Skip to main content

Автор: инфодеск

Балканските кружни тури и убавото сончево време ја продолжија сeзоната

Views: 63 Конгресниот туризам за продолжува сезоната на брегот на Охридското Езеро. Овој период од годината најбројни се гостите од земјите во регионот Србија, Албанија и Грција, кои најчесто доаѓаат за викенди, како и големиот број групи кои што се дел од кружните тури на Балканот.Според хотелиерите и во есенскиот период се бележи солидна исполнетост голем број туристи има и во рамки на конгресниот туризам.– Тука може да се каже дека има едно зголемување, зголемен е бројот на гости. Доаѓаат и голем број странци за овој период на тие конгреси и тоа е еден добар показател...

Продолжи со читање

Стружанец по 19 години со договор на дело, остана без работа

Views: 86 Стружанец   19 години договорец, остана без работа. Димче Димоски дипломирал,  бил  стипендист на државата,  како  дефицитарен кадар во 2005 година. Речиси една деценија со договор на дело,  работел во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија,  неколку години работел  приватно, а последните две бил ангажиран   во Специјалната болница за нефрологија.Новиот директор пред еден месец без никакво објаснување му го раскинал договорот.„Барам објаснување од...

Продолжи со читање

Денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип

Views: 65 Денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип. Право на бесплатна вакцина имаат ризичните групи како повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.Според надлежните, досега на интернет-страницата вакцинација.мк се пријавиле 33 000 граѓани.Вакцинацијата ќе се спроведува на 36 локации низ целата земја, а пријавените ќе добијат СМС порака со...

Продолжи со читање

Струја

Утре без струја Вевчани, Октиси и Белица

Views: 74 Поради интервенции во електричната мрежа утре до 14 часот без струја ќе бидат неколку населени места во струшко.Ве известуваме дека на ден 22.10.2024 година ( Вторник ), во периодот од 09:00 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат Вевчани, с. Октиси и с. Горна Белица, информира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.

Продолжи со читање

Прeтежно сончево време со температура до 18 степени

Views: 53 Во Охрид денес прeтежно сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.Следува период на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност, информираат од УХМР.foto: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 2, УБ 12.3 опфат 3, Општина Охрид

Views: 95 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05 ,81/05 ,24/07 ,159/08 ,48/10 ,124/10 ,51/11 ,123/12, 93/13 ,42/14 ,44/15 , 129/15 , 39/16  , 99/18 ,89/22 и 171/22 ) ,Општина Охрид , на ден 16.10.2024 година , донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 2, УБ 12.3 опфат 3, Општина Охрид.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид го одбележа Европскиот ден на борба против трговијата со луѓе

Views: 76 Секоја година на 18 октомври на национално ниво се одбележува Европскиот ден на борба против трговија со луѓе.По тој повод, на 18.10.2024, Црвен крст Охрид организираше информативно едукативна работилница за превенција на трговија со луѓе во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, која беше спроведена од страна на врснички едукатори за трговија со луѓе – Теона Талевска и Лија Камбер .-Учесниците на оваа едукативна работилница имаа можност подобро да се запознаат со видовите на трговија на луѓе како и нивната превенција, информираат од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање

Свр охрид

Приведен австриец кој во алкохолизирана состојба агресивно се однесувал кон случајните минувачи и полицајци

Views: 66 На 18.10.2024 година во 03 часот, на кеј „Македонија” во Охрид, приведен е 49 годишен државјанин на Република Австрија. Тој, во видно алкохолизирана состојба, дрско и непристојно се однесувал кон случајните минувачи а потоа и агресивно кон полициските службеници кои, пристигнале на местото и преземале службени дејствија. Против него е поднесена пријава по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, се вели во соопштението од СВР Охрид.

Продолжи со читање