Skip to main content

Автор: инфодеск

Уапсени 10 новинари од прокурдски медиуми

Post Views: 461 Во шест турски провинции денеска се уапсени десет новинари од прокурдски медиуми, една недела по стапувањето во сила на новиот закон за медиуми, соопшти Синдикатот на новинарите на Турција.Десет наши колеги се уапсени за време на акциите во Анкара, Истанбул, Ван, Дијарбакир, Урфа и Мардин – соопшти синдикатот ТГС на Твитер, без да ги прецизира причините за апсењата.Уапсените новинари работат за прокурдските новински агенции „Mezopotamya” и „Jinnews”.Новиот турски закон за дезинформации значи дека оние кои се прогласени за виновни за намерно...

Продолжи со читање

Подигнати 72м3 кабаст и зелен отпад

Post Views: 244 Уште една успешна акција на ЈП „Охридски Комуналец“ која што изминатиот викенд беше реализирана во У.З.14. Радојца Новичиќ.Подигнати беа 72м3 кабаст и зелен отпад од оваа урбана заедница. Екипите на јавна чистота темелно ги расчистија јавните површини во с.Подмоље. Отстранета е ниската и дива вегетација од тротоарите, уредено е јавното зеленило и подигнат е расфрланиот отпад – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

ЈП Водовод интервенираше на повеќе локации

Post Views: 265 Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид, во периодот од 17-ти до 23-ти Октомври, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.Отстранети беа дефекти на следните улици : „Ванчо Питошески”, „Дејан Војвода”, „Македонски Просветители”, „Мирче Ацев”, „Расадник“, „Ѓорче Петров”, „Димо Хаџи Димов”, село Горно Лакочереј, „Железничка” (Дебрца Експрес), „Дејан Војвода” бр.109, „Климентов Универзитет”, село...

Продолжи со читање

Најповолни услови за фотонапонски елекроцентрали

Post Views: 424 Граѓаните и деловната заедница ќе може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја. Стапија на сила измените на Законот за градење како дел од низата мерки за поддршка во услови на најголемата светска енергетска криза.На овој начин се поедноставува процедурата за поставување фотонапонски електроцентрали на објектите и тоа до 6 киловати за домаќинствата и до 40 киловати за компаниите.Клучно е што процедурата е без административни постапки и не е потребно издавање одобрение/решение за градење од...

Продолжи со читање

Самит на Кримската платформа во Хрватска

Post Views: 357 Претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ и претседателот на украинската Врховна Рада Руслан Стефанчук денеска во Загреб го отворија првиот парламентарен самит на Кримската платформа со порака дека не треба да се запре во давањето помош за Украина.Ќе испратиме силна порака за единство, солидарност и поддршка на Украина во екот на руската агресија, рече Јандроковиќ, додавајќи дека меѓународната заедница, ЕУ и НАТО брзо „одговорија на антицивилизацискиот потег на Путин” на обединет и солидарен начин по руската инвазија.Кримската платформа е...

Продолжи со читање

Мигрант од Мароко фатен во Охрид

Post Views: 321 Денеска (24.10.2022) во 03:00 часот во СВР Охрид е приведен А.С.(23) од Мароко.Тој e затекнат на улицата „Кленоец” во Охрид и по извршени проверки, констатирано е дека остварил илегален влез во државата. За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е пренесено во транспортен центар за странски државјани. По документирање на случајот ќе следува поднесок – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Активисти на Чист Охрид собраа 5 вреќи со ѓубре

Post Views: 278 Некои граѓани се подготвени да го однесат отпадот од својот дом до локација како што е Горица 3 и Славија и таму да се ослободат од него. Најразлични предмети од домаќинствата, покрај редовниот пластичен отпад, амбалажи од храна и стакло собраа активистите од „Чист Охрид“ на патеката која води кон плажите.Од иницијативата посочуваат дека треба да се зголеми бројот на локациите или пунктови на кои граѓаните ќе можат да го селектираат отпадот кој го одлагаат.Без претходна најава, поради она што го затекнавме деновиве во околината на плажата, одлучивме да...

Продолжи со читање

Се реконструира старото градско јадро во Струга

Post Views: 353 Се реконструираат старите струшки сокаци. Должината на петте улици што се предмет на санација е скоро 600 метри, со околу 3.600 метри квадратни. Со овој зафат значајно ќе се подобрат условите за одвивање на сообраќајот и за пешачење низ стариот дел на Струга.Воедно се очекува да се подобри и водоснабдувањето бидејќи, се поставува нова водоводна мрежа, како и достапноста до атрактивните локалитети за домашните и странски посетители.Еден од тие проекти е и старото јадро на градот каде се прави нов водовод, сите азбестни цефки се отстрануваат, се прави...

Продолжи со читање

Охриѓанец нападнал 26-годишна девојка

Post Views: 316 На 23.10.2022 година во СВР Охрид е пријавено дека во 22:25 часот, во близина на казино на ул.„Абас Емин” во Охрид, Р.К. физички ја нападнал Б.М.(26), двајцата од Охрид.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Кампања за безбедност во сообраќајот во Охрид

Post Views: 291 Превентивна акција на МВР и РСБСП за зголемување на безбедноста во сообраќајот реализирана денеска во Охрид. Организаторите го искористија зголемниот број на туристи, а со тоа и зголемен број пешаци и возачи на моторни возила присутни во Охрид во празничниот продолжен викенд, за да низ разговори им дадат препораки за намалување на ризиците во сообраќајот и зголемување на безбедноста. Претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска, рече дека пешачењето е суштински дел од одржливата мобилност, го подобрува здравјето на луѓето и влијае на унапредувањето на животната...

Продолжи со читање

Недостаток на гробни места во Охрид

Post Views: 367 Недостаток на гробни места е најголемиот проблем со кој се соочува ЈП „Градски гробишта“. Оваа тема беше посочена и на седница на совет посветена на советнички прашања. Проблемот е сериозен и го спречува јавното претпријатие да ја извршува основната дејност за којашто е формирано, посочи советничката од „Охрид пред се“, Леона Кичеец.Дали во буџетот за 2023 година ќе се предвидат средства за експропријација на парцелите кои се граничат со површината на градските гробишта или доколку таква експропријација е завршена и се експроприирани парцели дали ЈП би можело...

Продолжи со читање

Македонци повредени во сообраќајка кај Солун

Post Views: 476 Петмина државјани на Македонија се повредени, но надвор од животна опасност во сообраќајна несреќа која околу половина час по полноќ се случила на патниот правец Игнација Одос, кај клучката Амфиполи Сер.Возилото во кое се превезувале повредените, под засега неутврдени околности излетало од коловозот.Како што јавуваат грчките медиуми, за извлекување на возачот, на помош била повикана противпожарната служба.Сите патници, според информациите на грчките медиуми, се со полесни повреди. Причините за несреќата ги истражува Секторот за сообраќај Аспровалта.

Продолжи со читање