведени четворица охриѓани кои учествувале во групна тепачка на улицата „Абас Емин“ бо Охрид.На 26.12.2022 околу 20:30 часот, во СВР Охрид приведени се Д.А.(24), М.А.(24), З.К.(55) и С.Б.(27), сите од Охрид, затоа што на улицата „Абас Емин“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Уште двајца охриѓани се степале на улицата „Партизанска“ во Охрид.На 27.12.2022 во 04:20 часот на улица „Партизанска“...
Отворен веб портал на Младински центар Охрид
Post Views: 390 Младинскиот центар Охрид отвори веб портал на кој младите охриѓани и сите заинтересирани можат да добијат повеќе детали за начинот на функционирање на центарот и сите информации поврзани со младинското делување во Охрид.На веб страницата www.mco.mk објавени се различни видови на содржини поврзани со програмите кои ги спроведува центарот за подобрување на благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот. Исто така, постојано се објавуваат информации од важен интерес и се обезбедува навремено и точно информирање на локалните...