Skip to main content

Автор: инфодеск

Се трага по 60 годишен стружанец кој исчезнал во реонот на село Брчево

Views: 67 Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне во 18:38ч. оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС) бил алармиран од МВР секторот за потраги по исчезнати лица, дека во реонот на село Брчево, исчезнат е жител на Струга (60 годишна возраст), со потекло од селото, кој претходниот ден се упатил да собира шумски плодови и се до 16.30ч. (според соседите од селото) не се вратил во својата викенд куќа.Три члена екипа од ПСС при Црвен крст Охрид и водич на куче за пребарување од здружението „Куче Спасител“ од Охрид, во координација со Струшката полиција, од утрово се на...

Продолжи со читање

Кабаст отпад

Во петок акција за подигање кабаст отпад У.З.14 Радојца Новичиќ

Views: 86 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 25.10.2024 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.14 Радојца Новичиќ.Од претпријатието апелираат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 25.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или...

Продолжи со читање

УИНТ Св. Апостол Павле

Универзитетот Св. Апостол Павле слави патронат и 15-годишен јубилеј

Views: 59 Денес, 22 октомври 2024 година, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе ја одбележи 15-годишнина од своето основање, истовремено одбележувајќи го Патрониот ден на Универзитетот.Настанот ќе се одржи во 12.00 часот, во амфитеатарот на Универзитетот, каде што ќе се прослават достигнувањата на оваа високо-образовна и научна институција. Настанот ќе собере видни гости, професори и студенти, кои заедно ќе го одбележат овој важен јубилеј на Универзитетот.

Продолжи со читање

Во петок театарска претстава „Кумови“ хуманитарно за нашата сограѓанка Бојана Танеска

Views: 72 Театарска претстава “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ репризно на репертоарот на 25.10.2024 (петок) од 20:00 часот. Парите од влезниците ќе бидат донирани за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска со желба за брзо и успешно опоравување!!!Режијата е на Билге Емин, а играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Превод и драматургија: Кристина Тодороска Петреска. За сценографија е задолжена Татјана Христоска Бажевска, а за костимографија Марија Пупуческа.Претставата започнува во 20.00...

Продолжи со читање

Климент Мостро повторно на врвот

Views: 74 Викендов на стрелиштето Бејбунар во Охрид се одржа третиот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма, на кој учество зедоа 50-тина стрелци.Кај нашите стрелци во дисциплината возудушен пиштол – јуниори, најуспешен беше младиот Климент Мостро од ЖСК„ Лихнидос”, кој со резултат од 539 круга се пласира на првата позиција. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК ,,Охрид’’ се пласира на втората позиција со резултат од 530 кругови. Голем резултатски скок за младиот Никола Тодороски од СК ,,Охрид“ во однос на претходниот Куп за цели 22 кругови, со што си обезбеди...

Продолжи со читање

Охридските занаетчии го изработуваат најпрефинетиот филигран на Балканот

Views: 164 Во Охрид се изработува најпрефинетиот филигран на Балканот со плетење на најтенки нишки од сребро. Еден од ретките занаетчии кои ја продолжуваат оваа традиција на изработка на накит е Митко Укоески. Тој работи во охридската чаршија во дуќанот на најпознатиот кујунџија Вангел Деребан. Наследството од врвни изработки што го оставил зад себе големиот мајстор претставува мотив и предизвик за Укоески.„Голем предизвик е да се работи во дуќанот на Вангел Деребан затоа што тој бил еден од најголемите мајстори на Балканот. Сега со секој наш изработен производ мораме да внимаваме...

Продолжи со читање

Точење на гориво

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат горивата

Views: 81 Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензините се намалува за еден денар за литар, додека дизел горивата поевтинуваат за два денари.Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 77 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 79 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 68,5 денари за литар.Цената на екстралесното масло за домаќинство исто така за намалува за 2,5 денари и ќе се продава по 68 денари. Се намалува и цената на мазутот, кој од утре ќе се продава по цена од 42,6 денари по килограм.

Продолжи со читање

23 октомври е неработен ден за сите граѓани

Views: 68 Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека 23 октомври 2024 (среда), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани.Денот на Македонската револуционерна борба се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници.На 23 октомври во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска револуционерна организација (ВМОРО), со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.Foto: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање