Skip to main content

Автор: инфодеск

Ezero Oktomvri

Времето во Охрид променливо облачно со сончеви периоди и температура до 18 степени

Views: 52 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.До недела ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време. Утре и во сабота ќе има слаб локален дожд претежно во западните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 9 до 18 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Вевчани штеди енергија со фотоволтаици на прочистителна станица за отпадни води

Views: 61 Преку инсталација на фотоволтаичен систем на прочистителната станица за отпадни води, Општина Вевчани имплементираше иновативен проект за заштеда на електрична енергија, што придонесува за поекономичен третман на отпадните води, производство на енергија од обновливи извори, а со тоа и намалено негативно влијание врз животната средина. Вевчани е една од вкупно 10 општини од Западен Балкан кои реализираа иницијативи за енергетика, транспорт и климатски промени во рамки на проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција“.„Секој проект...

Продолжи со читање

Пакети со донации

Да помислиме на нашите сограѓани кои се борат да се прехранат

Views: 79 16ти октомври е ден на борба против гладта, а за некои наши сограѓани уште еден ден на борба да се стави оброк на семејната трпеза. Инфлацијата и поскапувањата најмногу ги погодија социјално загрозените категории граѓани. Голем број семејства во охридско се соочуваат со потешкотии да се прехранат и често помош бараат во Црвениот Крст.„Можам да кажам дека годишно во Црвениот Крст опслужуваме околу 500 до 600 луѓе, семејства кои доаѓаат кај нас и имаат потреба од најразновидна помош, не се работи само за храна. Имаат потреба од лекови, карти за патување до дестинација за...

Продолжи со читање

РЦСОО „Ванчо Питошески”-Охрид во петок ќе го одбележи патрониот празник

Views: 50 Во петок, 18.10.2024, РЦСОО „Ванчо Питошески”-Охрид ќе го одбележи својот патронен празник. Прославата ќе се одржи во просториите на училиштето со почеток во 13.30 часот, информира директорот на училиштето Марјан Радески.

Продолжи со читање

Во недела претставата „Кумови“ премиерно пред охриѓани

Views: 79 Претставата “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ премиерно ќе биде изведена во недела 20.10.2024 во 20 часот. а предпремиерата ќе биде одиграна ден претходно, во сабота на 19.10.2024 во 20 часот.Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев, а режијата е на Билге Емин.Превод и драматургија се на Кристина Тодороскс Петреска, сценографијата на Татјана Христоска Бажевска, а за костимографија е задолжена Марија Пупуческа.Претставата започнува во 20.00 часот, цената на билетот...

Продолжи со читање

Факултет за туризам и угостителство ФТУ

Во петок на ФТУ ќе се одржи работилница за можностите за користење на програмите од Европската Унија 

Views: 64 Во петок на Факултетот за туризам и угостителство ќе се одржи работилницата на која ќе бидат преставени можностите за користење на програмите од Европската Унија во организација на Министерството за образование и наука. Настанот ќе започне во 12 часот на ФТУ Охрид.

Продолжи со читање

Во петок акција за подигање кабаст отпад У.З.11 Видобишта

Views: 62 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 18.10.2024 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.11 Видобишта.Од претпријатието апелираат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 18.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други...

Продолжи со читање

Pateka Studencista

СВР Охрид: Денеска од 10 до 14 часот, за движење ќе биде затворена пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта”

Views: 61 Во врска со симулациската вежба на припадниците на МВР која, утре ќе се одржи во Охрид, СВР Охрид ги информира граѓаните дека, заради изведување подготвителни активности, денеска од 10 до 14 часот, за движење ќе биде затворена пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта”.На овој простор, забрана за движење ќе има и утре, на денот на изведување на показната симулациска вежба во времето од 10 до 13 часот.Активности поврзани со симулациската вежба, ќе се изведуваат и на одредени точки во водите на Охридското езеро поради што, полициската станица за граничен...

Продолжи со читање