Автор: инфодеск
Post Views: 257 „Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза“, стои во соопштението на Левица Охрид.Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата. На 7-ми октомври (петок) со почеток од 11...
Детски хор Бамбино започна со првите проби
Post Views: 458 Бамбино, прв професионален детски хор во Охрид, официјално ги започна своите проби во просториите на комплексот Касарна хаб. Како пандан на хорот за возрасни, Охрид доби градски хор составен од деца кои поседуваат талент за пеење, а се на возраст од 6-14 години.Дечињата на првата проба дојдоа со мала резерва, што е разбирливо, но таа помина подобро од очекуваното, вели Снежана Караџовска- Попова.„Започнавме со масажа на вратот истегнување на телото, сето тоа им беше чудно, бидејќи тоа се прави обично на часовите по физичко, но тоа е многу важно за...
Газпром повторно ѝ испорачува гас на Италија
Post Views: 363 Рускиот Газпром денеска соопшти дека ги обновува испораките на гас преку Австрија, главно во Италија, откако постигнал договор за регулаторни измени со Австрија.Австрискиот оператор кажа дека е спремен да го потврди транспортот преку ЛЛЦ Газпром експорт, што ќе овозможи рускиот гас повторно да тече преку Австрија – наведува руската компанија.Австриската влада соопшти дека Газпром сè уште не ги потпишал потребните договори.Рускиот гас сочинува околу 10 отсто од италијанскиот увоз, што е значително помалку од претходните 40 отсто, а зголемен е...
Ногачески со честитка за Денот на учителите
Post Views: 308 Денешниот ден, 5-ти ктомври, е прогласен за Светски ден на учителите.Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најубавата, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност, не само кон младата личност, туку и кон оној на кој му се потребни знаења, вештини и мотивација.Учителите се водечка светлина за учениците. Тие им го покажуваат правилниот пат и им помагаат на учениците да откријат повеќе за себе.Честитка по повод Светскиот ден на учителите упати градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески....
Исплата на права од социјална и детска заштита
Post Views: 326 Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември 2022 година.Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 октомври 2022 година – информира Министерството.За да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат...
Вежбовна активност за боево гаѓање
Post Views: 352 Утре (06.10.2022 година), со почеток од 09 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето „Бејбунар” ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање.Оваа активност, се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на...
Шарл Перо одекна на македонски јазик во Париз
Post Views: 304 Творештвото на родоначалникот на современата европска сказна, Шарл Перо одекна и на македонски јазик среде Париз. Во рамките на важниот француски проект посветен на неговите сказни, кој се спроведува од страна на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО), по повод 30-ти септември, Меѓународниот ден на преводот, на големиот настан „Гласовите на сказната” во Париз, сказната „Самовили” за првпат пред тамошната јавност беше презентирана и во превод на македонски јазик.Преводот беше подготвен во соработка со Меѓународниот...
Превентивна кампања на СВР Охрид и РСБСП
Post Views: 226 „Стави појас” е новата превентивна кампања што ќе се реализира на целото подрачје на СВР Охрид.Во рамки на кампањата, предвидено е на повеќе градски сообраќајници, на локалните, регионалните и магистралните патишта, да се постават сообраќајни пунктови каде ќе се врши контрола на возачите на моторни возила, но и укажување за неопходноста од користење заштитни појаси како основна мерка за подигнување на безбедноста за време на управување со моторно возило – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.Притоа, полициските службеници ќе...
Ќе се реконструира главната улица во Горенци
Post Views: 254 Во просториите на Бирото за регионален развој во Скопје, директорот Рамиз Реџепи и градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески го потпишаа договорот за реализација на проектот.По поднесена апликација од општина Дебрца до Бирото за регионален развој, од Програмата за развој на села за 2022 година одобрени се средства за проектот : Pеконструкција и уредување на улица во село Горенци.Проектот опфаќа тротоарско уредување на главната улица во село Горенци, во должина од 529 метри и широчина на тротоар од 1,5 метри, а вкупната вредност на проектот...
Медали за учениците од средното угостителско
Post Views: 244 Во период од 29-ти септември до 2-ви октомври, РЦСОО ,,Ванчо Питошески” учествуваше на меѓународен натпревар „ГАТУС“ во областа на угостителско-туристичка струка. Учествуваа 12 екипи од бившите југословенски републики – Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Натпреварот се одржа во Ново Место – Словенија.Учениците освоија 2 сребрени и 1 бронзен медал во следните категории:ГОТВАРСТВОДаниел БутракоскиНикита МишевскиФикрет Шаќировскиментор: Војо АнгелоскиПОСЛУЖУВАЊЕСтефан СтојаноскиМарко...
Албански државјанин избоден со нож во Кичево
Post Views: 368 На 03.10.2022 во 23:07 часот во ОВР Кичево е пријавено дека пред угостителски објект на булеварот „Ослободување” во Кичево, физички е нападнат и повреден со остар предмет албанскиот државјанин Џ.В.На нападот му претходела вербална расправија во објектот. Повредениот е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување на лекарска помош. Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Утре вежбовна активност за боево гаѓање
Post Views: 316 Утре (05.10.2022 година), со почеток од 9 часот, полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето „Бејбунар” ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање.Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето...