Автор: инфодеск
Post Views: 255 Под мотото „Подари СРЕЌА, за среќна НОВА”, родителите во соработка со училиштето спроведоа заедничко декорирање и украсување на централниот објект и на подрачното училиште во Рача.Училиштето наликува на вистинска празнична бајка благодарение на иницијативата на Советот на родители и успешната соработка на Советот со раководството на училиштето и наставничкиот кадар и ангажираноста на родителите. И сето тоа како подарок за поубава и посреќна НОВА година на децата, на кои училиштето им е втор дом. Сакаме ваквиот наш ангажман да премине во...
Пронајдени куршуми во домот на охриѓанец
Post Views: 262 СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(54) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле 17 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Хуманитарна акција, топли оброци
Post Views: 279 Повеќе од 80 топли оброци ќе припремат учениците од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ наменети за социјално ранливи граѓани од Охрид. Иницијативата е на ученичката заедница од ова училиште а ќе се реализира како заедничка хуманитарна акција со волонтери од Црвениот Крст Охрид во рамки на месецот на дарување „ Радосен декември“. „Уште еднаш сакам да повторам што оваа акција е на иницијатива на учениците кои што преку ученичката заедница сакаа да им се помогне на овие ранливи категории. Оброците ќе содржат комплетен топол оброк со десерт ќе...
Двајца охриѓани нападнале полицајци
Post Views: 237 На 14.12.2022 во 15:35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Ќ.Ѓ.(69) и Ј.Ѓ.(37), двајцата од Охрид, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.Тие беа задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Канцеларија за заштита на потрошувачите во Охрид
Post Views: 301 Денеска беа промовирани активностите на локалниот Совет за заштита на потрошувачи и Канцеларијата за заштита на потрошувачите во Општина Охрид. Канцеларијата ќе обезбедува помош, едукација и советување на граѓаните. Истата ќе дава и консултантска поддршка на Локалниот совет на потрошувачи и следење на состојбите на локалниот пазар од интерес на потрошувачите и информирање за истите, кажа денеска на прес конференција претседателот на Локалниот советот за заштита на потрошувачи, Вангел Спироски.Ги повикувам потрошувачите доколку имаат некој...
Ќе се реконструира центарот за кардиологија во Охрид
Post Views: 309 Реконструкција на центарот за кардиологија во Охрид е предвидено со проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – Фаза 2”.Договорот за финансирање на овој и уште 6 други проекти за развој на планските региони во Македонија го потпишаа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и швајцарската амбасадорка во земјава, Вероник Улман.Вкупната вредност на проектите за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој е 2.3 милиони швајцарски франци за седум плански региони. Министерството за локална самоуправа обезбедува 54% од...
Четири години од смртта на градоначалникот Јован Стојаноски
Post Views: 294 „Беше човек ЕДНАКОВ за сите. Слава ти градоначалник, Остави дела за паметење“, вака денес неговите сопартијци од СДСМ Охрид и пријателите се присетуваат на градоначалникот Јован Стојаноски, кој на 15 декември 2018 година ненадејно почина.Статус на социјалната мрежа објави и неговата сопруга, Надица Стојаноска.Четири години, а се уште се надевам дека ќе се вратиш од некое патување. Вечна слава и мирно небо – напиша Стојаноска на својот фејсбук профил.Стојаноски беше универзитетски професор, почитуван, амбициозен, успешен и угледен граѓанин на...
Заврши санацијата на влезниот дел од училиштето во Оровник
Post Views: 247 Завршена е санацијата и адаптацијата на влезниот дел од училишната зграда во село Оровник.Продолжуваме да вложуваме во образовната инфраструктура во општина Дебрца. Се изврши санација на влезните скалила од училиштето, заградување и застаклување на терасата, нова влезна врата, монтажа на настрешница, бетонирање на тротоар, обработка на ѕидовите во заградениот простор и друго – информира градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.Вкупната вредност на работите изнесува 693.014 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на...
Денес промоција на книгата Во душата на немиот свет
Post Views: 218 Денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи промоција на романот за деца „Во душата на немиот свет“ од писателката и поетеса Даниела Илијоска.Книгата е во издание на Здружението за литература и други уметности „Креативна верига“, а финансирана од Министерството за култура. Водител на настанот е Јордан Коцевски, додека рецензент и промотор е Маја Мојсова. Воведен збор ќе има директорот на библиотеката, м-р Милчо Јованоски.Во рецензијата за книгата, меѓу другото, се вели: „Романот за деца „Во душата на немиот свет“ енергично пулсира,...
Изложба Пикасо можеби јас и Недела на шпански филм во Охрид
Post Views: 197 Како резултат на културната соработка помеѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија, во Охрид ќе се одржи изложба и проекција на циклус шпански филмови.Изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски ќе биде отворена на 20.12.2022 (вторник) со почеток во 18:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“. Изложбата се организира по повод 140 годишнината од раѓањето на познатиот светски уметник Пабло Пикасо.Истата вечер со почеток во 19:00 часот во големата сала на центарот за култура...
Дел од Дебар Маало осветлен во чест на Горан Стефановски
Post Views: 245 Во чест на 70-годишнината од раѓањето на Горан Стефановски вчера беше осветлен и украсен делот околу неговиот споменик во Дебар Маало.Порака од неговиот последен есеј „Искрата што се измолкнува“, објавен во книгата „Идентитетот е приказна“, на македонски и во превод на сите јазици на Европската Унија е испишана на рачно изработените сувенири кои во празничниот период ќе го красат паркот во кој е спомен-обележјето „Клупата на Горан Стефановски“.Ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да нѐ осветли неговата „искра што се измолкнува“. За...
Активистите бараат стопирање на постапката за урбанизација на Мауцкер
Post Views: 230 Дваесеттина граѓански организации од земјава бараат да се стопира урбанизацијата и продажбата на Мауцкер. Според нив станува збор за вреден археолошки локалитет, каде се наоѓал античкиот град од римско време-познат како Хермелеја. Веднаш до него се наоѓа црквата „Св. Еразмо“ и уште постарата монументална базилика „Св. Еразмо“ која е една од најстарите цркви во Европа, датирана пред VI век.Во јавноста се погласни се реакциите дека земјиштето е од висока категорија и дека тоа веќе е заштитено со Закон за заштита на културното наследство. Активистите за заштита...