Автор: инфодеск
Post Views: 283 Хуманитарна собирна акција „Слатка среќа“ под мотото „Направете магијата да стане реалност, бидете дел од среќата на едно дете“ организираат учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид.Собирната акција трае до 26-ти декември, а кутиите за донации се поставени на влезот од охриската гимназија.Слатка среќа! Хуманитарна акција на младинската организација од нашата гимназија – напишаа од ОСУ „Св. Климент Охридски“ на официјалната фесбук страница.
Грст медали за учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ на натпревар по математика
Post Views: 337 Ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид на 13-ти декември учествуваа на меѓународниот натпревар по математика International Youth Math Challenge.Учениците од охридската гимназија ги освоија следните награди:• Ана Томоска – бронзен медалI година под менторство на професор Александра Томоска• Нина Стевоска- сребрен медал• Горазд Блажески – сребрен медалIII година под менторство на професор Александра Томоска• Кристијан Шишкоски – златен медал• Ева Китрозоска – златен медалОд IV година под менторство на професор Валентин Чачор
Кривична за уште еден охриѓанец поради узурпација на недвижности
Post Views: 267 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.М.(71) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”. Кривична за охриѓанец поради узурпација на недвижностиТој, неовластено, на плажа на брегот на Охридското езеро во туристичкиот комплекс „Св. Стефан”, зазел површина од околу 180 метри квадратни што со закон е определена како површина за општа употреба и противправно без одобрение издадено од надлежен орган од општина Охрид, поставил лежалки и чадори за сонце – се вели во соопштението на СВР...
Охриѓанец фатен со рибарска мрежа и незаконски уловена риба
Post Views: 661 На 21.12.2022 околу 17:30 часот, кај каналот „Студенчишта” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид при незаконит риболов со рибарска мрежа го затекнаа Б.О.(35) од Охрид.Притоа, пронајдена и одземена е рибарска мрежа во должина од 20 метри и 120 парчиња уловена риба плашица. За настанот, запознаен е јавен обвинител и надлежниот инспекторат за водостопанство. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно Законот за рибарство и аквакултура – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Тренинг за врснички едукатори во Клубовите на млади при Црвен крст
Post Views: 285 Изминатиот викенд се одржа тренинг за врснички едукатори во Клубовите на млади при Црвен крст Охрид и Црвен крст Струга.На истиот, 18 млади од двете општински организации се запознаа со основите на врсничката едукација, имаа можност да ги извежбаат вештините кои се потребни за одржување на врсничка едукација како комуникација, презентациски и говорни вештини, фасилитаторство и кофасилитаторство и работа во тим, но и ги ставија своите знаења и способности на тест пред останатите со одржување на презентација на одредена тема – велат од Црвен крст...
Се чистат улиците Галичица, Лазо Трпоски и 8 септември
Post Views: 253 Генерално чистење на улиците „Галичица“, „Лазо Трпоски“ и „8-ми Септември“Деновиве екипите на јавна хигиена спроведуваат активности за темелно чистење на тротоарите од улиците „Галичица“, „Лазо Трповски“ и „8-ми септември“. Се отстранува ниската дива вегетација од тротоарите, се чистат граничниците и се подига расфрланиот ситен комунален отпад – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Денес се слави зачнувањето на Света Ана
Post Views: 417 Според православниот календар на 22 декември Црквата ги слави светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог.Уште попрецизно, Црквата се сеќава со радост на зачнувањето на онаа што подоцна ќе ја слават сите родови како Богородица. Во таа смисла, светите Јоаким и Ана. Црквата ги нарекува богоотци.Денешниот ден е празник на чуда за сите жени, особено за оние кои имаат мали деца или сакаат да добијат. Денес, според обичаите, жените не треба да работат ништо, а пак женитек ои имаат...
Столбови за ограничување на бул. Македонски Просветители
Post Views: 514 Во рамки на активностите за реконструкција на бул. „Македонски Просветители“ утрово екипи на Охридските јавни претпријатија поставуваат столбови за ограничување и друга урбана опрема по должината на улицата со цел побезбедно сообраќање и движење на пешаците.Активностите за реконструкција на улицата започнаа минатата година. Согласно проектот на улицата има комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас.
Започнаа Денови на кариера во Касарна Хаб
Post Views: 347 Започнаа Денови на кариера во просториите на Касарна ХАБ Охрид. Најголемите и најуспешни ИТ компании од Македонија на свои штандови денеска и утре во Касарна ХАБ ги презентираат моделите на работа, споделувајќи дел од своите искуства, ќе понудат работни позиции за младите од југозападниот регион.Заинтересираните млади лица на настанот имаат можност за остварување директни интервјуа за вработување во ИТ секторот. Владимир Дукоски, дипломец на Факултетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид детално се запознал со условите кои ги нудат овие компании, вели дека му се...
Денеска почнува зимата
Post Views: 286 На денот на почетокот на зимата (денеска), денот е најкраток, а ноќта најдолга. Вечерва во 22 часот и 48 минути календарски почнува зимата во земјава и земјите од северната хемисфера на Земјината полутопка. Паралелно на јужната хемисфера стартува летото.На првиот зимски ден, според најавите, не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.Зимата ќе трае 88 дена, односно до 20 март 2023 година.
Нов Дневен центар за деца со посебни потреби во Струга
Post Views: 697 Струга доби нов Дневен центар за децата со посебни потреби. Овие лица, конечно добија пристојно катче за згрижување, едукација и нега. Во објектот ќе бидат сместени 20-тина деца, за кои ќе се грижат три воспитувачки и психолог.Иницијативата е на стружанецот Ергин Борово, кој живее во Холандија, а пред две години го преплива Охридското езеро за оваа благородна мисија. Проектот се реализира со меѓународни донации, поддршка од општината и волонтери.Имаме спонзори од дијаспора, од Холандија и се трудиме сега да имаме што повеќе финансиски средства за да...
Исчистена дивата депонија во Лешани
Post Views: 383 Исчистена дивата депонија во село Лешани, на патот за Српница.Уште еднаш апел до граѓаните да се воздржат од загадување на природната и животната средина – напиша градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.Преку програмата за јавни работи продолжува средувањето на крајпатната вегетација на општинските патишта.ЈПКД Дебрца покрај низата активности изврши и чистење на реката Гумнелица во Велмеј во централното подрачје.