Skip to main content

Автор: инфодеск

Утре ќе се одржи 47. седница на Совет на Општина Охрид

Views: 46 Утре ќе се одржи 47. седница на Советот на општина Охрид со почеток во 09:00 часот, во зградата на општина Охрид, со следниот дневен ред:Усвојување на Записникот од 45-та седница и Записникот од 46-та седницаПредлог-одлука за усвојување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023-2027 година.Предлог-одлука за определување и исплата на парична награда на учесници во гаснењето на летните пожари на подрачјето на општина Охрид.Предлог-oдлука за донесување на буџетскиот календар.Предлог-одлука за објавување...

Продолжи со читање

Пожар во бродоградилиште во Англија

Views: 69 Две лица се пренесени во болница откако избувна пожар во бродоградилиштето „Баро-ин-Фернес“ на БАЕ Системи во Камбрија, северозападна Англија, соопшти полицијата. Официјални лица соопштиле дека пожарот во бродоградилиштето за нуклеарна подморница избувнал околу 12.45 часот наутро, но дека пожарот не претставува ризик од нуклеарен инцидент.Бродоградилиштето во Бароу-ин-Фернес, Камбрија, ги произведува подморниците Astute и Dreadnought на Кралската морнарица.

Продолжи со читање

Наум Смилевски од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид освои прво место на Државниот натпревар за млади истражувачи

Views: 103 Минатиот викенд во Пехчево се одржа шеесетиот државен натпревар на младите истражувачи од Р.С. Македонија во органицација од SZTKM – Народна техника на Македонија.Ученикот Наум Смилевски од I-4 при ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид го освои првото место во областа ,,Автоматика и Роботика” со CNC машина за пишување која сам ја дизајнираше и ја направи. CNC машината е изградена од хардверски делови од компјутер.Ученикот во понатамошниот период има идеја машината да ја надогради со ласер за гравирање дрво и глодалка за гравирање метал,...

Продолжи со читање

Струшката чаршија ја изгуби автентичноста

Views: 121 Струшката чаршија ја изгуби автентичноста. Ги нема старите дуќани, ќепенците и занаетчиските работилници. Исчезна и старата градска архитектура, куќите кои беа белег на градот.  Во минатото низ чаршијата имаше кувеџии, лимари, тенеќеџии, ковачи, кондураџии…. Денес нема занаетчии. Таа струшка чаршија  пред повеќе од половина век не е ни на лик на денешната, раскажува 85 годишниот стружанец Климент Матоски автор  на книгата „Струга во мојата душа, Струга од мојата младост“.„Тука имаше еден огромен број занаетчии од кувенџии, златари како што беше моето семејство, до...

Продолжи со читање

Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 19 степени Целзиусови

Views: 70 Во Македонија наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 7 до 19 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

„Заштита од џебни кражби и измами”, превентивна активност на СВР Охрид

Views: 66 „Заштита од џебни кражби и измами” е новата проектна кампања која, отсекот за превенција при СВР Охрид, ќе ја реализира на целото подрачје што го покрива. Проектните активности започнаа во Охрид при што, полициски службеници од Отсекот за превенција, на повеќе локации во градот, остварија средби со граѓани и низ кратки разговори, им укажаа на можните форми и начини на вршење на овие кривични дела, како и за неопходните основни мерки за заштита од сторителите на имотните и други деликти.На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци со низа практични совети, со...

Продолжи со читање

Воспоставена формална соработка за доброто на Галичица

Views: 110 Во просториите на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Алпинистички клуб Патагонија, Здружение на љубители и подржувачи на Н.П Галичица и здружението ЕКО – ФАП од Охрид.Со потпишувањето на овој меморандум, се формализира и продлабочува соработката, која трите невладини организации од Охрид, ја развиваат подолг временски период. Продлабочувањето на соработката, се наметна како логична потреба по искуството од справувањето со последниот голем пожар на Галичица, од направената анализа на јаките и слабите...

Продолжи со читање

Златен пехар за ИПА Охрид на турнирот “ИПА МЕГДАН 2024” во Струмица

Views: 57 Велибор Балоски, член на ИПА Охрид, го доби златниот пехар за освоено прво место во дисциплината пиштол на турнирот во стрелаштво, кој на 26 овој месец, се реализира во Струмица. Балоски победи во дисциплината гаѓање со пиштол калибар 9 милиметри, во кружна мета на растојание од 15 метри. Тој, на освоени 96 кругови, постигна 7 десетки, 2 деветки и 1 осмица со што, постави рекорд на овај ИПА реномиран настан во стрелаштво на кој учество зедоа, 36 ИПА членови од 7 ИПА региони во Македонија и еден од ИПА Црна Гора.Покрај Балоски, во тимот на ИПА Охрид беше и Јована Илкоска...

Продолжи со читање