Автор: инфодеск
Post Views: 345 Можно е оваа година да го задржиме летното сметање на времето кое требаше да заврши на 30 октомври годинава. Доколку го задржиме летното сметање на времето тоа би значело дека последниот викенд од октомври (ноќта од саботата кон неделата) нема да ги поместиме стрелките на часовникот за еден час наназад.Ваквата можност ја најави Владата по денешната седница.На денешната владина седница, задолжено е Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во...
Нивото на Охридско езеро во рамки на просекот
Post Views: 286 Три пати пониско од просекот за октомври е нивото на реката Брегалница кај Берово, покажува денешното хидролошко мерење на УХМР.Намалени водостои имаат и реката Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Струмица кај Ново Село, Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун.Според хиролошките мерења над просекот за октомври е нивото на Брегалница кај Штип, Вардар кај Јегуновце, Струмица кај Сушево и Црна Дрим кај Ложани.Кај природните езера водостојот е во рамки на октомврискиот просек. Измерената температура на водата на...
Солун и Измир се поврзуваат со бродска линија
Post Views: 421 Грчкиот град Солун и турскиот град Измир од денеска ќе се поврзат со бродска линија, преку траектот „Smyrna di Levante“, со кој управува приватната компанија „Levante Ferries“, јави дописничката на МИА од Атина.Траектот ќе сообраќа три пати неделно од Солун, во понеделник, среда и петок, а од Измир ќе поаѓа во вторник, четврток и недела, додека пак патувањето ќе трае 14 часа. Тракетот „Smyrna di Levante“, со должина од 158 метри е со капацитет да прими 948 патници, 1.000 камиони и 300 автомобили, а за патниците располага со различни типови на кабини, како и...
Нова водоводна линија на ул. Дејан Војвода
Post Views: 283 Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид започнаа со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата „Дејан Војвода“.Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 56 м – информираат од ЈП „Водовод“.Средствата за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Започнува одбележувањето на 11 октомври
Post Views: 341 Со традиционалниот импровизиран напад пред Меморијалниот музеј 11 октомври и со огномет, вечер Прилеп го почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81 годишната од почетокот на антифашистичката борба во 1941.Традиционалниот импровизиран напад вечер од 19:45 часот на некогашниот Участак, денес Меморијален музеј „11 октомври“ е потсетување на виорните настани пред 81 година кога со нападот на тогашниот Участак на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во Втората светска војна. На...
Тепачка пред угостителски објект на Железничка
Post Views: 370 На 09.10.2022 година 04:25 часот, пред угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(18) од Струга и В.М.(19) од Охрид.Притоа се вклучиле и неколку други лица кои го нападнале В.М. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
11 октомври неработен ден за сите граѓани на РМ
Post Views: 295 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2022 година (вторник), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.
15 загинати во поплавите во Венецуела
Post Views: 378 Венецуелските власти доцна синоќа соопштија дека 15 лица загинале по силниот дожд што во последните недели падна во земјата.Според претходниот биланс од 1 октомври, пријавени се 13 загинати, додека три лица се водат како исчезнати.Невремето предизвика поплави на околу 50 километри од Каракас, соопштија локалните власти, додавајќи дека спасувачката операција се уште е во тек и дека во некои делови од земјата нема струја.Во Венецуела од почетокот на годината има натпросечни врнежи, што се смета дека е поради временскиот феномен Ла Ниња, кој предизвикува...
Силен земјотрес ја погоди Грција
Post Views: 397 Силен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа е регистриран во Грција.Епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост од 26 километри од градот Амфисас, главниот град на префектурата Фокис во Грција.Сè уште нема инфомации за евентуални повредени лица или направена материјална штета.
Нема задржувања на граничните премини
Post Views: 280 Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот.Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово...
Младинската организација при ОЕМУЦ на предавање во НП Галичица
Post Views: 288 Членовите на младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид утрово беа на едукативно предавање за НП Галичица. Средношколците од Ангела Тасеска, соработник за еколошка едукација во националниот парк, слушнаа за природните и културните вредности на Галичица.Од Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ изразуваат благодарност до Ангела Тасеска, биолог по вокација, за исцрпното излагање како и благодарност за останатите двајца нејзини колеги – Александар и Катерина за гостопримството и објаснувањето.Потоа...
Ливерпул ќе биде домаќин на Евросонг 2023
Post Views: 517 Магичниот град Ливерпул ќе биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија 2023 година.Ливерпул беше еден од 20-те градови кои се натпреваруваа за домаќин на Евровизија, што оваа година се одржува во Велика Британија. Глазгов остана на второ место во финалето.Тие немаат забави како ние. Домот на Битлси е подготвен да организира шоу за Украина, Велика Британија и Европа – рече градоначалничката на Ливерпул Џоан Андерсон за време на натпреварот.Обединетото Кралство претходно осум пати беше домаќин на натпреварот, четири пати во Лондон. Последен...
