Skip to main content

Автор: инфодеск

Боево гаѓање

Во четврток КПУ – Затвор Охрид ќе изведе боево гаѓање на стрелиштето „Бејбунар”

Views: 107 На ден 31.10.2024 година, на цивилното стрелиште „Бејбунар”, со почеток во 09:00 часот, ќе се изведува боево гаѓање од страна на припадниците на Затворската полиција при КПУ – Затвор Охрид. Гаѓањето се очекува да заврши најдоцна до 14:00 часот.Поради тоа, се известуваат граѓаните од Општина Охрид и околните населени места дека ќе биде забрането движењето околу стрелиштето „Бејбунар”, се додека гаѓањето не заврши, информираат од КПУ Затвор Охрид.

Продолжи со читање

„Вози одговорно-почитувај ги сообраќајните правила”, превентивна активност на СВР Охрид

Views: 59 Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид, на подрачјето на охридските села Орман, Долно и Горно Лакочереј, како и на повеќе улици кои гравитираат кон тие населени места, ја реализираа сообраќајно едукативната кампања „Вози одговорно-почитувај ги сообраќајните правила”.  –Кампањата доаѓа по претходни согледувања на полициските службеници дека на улицата „Радојца Новичиќ” и низ другите улици во овие населени места, зголемен е интензитетот на сообраќај со...

Продолжи со читање

Николоски: Од Скопје до Охрид за час и половина

Views: 109 После 50 години најави започнуваме со реални работи на терен за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани, најтешката траса од автoпатскиот коридор 8 на запад, истакана заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увид во градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Букојчани.“Навистина мислам дека имаме историски ден. Се работи за почетокот на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево нешто за што се зборува преку 50 години, практично решавање на најтешкиот дел од она што треба да е автопат Скопје –...

Продолжи со читање

Јосифоски: Пазарот е преплавен со шербети кои се продаваат како мед, купувачите да бидат внимателни

Views: 95 Природниот мед е многу корисен за здравјето на луѓето и поради неговите антивоспалителни својства и супресирачко дејство на кашлиците посебно е баран на пазарот во сезоната на респираторни инфекции.Но, пчеларите предупредуваат дека пазарот во земјава е преплавен со фалсифукуван мад. Разни сирупи и шербети се продаваат како мед, вели пчеларот Тони Јосифоски кој 25 години се занимава со пчеларство и одгледува над 230 пчелни семејства.„Охридскиот и струшкиот пазар , како и цела држава е полна со фалсификат мед. Единствена држава сме што медот, името мед не е законски...

Продолжи со читање

Хуманитарна театарска претстава за помош на настраданите во поплавите во Јабланица и Коњиц

Views: 71 Црвен крст Охрид во соработка со Здружението на поети за возрасни и деца-Кладањ, Босна и Херцеговина, а со поддршка на Општина Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, организира хуманитарна театарска претстава за деца од прво до шесто одделение, во која ќе настапуваат актери од Босна и Херцеговина.Средствата собрани од продажбата на влезниците, по цена од 150 денари, ќе бидат наменети за населението во реонот на Јабланица и Коњиц, кои претрпеа најмногу оштетувања во катастрофални поплави кои ја зафатија Босна и Херцеговина и кои однесоа преку 20 човечки животи, а...

Продолжи со читање

Прекин вода

Поради дефект на водоводната мрежа без вода корисниците на улица „Прилепска“

Views: 111 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Прилепска, вклучувајќи ги и сите споредни улици.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, информираат од претпријатието.

Продолжи со читање

Центар за култура

Објавен конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2024 год

Views: 99 НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид го распиша конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2024 година.Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 26. ноември 2024 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави...

Продолжи со читање

Сончево со умерена облачност и температура до 21 степен

Views: 58 Во Охрид денес прeтежно сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21 степен.Ќе продолжи периодот на појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. До средината на неделата ќе се задржи сончево преку денот и релативно топло за овој период од годината. Во среда ќе има преодна зголемена облачност проследена со појава на повремен дожд, а дневната температура малку ќе опадне, информираат од УХМР.foto: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање