Skip to main content

Автор: инфодеск

Повредени четири лица во сообраќајка на „15-ти Корпус“

Post Views: 174 На 28.07.2025 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 32 годишно лице од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 51 годишно лице од с.Лескоец, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „пежо“, 62 и 30 годишно лице од с.Лескоец, охридско, додека со телесни повреди двајцата возачи, констатирани во Специјалната болница...

Продолжи со читање

ЈП Охридски Комуналец: Реализирана акција за генерално чистење и миење на охридската чаршија

Post Views: 195 Од ЈП ОХридски Комуналец информираат дека денес беше реализирана акција за генерално чистење и миење на охридската чаршија.Во нивното соопштение додаваат дека беше извршено темелно рачно чистење од тврдокорни наслаги и нечистотии со употреба на специјално средство за отстранување на истите, а потоа се реализира и машинско миење на чаршијата.-Одржувањето на хигиената на најфреквентната пешачка зона во градот е од највисок приоритет за оперативните служби, велат од Охридски Комуналец.

Продолжи со читање

„Мозаична мапа на градот Охрид и Лихнид“ поставена кај „Долна порта“ од охридскиот мозаичар Никола Упевче

Post Views: 159 Во пресрет на големиот празник Илинден, охридскиот мозаичар и конзерватор Никола Упевче ја постави „Мозаична мапа на градот Охрид и Лихнид“, на плоштадот кај „Долна Порта“.Никола Упевче е академски сликар, конзерватор и реставратор, а се изразува во сликарската техника мозаик. Првиот мозаик, наречен „Желка“, Упевче го изработил во 1999 година. Покрај тоа што изработува мозаици, исто така е посветен и на реставрација на истите. Автор е на сводниот мозаик поставен над јужниот влез во олтарот од црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско изработен...

Продолжи со читање

Светиот свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија

Post Views: 104 Живееше во еден манастир близу градот со десетмина ученици. Во времето на Диоклецијан во Севастија дојде Филомарх, лут мачител на христијаните. Испофаќа и уби мнозина христијани од градот. Кога Филомарх ги виде Атиноген и неговите ученици, му рече на старецот да им принесат жртви на идолите за да не загинат како што пострадаа другите христијани. Атиноген му одговори: „О мачителу, тие што ги нарекуваш загинати не се загинати, туку на небото ликуваат со ангелите.“ Се памети трогателна глетка со една срна, којашто порано се хранеше од рацете на Атиноген, кога го...

Продолжи со читање

Променливо облачно и посвежо време

Post Views: 100 Променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.Во Охрид минималните температури од 16, а максималните до 29 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека до четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието...

Продолжи со читање

Опожарена сува трева и житни култури во Горно Лакочереј

Post Views: 124 ТППЕ Охрид денеска интервенираше во селото Горно Лакочереј, каде беше опожарена сува трева и житни култури.– Апел до жителите да не вршат потпалувања на стрништа, капини, сува трева. Палењето е строго забрането и казниво по закон, порачуваат од охридската противпожарна територијална единица.Испраќаат апел и до надлежните институции соодветно да ги санкционираат сторителите кои предизвикуваат општа опасност.

Продолжи со читање

Македонско знаме

Низа манифестации во Охрид по повод 2 август – Денот на Републиката

Post Views: 221 Општина Охрид со свечена програма ќе го одбележи 2 август – Денот на Републиката. Настаните се и во чест на трите големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.Чествувањата започнуваат четврток, 31 јули, во 19:30 часот во Лапидариумот кај Спомен куќата на Робевци со изложбата „Македонија во светот на хералдиката“. Предвидени се обраќања на претставник од Општина Охрид, Иван Нацевски, потпретседател на Македонско грбословно друштво, академик Љупчо Коцарев,...

Продолжи со читање

Од вечерва поевтинуваат горивата

Post Views: 161 Регулаторната комисија за енергетика сооптши дека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалуваат за 1,00 денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува за половина денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,746 ден/кг.Новите цени се следните:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра...

Продолжи со читање

Кривична за две лица од Велешта: упатиле закани кон пратеник во Собранието од Струга

Post Views: 293 СВР Тетово поднесе кривична пријава против 35 и 33 годишно лице, двајцата од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.– На 18-ти мај 2025 година, преку апликација на социјална мрежа, пријавените упатиле закани кон 42 годишен пратеник од Струга, пратеник во Собранието на Република Македонија, информираат од МВР. 

Продолжи со читање

Поради најавите за невреме променета локацијата за концертот на Дамјан Пејчиноски

Post Views: 127 Поради најавите за лошите временски услови во наредните денови проследени со краткотрајни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер концертот на Дамјан Пејчиноски, кој е на 31 јули  во рамките на музичкиот дел од програмата на „Охридско лето”, наместо во Предворјето на „Света Софија” ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев” со почеток во 21:00 часот.Познатиот македонски гитарист Дамјан Пејчиноски ќе настапи заедно со бендот Дејан Милосављевиќ – ударни инструменти, Зоран Јасгоридовски – перкусии, Горан Гешовски –...

Продолжи со читање

Дуото Емир Имеров на виолина и Ваг Папијан на пијано вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 117 На сцената на „Охридско лето“ вечерва е предвиден концерт на уметниците Емир Имеров од Македонија на виолина и Ваг Папиан од Израел на пијано.Емир Имеров е роден во Скопје, а живее во Германија од 1991 година. Студира на Музичката академија во Вурцбург со професорот Г. Жислин во чија класа дипломира во 2000 година. За време на студиите освојува прва награда на натпреварот „Ф. Менделсон“ и добива двегодишна стипендија. Долг период настапува со квартетот „Виртуози на Санкт Петербург“ на турнеи во САД, Австралија, поранешен СССР и Германија. Во 1998 година со...

Продолжи со читање

Чанаќевиќ: „Охридско лето“ за нас музичарите во Македонија е врвот на кариерата

Post Views: 121 Камерниот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вчеравечер се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. Извонредните уметници, флејтистката Елена Дојчинова, Маја Чанаќевиќ која свири на англиски рог, кларинетистот Здравко Ангелов, Сашо Темелковски на бас-кларинет и  Дарко Илиевски на хармоника кои се и професионални музичари во Македонската филхармонија, ја збогатија фестивалската програма на класична музика со дела напишани од македонски композитори.Концертната вечер започна со „Минијатури“ од Благој Цанев, припадник на четвртата генерација...

Продолжи со читање