Автор: инфодеск
Views: 75 Утрово е пријавено дека во фабрика која во населбата Илинден стигнала иформација на службениот меил дека е поставена експлозивна направа.– Утрово околу 08:20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице, населба Илинден пријавила дека на службениот меил на правното лице, во 06:00 часот утринава стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа. Во моментов се на терен и екпи на СВР Скопје и единицата за антитероризам. Откако биле направени сите потребни прверки се укажало дека не била пронајдена експлозивна направа, константирано е дека станува збор за...
Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ повторно на репертоарот пред охриѓани во вторник
Views: 58 Хит претставата „Секс, лаги и љубомора” на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски, на барање на публиката повторно на репертоарот во вторник 05.11.2024 година, со почеток во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари.Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Шминка и фризура: Студио Арс Нова.Ова е прва изведба на преставата по добиената награда на меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија” во...
Давид Крстески незапирлив на „Дубровник Опен 2024”
Views: 91 Забележителен успех за теквондистите на Македонската традиционална теквондо федерација и на Меѓународниот теквондо ИТФ натпревар „Дубровник Опен“.МТТФ ја претставуваа тројца натпреварувачи од клубовите „Сонкал“ – Мислешево Струга, „ ХВА РАНГ ИТФ“ – Лескоец Охрид и „Мастер“ – Охрид, предводени од претседателот Марјанчо Лазаревски и асистент тренерот Божидар Димитиревиќ.– Давид Крстески беше незапирлив во својата категорија и во форми и во борби со што беше награден за најдобар јуниор 16-17 години, додека Михаил Јоноски и Владимир Димитириевиќ кои натпреваруваа во иста...
Во четврток ќе се одржи 47. седница на Совет на Општина Охрид
Views: 98 Четириесет и седмата седница на Советот на општина Охрид е предвидено да се одржи на ден 31.10.2024 година (четврток) со почеток во 09:00 часот, во зградата на општина Охрид. За седницата е предложен следниот:Д Н Е В Е Н Р Е ДУсвојување на Записникот од 45-та седница и Записникот од 46-та седницаПредлог-одлука за усвојување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023-2027 година.Предлог-одлука за определување и исплата на парична награда на учесници во гаснењето на летните пожари на...
Јавен повик за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид
Views: 88 Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Р.М број 5/02) и член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Р.М број 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14;112/14;166/14;44/15;97/15;124/15;129/15; 37/16 и 71/16), Градоначалникот на Општина Охрид го објавува следниотЈАВЕН ПОВИКза пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина ОхридПредмет на јавниот повикПредмет на јавниот повик е пријавување на кандидати...
Собрани сите потребни парични средства за лекување на охриѓанката Бојана
Views: 109 Бојана Танеска Бонеска, на која и беше дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma и за која беа организирани хуманитарни акции со цел да и се помогне да се соберат 90 илјади евра, информираше дека сите парични средства се собрани. Во нејзината објава на Фејсбук, додава дека во овој момент сите телефонски линии се затворени.„Благодарам на мојот град Охрид, на цела Македонија, на луѓето надвор од нашата земја кои несебично донираа. Животот не е секогаш обично место на фотелја,знае да се сруши како кула од карти. Се ова е Божја промисла, која не учи да сме понизни и...
Санација на меморијалната куќа на Григор Прличев
Views: 61 Се санира Меморијалната куќа на Григор Прличев. Согласно одобрената Годишна програма од страна на Министерството за култура и туризам, за тековно одржување на објекти кои се под надлежност на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид се превзедоа одредени зафати за санирање на објектот „Меморијална куќа на Григор Прличев “, информираа од установата.Во тие активности во текот на октомври 2024 година, се санираа ѕидните платна од јужната страна и плафонот во приземјето како и одредени интервенции на увалите на кровот, чистење на олуци како и промена на...
УХМР: Сончево со умерена облачност, утре услови за слаб локален дожд
Views: 65 Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.Утре ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа продолжува периодот на стабилно и суво време со пониски дневни температури, информираат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 7 до 20 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски







