Skip to main content

Автор: инфодеск

Литературна манифестација во чест на Тоде Илиевски

Post Views: 78 Литературната манифестација во чест на Тоде Илиевски, охридски поет, есеист, книжевен критичар, енигматичар и шаховски проблематист, ќе се одржи на 7 март 2026 година (сабота) во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11:00 часот.Настанот е дел од Програмата за култура на Општина Охрид, а во рамки на манифестацијата ќе бидат прогласени победниците од Конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „ТОДЕ“.Организаторите истакнуваат дека манифестацијата има за цел да му оддаде достојна почит на Тоде Илиевски, автор кој остави значајна трага во...

Продолжи со читање

Укината забраната за пиење на водата во Долно Лакочереј, но не и во Горно Лакочереј

Post Views: 58 ЈП Водовод Охрид ги известува жителите на с.Долно Лакочереј дека по извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид и добиените резултати се укинува забраната за пиење на водата.Во с.Горно Лакочереј сеуште е во сила забраната за пиење на водата, до следно известување, посочуваат од претпријатието.

Продолжи со читање

Преподобен Тимотеј во Символи

Post Views: 42 Пустиник на местото наречено Символи, на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и сè до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А бидејќи на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, му даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа, Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет човек се упокои во 795 година.

Продолжи со читање

Сончево и релативно топло време

Post Views: 40 Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Денешните температури ќе бидат од минимални 2, до максимални 13 степени Целзиусови.Од УХМР инфомрираат дека и утре ќе преовладува претежно сончево време, а недела и понеделник ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд и пониска дневна температура. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

Продолжи со читање

Охридските гимназијалци победија на хакатонот на ФЕИТ

Post Views: 160 Втоникот во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, се одржа вториот ден од хакатонот, а учествуваа учениците Дарио Павлески, Елена Стојоска и Илија Волканоски, предводени од нивниот ментор Елизабета Левеска. Како што информираат од охридската гимназија, тимот активно се вклучил во сите предвидени активности, покажувајќи висок степен на ангажираност, тимска работа и техничка подготвеност.Работниот предизвик бил започната веб-страница составена од фајлови во HTML, CSS и JavaScript, да ја доработат и функционално да ја...

Продолжи со читање

Оглас за јавно излагање на Проектната програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 7.39, ГП 7.40, ГП 7.40.1 и ГП 7.41, КО Охрид 2 од ДУП за УЗ 10 и 11, УБ 10.4 и 11.1, Влашка Маала и Градинар

Post Views: 61 Врз основа на член 63 став (11) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), Општина Охрид објавува ЈАВНО ИЗЛАГАЊЕ на Проектната програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 7.39, ГП 7.40, ГП 7.40.1 и ГП 7.41, КО Охрид 2 од ДУП за УЗ 10 и 11, УБ 10.4 и 11.1, Влашка Маала и Градинар, Општина Охрид со тех. бр. 44/2025 од февруари 2026 год.Повеќе информации на линкот.ЈАВНОТО ИЗЛАГАЊЕ на Проектната програма за изработка на Урбанистички проект со план за...

Продолжи со читање

Аудито на Mерко на аукција со почетна цена од 21.800 евра

Post Views: 91 Општина Струга на аукција ќе го продава автомобилот Ауди А6 на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко по почетна цена од 1.344.636 денари (21.800 евра). Проценката за вредноста на автомобилот ја дал овластен експерт, а наддавањето ќе се одржи електронски на 16 март.На 16.03.2026 година, со почеток во 10:00 часот, на интернет страницата e-stvari.mk, ќе се одржи аукција за продажба на возилото, автомобил тип Audi, модел A6, објавија од општината.„Конечно, многу коментираниот автомобил на поранешниот градоначалник на Општина Струга ќе им се врати на граѓаните...

Продолжи со читање

Утре подигнување на отпад од кантите за селекција

Post Views: 58 Согласно Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП„Охридски Kомуналец” ги потсетува корисниците на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми Март” дека на ден 06.03.2026 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција.-Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад како и правилата за одлагање само пластика и картон/хартија во...

Продолжи со читање

Да донираме за Ева

Post Views: 96 10 годишната Ева од Охрид храбро се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман. Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри. Времето и дејствувањето се критични.Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија.Се апелира до сите хумани граѓани доколку се во можност, да донираат средства за помош на Ева.Сите хумани...

Продолжи со читање

АХВ ќе ги интензивира контролите на месни производи од Србија, Косово и Црна Гора

Post Views: 76 Агенцијата за храна и ветеринарство во наредниот период ќе изврши интензивирање на контроли на месни производи по потекло од одредени ЦЕФТА земји (Србија, Косово, Црна Гора) во насока на испитување зголемено присуство на адитиви во храната односно фосфати, сорбати и бензоати. Засилените контроли ќе се воспостават во период од 1 март до 1 април 2026 година, а со можност за скратување односно продолжување на рокот во зависност од добиените резултати. Известувањето е доставено до бизнис заедницата особено на производителите и увозниците на месни производи со цел...

Продолжи со читање

Васка Костојчиноска од Вевчани го отвори првиот приватен логопедски кабинет во Струга

Post Views: 130 Првиот изговорен збор на едно дете може да значи повеќе од илјада реченици. Токму зад тие мали, но големи победи стои Васка Костојчиноска од Вевчани – клинички логопед која својата љубов кон децата ја претвори во животна мисија.Преку програмата за самовработување го отвори првиот приватен логопедски кабинет во Струга.„Во моите средношколски денови сфатив дека работата со деца е она што навистина ме исполнува и дека тоа ќе биде мојот професионален пат. Кога дојде време за запишување на факултет, бев сигурна дека логопедијата е мојот избор. Една детска...

Продолжи со читање

Неизвесно е враќањето на полските тур оператори за летната сезона 2026

Post Views: 60 Се наближува летната туристичка сезона, но се уште е  неизвесно  враќањето на полските тур-оператори, кои лани се откажаа од Охрид. Тие долги години носеа илјадници туристи со чартер-летови, кои директно придонесуваа за хотелскиот сектор и локалната економија. Со отворањето на новите редовни линии од европски градови, прашањето за чартерите останува се уште неизвесно.Туристичкиот сектор предупредува дека без чартер-линиите сезоната може да биде под ризик.„Еден од најважните столбови во туризмот и за опстојување на сезоната и...

Продолжи со читање