Skip to main content

Автор: инфодеск

Охриѓанец пронајден мртов во каналот Студенчишта

Post Views: 380 Денеска (17.12.2022) во 07:38 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта” во Охрид бил пронајден починат Д.Р.(76) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Ништо не им бега на охриѓани

Post Views: 592 Наш сограѓанин ни ја испрати фотографијата, со коментар :„Можеби се истите што ги пишувале учебниците“, алудирајќи на многуте грешки кои секојдевно се откриваат во новите учебници.Во новите учебници, кои учениците ги добиваат изминатов период, иако првото полугодие е при крај, има повеќе грешки, како на пример дека Македонија на исток се граничи со Албанија, а на запад и со Бугарија, како и дека врвот Монт Еверест е висок 29.305 метри, а не 8.849 метри.Повеќе на следниот линк

Продолжи со читање

Презентација и дегустација на локална храна во ФТУ

Post Views: 235 Во четврток на 22-ри декември со почеток во 12 часот, Slow Food Ohrid во соработка со Факултетот за туризам од Охрид и на покана од Општина Охрид, организира презентација и дегустација на локална храна приготвена од членовите на здружението во холот на ФТУ.Настанот ќе го отвори градоначалникот Пецаков, а Слоу Фуд ќе има кратка презентација за значењето на локалната храна. Потоа во холот ќе бидат презентирани сите локални производители со готвење во живо пред присутните – информираат од Слоу Фуд.Оваа активност е дел од проектот „Купувај локално“...

Продолжи со читање

Ер Србија од 5 јуни ќе лета за Охрид

Post Views: 236 Во текот на летната сезона во 2023 година, „Ер Србија“ ќе лета до Охрид и 22 нови дестинации до кои не леташе во летната сезона годинава, јави дописникот на МИА од Белград.Од 4 јуни следната година националната авиокомпанија ќе почне да лета за Краков, а само еден ден подоцна, на 5 јуни 2023 година, за Охрид и Варна. Авиобилетите за овие нови дестинации се веќе пуштени во продажба. Билетите за Охрид се достапни по цена почнувајќи од 49 евра. Ер Србија ќе лета четири пати неделно до новите дестинации во Полска, Бугарија и Северна Македонија – соопштија...

Продолжи со читање

Донесен буџетот на Општина Дебрца за 2023

Post Views: 223 На денешната 15-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 7 (седум) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2023 година и Годишните развојни програми на општината за 2023 година.На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2023 година.Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2023 година е проектиран на износ од 113.000.000 денари.Основната цел на буџетот е да ги намали...

Продолжи со читање

Обука за прва помош во Црвен крст Охрид

Post Views: 315 Во текот на изминатиот викенд се одржа обука за основите на првата помош во Клубот на млади во Црвен крст Охрид.Истата ја одржа демонстраторот и тренер по прва помош Георги Ставрески, на која се обучија 30 млади, сега дел од тимот на прва помош на Црвен крст Охрид на активностите кои следат.Младите се обучија како да укажат основна прва помош и да препознаат за каква повреда се работи : СБО, крварење, изгореници и смрзнатини, скршеници, како и некои специфични повреди. Дополнително во склоп на обуката се одржаа и работилници за укажување прва...

Продолжи со читање

Денес се слави Света великомаченичка Варвара

Post Views: 233 Таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто на млади години му се посвети на Христа, се викаше Диоскор и беше познат според положбата и богатството во градот Илиопол Египетски, а во верата беше незнабожец. Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затвори во висока кула, ја опкружи со секакви удобности, ѝ даде слугинки да ја служат, ѝ постави идоли за поклонување, ѝ изгради бања со два прозорци.Гледајќи ги низ прозорецот земјата долу и ѕвезденото небо во висините, на Варвара ѝ се отвори умот со Божествената благодат, па Го...

Продолжи со читање

Се асфалтира улицата Радојца Новичиќ

Post Views: 408 Започна асфалтирањето на улицата ,,Радојца Новичиќ”.На улицата беше поставена нова атмосферска канализација и се изврши спуштање под земја на каблите од електричните водови и операторите. Покрај тоа се уреди и речното корито на реката Сушица. Вредноста на проектот изнесува околу 6 800 000 денари – информираше градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Утре потопло време и дожд, од недела заладување

Post Views: 273 Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.Во наредните денови следува период на стабилно и посвежо време. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.

Продолжи со читање

Урбана уметност во Охрид

Post Views: 260 Со поддршка на Општина Охрид, а во организација на Младинскиот локален совет и  Културолошката иницијатива „5 до 12“ се реализира проектот „Урбана уметност”. Во рамки на активностите изработен е мурал, на ѕидовите на спортската сала од ОСУ „Св. Климент Охридски“.Автори на муралот се професорите Жанета Стаиќ, Филип Гугоски и Михаил Јанески. Проектот „Урбана уметност“ е дел од Програмата за млади и невладини организации на Општина Охрид за 2022 година.

Продолжи со читање

Инфлацијата го јаде оброкот при народните кујни

Post Views: 374 Инфлацијата го јаде оброкот што државата преку народните кујни го дава на ранливите категории граѓани. Зголемувањето на цените на прехрамбените производи годинава имаат големо влијание и претставуваат проблем во работата на Нардоната кујна во Охрид. Кујната работи во рамки на Студентскиот дом и приготвува околу 80 оброци на дневно ниво наменета за социјални случаи од Охрид. Жарко Куциноски, директорот на Студентскиот дом, вели дека треба да се преземат мерки со кои би се нивелирал соодносот на дотацијата која ја добиваат за порција со цената на потребните...

Продолжи со читање

Условна казна затвор за напаѓачот на екипата на ТВ 24

Post Views: 246 67-годишниот скопјанец Милчо Пенов е осуден на условна казна затвор за физичкиот напад на новинарска екипа на ТВ 24 што се случи кон средината на минатиот месец во населбата Пржино.Тој доби условна казна затвор со заштитен надзор доколку во наредните три години не направи ново кривично дело, односно осудениот Пенов ќе треба да оди една година на рехабилитација поради нарушено психичко здравје.Насилството за кое е осуден скопјанецот се случи на 14 ноември. Тој тогаш првин вербално, а потоа и физички, со тупаници го нападна снимателот на ТВ 24, Љубиша...

Продолжи со читање