Автор: инфодеск
Views: 143 Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ Охрид денеска го одбележа патрониот празник. Годинава училишниот центар започнува една нова етапа во својот развој, односно патронатат го прославува во целосно реновиран објект.Денешната свеченост започна со положување на свежо цвеќе пред спомен обележјето на народниот херој од антифашистичката и ослободителна војна, Ванчо Питошески во училишниот двор.Директорот, Марјан Радески во своето обраќање истакна дека училишниот центар прерасна во модерна установа со услови што ќе ги стимулираат младите...
Во сабота на плоштад хуманитарна акција за помош на нашата сограѓанка Бојана
Views: 46 Црвен крст Охрид најавува уште една хуманитарна акција за помош на нашата сограѓанка Бојана. Овојпат во соработка со Орифлејм Македонија, Тим Татјана 421-Охрид, во сабота, 19 октомври 2024, на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, Охрид, во периодот од 11 до 13 ч. Ве покануваaт на дружење и забава, зачинета со хуманост.-Додека волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ве забавуваат промовирајќи дел од своите креативни програми, за сите хумани посетители кои, според своите можности, ќе донираат за лекувањето на Бојана, тимот на Oriflame, ќе врши бесплатен скрининг на тело на...
Рехабилитација на краци од улиците ” Дејан Војвода ” и “Македонски Просветители “
Views: 132 Во тек се градежни активности за изградба на фекална и атмосферска канализација на краци од улиците ” Дејан Војвода ” и “Македонски Просветители ” со нови приклучоци за сите објекти.Согласно проектот предвидено е да се изградат и нови тротоари со камени плочи, нови рабници и ќе се постави ново осветлување, информира градоначалникот Кирил Пецаков.После завршувањето на овие активности двете улици ќе се асфалтираат. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 14 милиони денари.
Во тек се градежни активности за уредување на коритото на реката „Грашница“
Views: 112 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков информира дека во тек се градежни активности за уредување на коритото на реката „Грашница“.Се работи за потегот на сливот во Охридското Езеро во населбата „Воска“, извршено е комплетно расчистување на теренот, бетонирање на подлогата и се врши поплочување на коритото со камени плочи, се додава во соопштението.Вредноста на проектот е 3.088 000 денари, а градежните активности ги реализира градежната фирма „Бокоп“ од Боровец.
Објавени добитниците на наградите од хуманитарната и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО”
Views: 72 Црвен крст – Охрид ги објави добитниците на наградите од хуманитарната и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО” .Наградите можат да се подигнат во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 9 до 15 часот заклучно со 30.11.2024 со приложување на добитниот учеснички број, велат организаторите.
Викендов не очекува променливо облачно време со сончеви периоди
Views: 67 Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер претежно од југоисточен правец.Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со услови за слаб локален дожд. Потоа следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 12 до 17 степени Целзиусови.
Јавен повик за финансирање на предлог – идеи од јавен интерес во областа на културата на Општина Охрид за 2025 година
Views: 65 Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРEДЛОГ – ИДЕИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2025 ГОДИНАПовеќе информации на линкот.
Поетот Славе Ѓорѓо Димоски добитник на државната награда „23 Октомври“
Views: 56 Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година на поетот Славе Ѓорѓо Димоски за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.Наградата ќе му биде врачена на добитникот во среда, на 23-ти октомври 2024 година, во 12:00 часот во Собранието на Република Македонија.








