Автор: инфодеск
Views: 79 Во сабота почнуваат конкретните активности за изградба на автопатот Прилеп – Битола, проект кој целиот Пелагонски регион го очекува. Автопатот ќе биде модерен со вкупно шест ленти, со по три ленти од двете страни и помошен алтернативен пат. За три години ќе имаме нов модерен автопат кој ќе донесе економски развој на Пелагонискиот регион, одговори заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на пратеничко прашање.“Од Градско до влезот на Прилеп ќе се вози по експресен пат, тука ќе има еден кружен тек каде лево ќе се влегува...
Без вода корисниците од крајбрежниот дел на населбата Рача до хотел Парк
Views: 67 Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 11:00 часот, 2 часа без вода ќе бидат корисниците од крајбрежниот дел на населбата Рача до хотел Парк, информираат од ЈП Водовод – Охрид.
Денес повторно на репертоар претставата „Кумови“
Views: 84 Поради зголемениот интерес на театарска претстава “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ денес повторно на репертоарот.Режијата е на Билге Емин, а играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Превод и драматургија: Кристина Тодороска Петреска. За сценографија е задолжена Татјана Христоска Бажевска, а за костимографија Марија Пупуческа.Претставата започнува во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на...
Денес боево гаѓање на стрелиштето „Бејбунар“
Views: 77 Денес, на цивилното стрелиште „Бејбунар”, со почеток во 09:00 часот, ќе се изведува боево гаѓање од страна на припадниците на Затворската полиција при КПУ – Затвор Охрид. Гаѓањето се очекува да заврши најдоцна до 14:00 часот.Поради тоа, се известуваат граѓаните од Општина Охрид и околните населени места дека ќе биде забрането движењето околу стрелиштето „Бејбунар”, се додека гаѓањето не заврши, информираат од КПУ Затвор Охрид.
УХМР: Следува период на стабилно и суво време
Views: 84 Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Македонија ќе биде во интервал од 18 до 24 степени, а во Охрид темепературите ќе се движат од 7 до 19 степени.Следува период на стабилно и суво време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер најизразен во ноќта кон недела. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури во...
ДКСК се огласи во врска со именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност
Views: 68 Државната комисија за спречување на корупцијата објави соопштение во врска со именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, потенцирајќи дека постапува во рамките на своите законски овластувања и надлежности, насочени кон проверка на можни судири на интереси, интегритет и транспарентност во постапките за именувања на раководни функции, и дека е независен орган со точно утврдени надлежности и во своето работење се води исклучиво од потребата за законито и транспарентно функционирање на институциите.„Информациите во јавноста за дуализам во постапувањето...
Поделени хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства, донација од Костал во соработка со Црвен Крст Охрид
Views: 66 Започна поделбата на хуманитарните пакети кои се обезбедија од донации во рамки на акцијата на Црвен Крст Охрид во Неделата за борба против гладта. Денеска 50 социјално загрозени лица добија пакет со прехрамбени производи, донација од компанијата Костал Македонија.Со донацијата на одреден број семејства барем малку ќе им олесниме еден месец да поминат во однос на основните прехрамбени продукти, кажа директорот на Костал Македонија, Виктор Мизо. Додаде дека борбата на овие наши сограѓани е секојдневна и нивните потреби се најразлични, па така и помошта од страна на...
Катастрофални поплави во Валенсија и Андалузија
Views: 84 Најмалку 51 лице загина во вчерашните поплави што го зафатија југоисточниот дел на Шпанија. Државната метеоролошка агенција издаде црвен аларм за обилни дождови во Валенсија и второ највисоко ниво на тревога во делови од Андалузија, бидејќи се очекува неповолното време да продолжи. Железничкиот сообраќај на релациите меѓу Валенсија и Мадрид, како и други приградски линии низ погодените региони е прекинат, откако воз со неколку вагони на релација Малага – Мадрид, во кои имало 291 патник, излетала од шините во јужниот регион Андалузија.Според прогнозите, се очекува најпогодена...








