Автор: инфодеск
Post Views: 254 На 06.10.2022 во периодот од 12:00 до 18:00 часот, извршени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид кон возачите на мотоцикли.Полициските службеници затекнале и санкционирале 10 мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем-кацига (Охрид-07, Струга-02, Кичево-01) – информираат од МВР.
Србија засега не воведува санкции кон Русија
Post Views: 407 Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција на 8 октомври рече дека Србија ќе остане на ставот да не воведува санкции кон Русија.Ќе го задржиме ставот до моментот додека штетата што ѝ е нанесена на Србија не биде толку поголема што ќе мора да прифатиме друга реалност. Можеби идната влада ќе донесе поинаква одлука – рече Вучиќ.Српскиот претседател повтори дека ќе постапува и ќе управува согласно интересите на Србија.Ова не го правиме само затоа што имаме корист од цената на гасот или затоа што (Русија) ќе не поддржи во Советот...
Нискоградба утврди неправилно приклучен објект
Post Views: 346 При обид за санирање на дефект на канализациона линија на ул. „7-ми ноември“ екипи на ЈП „Нискоградба“ утврдија неправилно приклучување на објект во мрежата за одведување на отпадни води.Од јавното претпријатие велат дека веднаш било пристапено кон градежна активност преприклучување на канализационата линија со изведба на ревизиона шахта, а при ископот е изваден отпад кој е неразградлив и претставува опасност за појава на дефект на канализационата мрежа.Во повеќе наврати како ЈП сме апелирале за правилно депонирање на отпадот кој се испушта во системот...
Финансирање на Програма за заштита на потрошувачите
Post Views: 294 Јавен повик за прибирање на барања за користење на средства од Буџетот на Општина Охрид за 2022 година, наменети за реализација и финансирање на Програма за заштита на потрошувачите на општина Охрид за 2022-2023 година.Повеќе за критериумите и приоритетите, временската рамка, потребните документи и пријавувањето на следниот линк
Нови 56 случаи на ковид во земјава
Post Views: 270 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 529 тестови, а регистрирани се 56 нови случаи на ковид во земјава.Скопје – 36, Куманово – 4, Прилеп и Охрид – по 3, Битола – 2, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Неготино, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.Од вкупниот број на позитивни (56), регистрирани се 9 реинфекции.Регистрирани сe 69 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Куманово и Прилеп – по 4, Штип – 3, Битола и Тетово – по 2, Велес, Кратово и Крива Паланка –...
Земјотрес од 3 степени денес во Македонија
Post Views: 385 Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, 07.10.2022 година, регистрираше земјотрес 132 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 14 часот и 19 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1 и интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од...
Приведен дилер на ул. Васил Стефоски
Post Views: 296 Денеска (07.10.2022) во 17:00 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.И.(30) од Охрид.При преглед извршен на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа 15 пакувања со кафеава прашкаста материја. При претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, дополнително се пронајдени и одземени 20 пакувања со бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.
Тепачка пред локал на кеј Македонија во Охрид
Post Views: 561 На 06.10.2022 во 13:35 часот пред угостителски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ж.С. од Охрид и Д.П.(21) од селото Волино, општина Дебрца.По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Струшките училишта бараат скратени часови
Post Views: 450 Струшките училишта бараат скратени часови. Наместо стандардни 45 минути, училишните часови да траат по 35. Целта е справување со енергетската криза и заштеда на нафта. На тој начин, училишниот ден ќе се скрати за околу час и половина, а со тоа ќе се намалат трошоците и нема да се губи од образовниот процес.До средината на декември планираме по нашите пресметки имаме нафта, греалките ги исклучивме целосно. Поднесовме барање до општина Струга за скратување на часовите од 45 на 35 минути. Втора смена да започнува од 13 часот, наместо од 13:30 со што порано...
Резервоари за вода во Свиништа и Лакочереј
Post Views: 269 По налог на Општина Охрид започнаа градежните активности за реконструкција на резервоарот за вода и изградба на нов цевковод во с. Свињишта. Проектот се реализира со средства од буџетот на локалната самоуправа во вредност од 335 191 денари.Во моментов се работи и на реконструкција и санација на резервоарот за вода во с. Горно Лакочереј. Вредноста на проектот е 1 354 247 денари.Изведувач на градежните активности е фирмата „БОКОП“ од Струга.По овие активности се очекува подобрување на системот за водоснабдување и поквалитетно...
Се реставрира фрескоживописот во црквата Св. Богородица
Post Views: 254 Во Охрид почнаа конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка, што е дел од годишната програма на националната установа Завод и Музеј – Охрид.Директорката на институцијата Катерина Велкоска информира дека црквата, која се наоѓа во центарот на Охрид, во близина на Долна порта, датира од 14 век.Според неа, фрескоживописот се смета дека е насликан околу 1370 година, но низ вековите претрпел измени.За црквата Света Богородица Болничка значајни се двата слоја на фрескосликарството. Постариот од 14 век и...
Сообраќаен режим од Песочани до Требеништа
Post Views: 266 На регионалниот пат Кичево–Охрид, секција Песочани-Требеништа од среда, 12 октомври ќе има времен сообраќаен режим, соопшти денеска компанијата изведувач на градежните работи „Синохидро корпорејшн лимитед“ – Пекинг, подружница Скопје.Според информацијата, времена измена на сообраќајот, ќе има секцијата Песочани–Требеништа на 0 километри до 2+300 и на 9 до 9+940 километри.Во текот на градежни работи, ќе се преземат потребни мерки за обезбедување и регулирање на сообраќајот согласно сообраќајното решение за времена измена на режимот на сообраќај. По...