Skip to main content

Автор: инфодеск

Поради дефекти на мрежата без вода се жителите на „7.Ноември“, „Македонски Просветители“ и „Дејан Војвода“

Views: 59 Жителите на улиците „7.Ноември“, „Македонски Просветители“ и „Дејан Војвода“ претпладнево се без вода. Од ЈП Водовод Охрид информираа дека причина за тоа се два дефекти на водоводната мрежа.Поради настанати два одделни дефекти на водоводната мрежа, денес од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „7. Ноември“ (прв дефект); и „Македонски Просветители“ и „Дејан Војвода“ (втор дефект), информираа од ЈП „Водовод“ Охрид.Додаваат дека екипите се на терен и работат на санаирање на дефектите.

Продолжи со читање

ОО СДСМ Охрид со честитка за празникот 11 Октомври

Views: 73 ОО СДСМ Охрид преку своја делегација предводена од Претседателот Асен Шајн, положи свежо цвеќе на спомен бистите на борците кои го носат епитетот на непокорот и го честита 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.-Да го чуваме аманетот на борците, бидејќи означува темелник на вековни определби на македонскиот народ за слобода, мир, за свој идентитет, заедништво, борбеност и истрајност, се вели во нивната честитка.

Продолжи со читање

Доделена наградата за животно дело „11 октомври“

Views: 74 Денеска во Кристалната сала на Собранието беше доделена државната награда „11 Октомври“ – највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на земјава. Наградата се врачува се врачува секоја година во Собранието на Македонија на овој ден, 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.Годинешни добитници се: Јовица Михајловски – актер и продуцент, Владимир Темков – сликар, Љупчо-Бубо Каров – мултимедијален уметник и Марко Китевски – фолклорист. Одборот за...

Продолжи со читање

Положено свежо цвеќе на спомен обележјата на НОБ

Views: 121 По повод 11. Октомври-Денот на народното востание, делегација на Општина Охрид предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во градскиот парк.Пред спомен обележјата на борците свежо цвеќе положија и членови од Сојузот на Борците и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид.По повод празникот, свежо цвеќе беше положено и пред спомен-обележјата пред Основниот Суд, пред Средното економско училиште и кај градските гробишта.

Продолжи со читање

„Трајан Целески – ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта

Views: 133 Вчера вечер свечено се отвори повеќенаменско игралиште во населбата Видобишта кое го носи името на прерано починатиот наш сограѓанец Трајан – ТАЧО.-Сакам во оваа прилика уште еднаш да се заблагодарам до семејството Целески кои прифатија ова игралиште да биде именувано според нивиот син/брат, и што вечерва беа дел од отворањето. Посакувам позитивната енергија и спортскиот дух кои ги имаше нашиот Тачо да бидат присутни и тука и повторно од тука да се изродат спортски надежи, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Пецаков со честитка по повод 11 Октомври – денот на народното востание на македонскиот народ

Views: 73„Овој празник е симбол на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ. Одбележувајќи годишнина од почетокот на народното востание во далечната 1941 година и борбата против фашизмот им изразуваме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија која израсна во правна и прогресивна држава. Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава. Ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни за она што го добивме, крваво спечалената собода...

Продолжи со читање

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и температури до 22 степени

Views: 58 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 13 до 22 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Денес се одбележува Светскиот ден на менталното здравје

Views: 107 Секоја година на 10 октомври се одбележува Светскиот ден на менталното здравје. Годинава, темата на којашто се одбележува овој значаен датум е „Важноста на менталното здравје на работното место“, информираат од Црвен крст – Охрид.Црвен крст Охрид и оваа година се приклучува кон одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје, изразувајќи ја на тој начин својата заложба за промоција на менталното здравје како витална компонента на општото здравје. По овој повод, Црвен крст Охрид организираше едукативна работилница насловена „Burnout синдром на работното...

Продолжи со читање