Skip to main content

Автор: инфодеск

Close-up of a person's hand turning a chrome faucet handle in a modern bathroom setting.

Прекин на водоснабдувањето на корисниците од улицата ,,Дејан Војвода”

Views: 81 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 16:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улицата ,,Дејан Војвода”, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.Екипи на јавното претпријатие се на терен до целосно завршување на санацијата.

Продолжи со читање

За првпат изработена национална стратегија за заштита на јагулата

Views: 130 За првпат е изработена Национална стратегија за управување со јагулата, критично загрозен вид кој го населува Охридското Езеро, а чиј природен пат кон морето е попречен со изградбата на хидроцентралите на Црн Дрим. Документот предвидува конкретни мерки за заштита на јагулата, меѓу кои и асистиран транспорт на возрасните единки за да можат безбедно да ја продолжат миграцијата кон Саргасовото Море. Планот предвидува и активности за враќање подмладок во Охридското Езеро, а неговото спроведување ќе го поддржува Хидробиолошкиот институт во Охрид.„Предвидуваме пуштање на...

Продолжи со читање

Свр охрид

Кривична пријава против охриѓанец кај когo биле пронајдени пиштол и 25 куршуми

Views: 121 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол „Црвена застава“, калибар 7,65 милиметри, како и 25 куршуми од различен калибар.

Продолжи со читање

Утре акција за собирање текстилен отпад

Views: 94 ЈП Охридски Комуналец овој петок ќе реализира акција за собирање на текстилен отпад. Граѓаните старата облека ќе имаат можност уредно да ја одложат во контејнерите на Тексомак коишто се поставени неколку локации (до влезот од Охридски Комуналец-Механизација, дворовите на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, ОУ „Св. Наум Охридски“- Пештани.)Од „Охридски Комуналец“ упатуваат апел до граѓаните текстилниот отпад да го одложуваат исклучиво на предвидените места. Одлагањето на текстилен отпад во дворовите...

Продолжи со читање

Општина Охрид распиша конкурс за детскиот поетски фестивал „Поетски искри“ – Охрид 2026

Views: 94 Општина Охрид распиша конкурс за учество на детскиот поетски фестивал „Поетски искри“ – Охрид 2026, во рамки на програмските активности од областа на културата, насочени кон поттикнување, развој и афирмација на творештвото кај децата и младите.Овогодинешниот конкурс е на тема „Охрид и Македонија“, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Република Македонија.Поетските творби треба да бидат инспирирани од Охрид и Македонија – нивната историја, култура, традиција, природно и духовно наследство, македонскиот јазик, татковината, Охридското Езеро,...

Продолжи со читање

Јавна презентација и расправа за Стратегиската оцена на влијанието врз животната средина за урбан блок15.5

Views: 100 Општина Охрид ја информира јавноста дека на јавен увид е ставен Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Измената и дополнувањето на Генералниот урбанистички план за Урбана заедница 15, урбан блок 15.5, и Деталниот урбанистички план за Урбана заедница 15, урбан блок 15.5 – опфат 2, во обединета постапка.Нацрт-извештајот ќе биде достапен за увид во Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при Општина Охрид, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот, во периодот од 27 октомври до 26...

Продолжи со читање

Денес се слави Светиот маченик Лонгин

Views: 83 Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници поверува во Христа. Тој беше старешина на војниците што присуствуваа на распнувањето на Господ на Голгота и старешина на стражата што го чуваше гробот. Кога еврејските старешини дознаа за Христовото воскресение, ги потплатуваа војниците да разгласуваат лажна...

Продолжи со читање

Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Views: 80 Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.Денес во Охрид температурите од 3 до 15 степени Целзиусови.

Продолжи со читање