Автор: инфодеск
Post Views: 341 Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби и изврши избор на најдобрите литературни и ликовни трудови.Од пристигнатите литературни творби награди освоија :Прва награда во висина од 7.000,00 денари Ели Џајкоска, VII одделение од ПОУ„ Григор Прличев“ нас. Рача ОхридВтора награда во висина од 5.000,00 денари, Симона Димитриеска IX одделение, од ОУ„ Кочо Рацин “ , Охрид Трета награда во висина од 3.000,00 денари, Дарја Аполеска, VII одделение, од ОУ„ Ванчо Николески“, с. Косел, Охрид...
Тешко повредена жена на бул. Туристичка
Post Views: 550 На 06.10.2022 во 08:57 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на булеварот „Туристичка”, патничко возило „рено” со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(58) од Охрид, удрил во пешакот К.А.(82) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.А., констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.
Ќе се реконструира нефрологија во Струга
Post Views: 581 Ќе се реконструрира Специјалната болница за нефрологија во Струга. Објектот е изграден во 1984, а изминативе 4 децении немало поголеми градежни зафати, реконструиран е само покривот. Потребни се поголеми инвестиции за подобрување на условите, за што се добиени 350 илјади евра од Швајцарската амбасада.Според проектот болницата ќе добие и фотоволтаици и централно снабдување со кислород.Го добивме проектот од Швајцарската амбасада и министерството за локална самоуправа на РСМ, околу 350 000 евра за реконструкција и комплетно реновирање на делот од Холидеј...
Кочовски најави подобри услови во градинката
Post Views: 336 Во рамките на одбележувањето на „Неделата на детето“ под мотото „Ние децата имаме права и потреби“ денеска во посета на Општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочовски беа дечињата од детската градинка ЈОУДДГ „Планински цвет“ – Вевчани.Во периодот што следи следуваат низа активности со цел подобрување на условите за престој во градинката. Децата го заслужуваат тоа – напиша градоначалникот Кочовски на официјалниот фејбук профил.
Скршена гранка виси над патот за Орман
Post Views: 1.050 Огромна скршена гранка од орев виси над патот за Орман, во непосредна близина на влезот од селото. Жителите за рубриката „Ти си твојот град“ велат дека гранката претставува голема опасност за возачите и минувачите, а прашање е само на време кога ќе падне.Скршената гранка стои веќе неколку месеци надвисната над оревот и над улицата. Се плашиме да поминеме тука, бидејќи навистина станува збор за голема гранка која доколку падне може да повреди некого. И оревот е цел шуплив, се надеваме дека некој ќе помогне да се реши проблемот и надлежните ќе ја...
Пецаков на средба со словачкиот амбасадор
Post Views: 251 Денес градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со амбасадорот на Словачка во Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш.На средбата најмногу се зборуваше за продолжување на манифестацијата „По патеките на Св. Кирил и Методиј“, која неколку години поради Ковид кризата беше во прекин.Присуствуваше и г. Стојан Лекоски, иницијатор на проектот, кој ја презентираше програмата на манифестацијата за следната година.Програмата содржи низа активности (изложби, концерти, промоции), а се очекува во наредниот период да бидат прецизирани сите детали за учеството на...
Кампања меѓу учениците за читање лектири
Post Views: 291 Вчера на Светскиот ден на учителот библиотекарите од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја започнаа промоцијата на библиотечните услуги во основните и средни училишта што ќе се одвива во текот на цел октомври кој е и Месец на книгата. Првата презентација беше во двете смени меѓу ученици од ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Денеска библиотекарите се во ООУ „Христо Узунов“, а утре – петок во СОСУ „Кирил и Методиј“ Охрид.Нашата Библиотека располага со богат фонд на белетристика, но и стручна литература од сите области. Претходниот месец набавивме доволен фонд...
Охриѓанец фатен со хероин
Post Views: 441 На 05.10.2022 во 11:10 часот на улицата „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С.(49) од Охрид.При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е опојна дрога хероин по што е, приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Стружанец и охриѓанец продавале дрога
Post Views: 761 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(43) од Струга и М.Р.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 11.06.2021, полициски службеници ги забележале пријавените како му продаваат дрога на едно лице, а по извршен преглед кај нив, кај второпријавениот бил пронајден и одземен кокаин, информираат од МВР.
Поранешен полицаец убил над 30 лица
Post Views: 433 Најмалку 32 лица се убиени во пукотница во североисточна тајландска провинција, соопшти полицијата, пренесува Ројтерс.Според полицијата, меѓу загинатите има деца и возрасни.Според последните информации на тајландските медиуми, наводниот напаѓач е поранешен полицаец кој исто така ги убил сопругата и детето, а потоа се самоубил.Тајландската влада објави дека инцидентот се случил во дневен центар во Нонг Буа Лампу.At least 32 people, many of them children, were killed by an ex-policeman raiding a child care centre in Na Klang district of Nong Bua...
Промовирана книгата Стихописани слики
Post Views: 257 Книгата „Стихописани слики“ од Митко Ц. Колјушевски беше промовирана во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид. Авторот, како што посочи на промоцијата, рецезентот и промотор Мирко Томоски, во 45 творби соживувајќи со своето најсвето, остава трајни вредности за едно време, одамнешно, минато, или сепак денешно.Овие 45 творби, преку мноштвото директни насочувања, создаваат поетско дело како суверен сведок за идентитетот, традицијата, културата и уметноста, сите собрани во љубовта и тоа не само во еден културен контекст како нашиот, туку и како светско...
Се урна станбена зграда во Турција
Post Views: 377 Станбена зграда во Турција се урна по експлозија предизвикана од истекување гас, јавија турските медиуми.„Си-ен-ен Турк“ објави дека експлозијата се случила во провинцијата Јозгат, во централниот дел на Турција.Екипите на итната помош успеале да извлечат четири лица под урнатините.Засега нема информации за потенцијални жртви, ниту за причината за истекувањето на гасот, пренесуваат турските медиуми.