Автор: инфодеск
Post Views: 357 Бурни реакции по најавата за отворање на бугарски клуб во Охрид. Ден пред одбележувањето на народното востание против фашистичкиот окупатор, на 7 октомври во Охрид ќе се отвори бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“.Како специјален гостин на отварањето најавен е бугарскиот бизнисмен и филантроп Милен Врабевски, кој го финансира отворањето на клубот. Културниот клуб според најавите ќе биде лоциран во строгиот центар на градот во трговскиот центар „Амам“ на првиот кат.За повеќе податоци се обидовме да стапиме во контакт со претседателот на...
Образовниот процес ќе се одвива со физичко присуство
Post Views: 226 И покрај енергетската криза образовниот процес ќе се одвива со физичко присуство. И средните и основните училишта ќе бидат на регулиран пазар со што се очекува да нема проблеми со високи сметки за електрична енергија.Министерот за образование вели може да има реорганизација од типот намалување на бројот на часови, но засега се отфрлува онлајн настава.До крај за оваа учебна година ја отфрлувам онлајн наставата заради тоа што помина месец септември, дојде октомври ноември ќе видиме како ќе се одвиваат работите со тоа што школите ќе се на регулиран пазар...
Обвинение за Мухамед Зеќири
Post Views: 324 Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против екс-генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службената положба и овластувањето, односно дека во повеќе наврати, без јавна набавка, избрал фирми на кои им исплаќал владини пари. Обвинителството тврди дека Зеќири го оштетил буџетот за речиси 1,5 милион евра, кои завршиле во приватни фирми.Обвинетиот како службено лице – генерален секретар на Владата на РСМ, со умисла извршил две временски поврзани дејства што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој...
Во петок ќе се одржат две седници на Советот
Post Views: 254 Седумнаесетта и осумнаесетта седница на Советот на Општина Охрид, во петок на 7-ми октомври Седниците ќе се одржат во големата сала на Општината.Седумнаесеттата седница е закажана со почеток во 9 часот, а на дневен ред се 27 точки.Предлог-заклучок за усвојување на Информацијата за материјалното и финансиското работење на ЈП„Водовод“ Охрид со осврт на трошоците за електрична енергија за период 2020 – 2022 година.Иницијатива за изработка на физибилити студија за производство и продажба на електрична енергија.Предлог-програма за измени и дополнувања на...
Охриѓанец физички ја нападнал сопругата
Post Views: 387 На 03.10.2022 година во СВР Охрид, лишен од слобода е М.Ш.(46) од Охрид кој во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Труење со отровни печурки во Србија
Post Views: 455 Во Националниот центар за контрола на отрови (ВМА) на Србија деновиве се примени десет пациенти со труење со отровни печурки, пренесуваат српските медиуми. Од пациентите, осум се во тешка состојба.Како што соопштија од ВМА, пациентите печурките ги набавиле од неовластен продавач и ги консумирале мислејќи дека се обични. Но, тие потоа забележале дека печурките биле разновидни, со што им било потешко да ги препознаат.Полицијата во Шабац ја уапсила М.Г.(72) поради сомнение дека претходните денови на пазарот во Шабац продавала печурки од кои неколку лица се...
Експлозија во фабрика во Бугарија
Post Views: 465 Силен татнеж и чад над фабриката на Арсенал кај Казанлак ги крена на нозе полицијата, противпожарната бригада и брзата помош, јавува дописникот на МИА од Софија.Едно лице загина, две се исчезнати и се трага по нив, тројца се повредени и се пренесени во Итната помош во Казанлак по експлозијата во фабриката на Арсенал.Локалните медиуми јавија дека на местото на несреќата се неколку противпожарни екипи и возила на брза помош. Се соопштува дека се слушнале две експлозии.
Идентитетот е приказна од Иван Антоновски
Post Views: 434 По повод 70 години од раѓањето на големиот Горан Стефановски, издавачката куќа „Полица” ја објави книгата „Идентитетот е приказна” од Иван Антоновски. Ова е прва книга во која детално се анализира и вреднува есеистичкото творештво на Стефановски и во македонската книжевна наука надоместува прочит и вреднување на исклучително важен дел од опусот на еден од најзначајните македонски автори.Покрај научната студија на Антоновски, во книгата, која е издадена во соработка со Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан...
Утре промоција на книгата од Митко Колјушевски
Post Views: 228 Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид утре во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Стихописани слики“ од роднокрајниот автор Митко Ц. Колјушевски.Митко Ц. Колјушевски е роден 1949 год. во Охрид. По професија – Водител на процеси во М.М. Насока (во пензија). По вокација музичар (пеење, гитара, тапани и др. Ударни инструменти). Автор е на песните ,,Стариот Фенер”, ,,Охридски стари трубадури”, ,,Месецот ти плете коприна“…Се потпишува на аранжманот на повеќе македонски народни песни. Колјушевски е еден од основоположниците и долгогодишен...
Поскапуваат горивата
Post Views: 379 Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, дизелот поскапува за 1,5, а екстра лесното масло за домаќинство за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 89, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 92,5, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 89,5 денари за литар.Со...
Превисоки сметки за струја во Здравствен дом Вевчани
Post Views: 512 Десеткратно зголемени сметките за електрична енергија во Здравствен дом Вевчани. Минатата година киловат час на слободниот пазар бил 3,7 денари, годинава е 37 денари.Од јавната здравствена установа велат во август презеле мерки и заштедиле околу 1000 киловати, ја намалиле потрошувачката за 10%, но сметките се превисоки и невозможно е да се покријат од сопствениот буџет.Со ова темпо со оглед на буџетот кој што го имаме, кој што е еднаков или дури и помал од ланскиот и покрај сите наши напори ни се чини дека ќе бидеме доведени во многу тешка ситуација до...
Казнети 11 возачи во Охрид
Post Views: 340 На 02.10.2022 во периодот од 14:00 до 19:00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 18 возачи на моторни возила.Тие извршиле престигнување на места каде со сообраќаен знак тоа е забрането (Охрид-11, Струга-04, Кичево-02, Дебар-01). За сите сторени прекршоци биле изречени соодветни санкции – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.