Автор: инфодеск
Post Views: 1.030 Управата за јавни приходи (УЈП) објави оглас за вработување на 100 службеници.Се бара даночен советник за правни и нормативни работи, Оддел за правни и нормативни работи, Сектор за правни работи, Директорат за поддршка на активностите на УЈП, Генерална дирекција, самостоен референт/книговодител, Одделение за сметководство и плаќања, Сектор за финансиски прашања, Генерална дирекција, двајца извршители, самостоен референт/контер билансист…Повеќе информации за огласот на следниот линкИзвор/Емагазин
Хрватската куна од Нова година се заменува со евро
Post Views: 557 Хрватската куна, откако повеќе од 28 години се користи како службени пари, на Нова година ќе биде заменета со евро. Повеќе од 500 милиони парчиња книжни пари и околу 5.200 тони монети ќе бидат испратени на уништување.Куните како хартиени и метални пари и липите како монети во апоени помали од една куна беа воведени во Хрватска на 30 мај 1994 година. Кога ќе се воведе еврото, ќе има иста количина на пари во оптек како кога беше во оптек куната.На пример, бројот од банкноти од 100 куни ќе го замени пропорционалниот број банкноти од 10 и 20 евра....
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Дојран
Post Views: 281 Најстудено утрово е во Берово со -5 степени, во Битола се измерени -4 Битола, во Скопје, кај Петровец и Демир Капија -3, во Струмица и Тетово -2, во Прилеп и Дебар -1. Нула степени се измерени во Скопје, кај Зајчев Рид, Штип, Крива Паланка, Гевгелија, еден степен над нулата е во Охрид, Претор, Лазарополе, три во Маврови Анови, Крушево, Виница, четири на Попова Шапка, а максимални шест степени се измерени во Дојран.Во текот на ноќта и изутринава времето беше ведро и студено. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.Времето денеска ќе биде...
ЈП Билјанини извори : Ги покануваме советниците и координаторот на СДСМ на работен состанок
Post Views: 252 Од ЈП „Билјанини извори“ ги повикуваат советниците, координаторот на СДСМ во Советот на Општина Охрид, на работен состанок на тема минатото и сегашното работење на претпријатието.„Изминатиов петок бевме сведоци на партиско соопштение на политичката партија СДСМ Охрид во кое централна тема беше минатото финансиско работење на јавното претпријатие ,,Билјанини Извори”. Како споменати во истото, а согледувајќи го изнесеното, должност ни е да реагираме, а во овој случај јавно да и се обратиме на политичката партија СДСМ Охрид. Јавното обраќање до нив не е...
КАМ ги замрзнува цените на 100 производи
Post Views: 386 „КАМ маркет“ ги замрзнува редовните цени на 100 производи со цел да им излезе во пресрет на своите купувачи за престојните празници и да го ублажи шокот предизвикан од инфлацијата. Замрзнувањето ќе важи до 1 февруари 2023 година.На листата производи чии цени ќе останат замрзнати се и основни производи, јајца, ориз, свежо месо и сувомеснати производи, млечни производи, тестенини, средства за лична хигиена итн.Замрзнувањето е во еден правец. Тоа значи дека во наведениот период редовните цени нема да се покачуваат, но во зависност од општото движење на...
Приведен охриѓанец, физички ја нападнал својата сопруга
Post Views: 440 На 25.12.2022 година во 00:55 часот, во СВР Охрид е пријавено дека М.С. во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга.Тој е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Бела прашкаста материја пронајдена кај охриѓанец
Post Views: 451 На 24.12.2022 година во 22:40 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода Х.Д.(29) од Охрид.Тој при преглед извршен на улицата „Абас Емин” во Охрид, полициските службеници кај него пронашле и одзеле 10 пакувања со бела прашкаста материја. Тој е приведен во СВР Охрид и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Блесна новогодишната елка под вода
Post Views: 387 Нуркачите од Нуркачкиот центар „АМФОРА“ од Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат новата 2023 година.Како и секоја година, така и оваа нова 2023 година нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.Посетителите на Музејот на вода, елката ќе можат да ја видат од денес, па се до крајот на јануари.
Охрид SOS : Да се санира нелегалниот насип кај Далјан
Post Views: 374 Од Охрид SOS ја потсетуваат Владата на Македонија на одлуката за санација на нелегалниот насип во Охридското езеро, поточно во населба „Далјан.“„На педесет и четвртата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 16 март 2021 година, под Точка 74 во Записникот е наведено следното:Владата го разгледа новиот текст на Информацијата за влијанието на нелегално насипување на земја и шут на брегот на Охридското Езеро во населба Далјан и за потребата од итно враќање на крајбрежјето во првобитна состојба и ја усвои со следните заклучоци:1. Се...
Денеска е Св. Спиридон Чудотворец
Post Views: 463 На Никејскиот собор св. Спиридон направил чудо, кога за да ги демантира еретиците стиснал ќерамида во раката при што од горната страна излегол пламен, а од долната протекла вода.Именден празнуваат: Спиридон, Спиро…На 25 (или според стариот календар на 12) декември Светата православна црква го празнува споменот на свети Спиридон Чудотворец. Епископот и чудотворец Спиридон од Кипар се занимавал со земјоделие. Живеел од својот труд и ги помагал сиромашните. Многу неверници придобил кон христијанската вера. Умрел во 348 година.Меѓу народот има повеќе...
Татко го нападнал својот син и се обидел да го удри со возило
Post Views: 257 Педесет и шест годишен маж со иницијали Љ.А. од селото Флорино е приведен од страна на полицијата.Тој околу 12:30 часот во близина на место викано „Голема нива“, помеѓу Форино и Чајле, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот 32-годишен син и се обидел и да го удри со возило во кое претходно двајцата се превезувале – информираат од МВР.По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Запалени два контејнери на ул. Ристо Крле во Струга
Post Views: 297 Непознати сторители запалиле 2 контејнери за отпад во град Струга, причинувајќи голема материјална штета, известуваат од ЈП Комунално.Благодарение на брзата реакција на струшките пожарникари, пожарот не се прошири на околните згради и возилата во околината. Уништените контејнери ќе се заменат со нови – велат од ЈП Комунално.Градот Струга апелира до граѓаните да ја почитуваат урбаната опрема поставена на јавни места и да не палат контејнери за отпад, за да се овозможи ефикасно собирање на комуналниот отпад и одржување на јавната хигиенa.