Автор: инфодеск
Views: 86 Денеска околу 11 часот и 50 минути при уривање на стариот дел од настрешницата на Железничката станица во Нови Сад загинаа 14 лица,.Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во спасувањето учествувале околу 80 спасувачи од повеќе градови и дека тие биле на местото на несреќата неколку минути по повикот.-Тоа е стара градба, тоа значи големи количества бетон и конструкција, тоа е голем удар. Падот врз луѓето долу се случи ненадејно. Едно лице, машко, било донесено во болница поради ампутирани нозе. А тие две жени кои беа спасени пред малку се единствените...
На Југозападниот регион му е потребен државен дом за стари лица
Views: 87 Се зголемува бројот на возрасната популација а со тоа расте и потребата од Дом за стари лица. Во целиот Југозападен регион нема дом за сместување, грижа и престој за старите лица.Од здружението на пензионери велат луѓето во третата доба се оставени сами на себе. Поради иселувањето на младите, евидентен е порастот на стари лица кои бараат згрижување.За достоинствено, квалитетно и активно стареење , во време кога иселувањето на младите е тренд, повозрасната популација се погласно бара дом за нивно згрижување.–Отсекогаш сме ја истакнувале потребата за изградба на...
УИНТ „Св Апостол Павле„ од голема важност за охридскиот регион од економски и социјален аспект
Views: 84 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ – Охрид е значаен за градот не само од образовен туку и економски и социјален аспект. Иако на овој државен универзитет се запишуваат студенти од цел свет, сепак најмногу регрутира студенти од Охрид и охридскиот регион. Тие млади луѓе по завршувањето на студиите ја потпомагаат локалната индустрија.„Ние имаме меморандуми за соработка и плодна соработка со многу од компаниите што се во регионот, дури се поканети и учествуваат во развој на следните студиски програми, секоја следна студиска програма се прави во...
МВР предупредува на измами со кои се крадат лични податоци
Views: 77 Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) известува за зголемен број измами во кои се користат фишинг-напади и лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност. Главната цел на овие измами е прибирање на лични податоци или насочување на жртвите кон лажни веб-страници за понатамошна злоупотреба.Обидите најчесто доаѓаат преку електронска пошта, но и преку социјалните мрежи, СМС пораки или телефонски повици. Во некои случаи, жртвите добиваат порака дека се предмет на наводни правни...
СВР Охрид: опожарена езерска трска во близина на Пештани
Views: 87 На 31.10.2024 во 17.36 часот, во СВР Охрид е пријавено дека била опожарена езерска трска во водите на Охридското езеро, во близина на охридското село Пештани. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид.
Денес ќе се одржи базарот „Боите на Струга – култури кои се среќаваат“
Views: 65 Денес пред зградата на Општина Струга, од 11 до 14 часот ќе се одржи езерски базар „Боите на Струга – култури кои се среќаваат“.-Сите оние кои прават домашни производи, рачни изработки, имаат хотели, ресторани и слично се поканети да ги презентираат своите бизниси, а своето учество мозат да го пријават на бројот 078-288-357, информираат организаторите.
Денес ќе се одржи хуманитарна театарска претстава за помош на настраданите во поплавите во Јабланица и Коњиц
Views: 63 Црвен крст Охрид во соработка со Здружението на поети за возрасни и деца-Кладањ, Босна и Херцеговина, а со поддршка на Општина Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, организира хуманитарна театарска претстава за деца од прво до шесто одделение, во која ќе настапуваат актери од Босна и Херцеговина.Средствата собрани од продажбата на влезниците, по цена од 150 денари, ќе бидат наменети за населението во реонот на Јабланица и Коњиц, кои претрпеа најмногу оштетувања во катастрофални поплави кои ја зафатија Босна и Херцеговина и кои однесоа преку 20 човечки животи, а...
Времето денес променливо облачно со сончеви периоди и температури до 17 степени Целзиусови
Views: 61 Наутро по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по некои котлини. Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени. Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.Во Охрид температурите ќе се...








