Skip to main content

Автор: инфодеск

Реконструкција на магистралниот пат Подмолје Струга Ќафасан

Post Views: 723 Започна реконструкцијата на магистралниот пат Подмолје–Струга–Ќафасан. За комплетна рехабилитација на оваа делница обезбедени се 7,9 милиони евра. Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта реконструкцијата ќе заврши за 15 месеци.Јас можам да тврдам дека овој патен правец од 15 јули кога беше воведена работа на Илинден очекуваме и убеден сум дека за 15 месеци ќе биде целосно рехабилитиран, бидејки со искуството што го имаме со компанијата и другите делници каде што вршеше рехабилитација на време ги завршува проектите – изјави Ејуп...

Продолжи со читање

Црвен крст спроведе бројни активности

Post Views: 308 Бројни волонтери, активисти, поддржувачи, пријатели на Црвен крст Охрид, од сите возрасти, на Градскиот плоштад во Охрид имаа свој ден за едукација, забава и дружење.Најбројни и највесели беа најмладите, кои ја следат едукативната програма „Полетарче“, членовите во Центарот за развивање на животни вештини „Бреинобреин“. Заедно со своите родители и тренери тие го прославија 12-тиот роденден на Центарот.Волонтерите од Групата за поддршка на стари лица при Црвен крст Охрид го одбележаа Меѓународниот ден на стари лица промовирајки ги своите активности...

Продолжи со читање

Запленети 177 парчиња охридска белвица

Post Views: 299 Денеска по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Св. Наум“ привеле 53 годишен државјанин на Република Албанија.При контрола во патничко возило „фолксваген туран”, со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, кои биле предмет на недозволена трговија од Македонија кон Албанија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

УИНТ Св. Апостол Павле ја започна академската година

Post Views: 336 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ свеченото ја започна новата академска 2022/2023 година. Унверзитетот составен од 5 факултети и еден центар за дигитална уметност денеска ги подели инедксите на новите студенти. Еден од бруцошите е и Енрико Митре кој очекува да се стекне со знаење и вештини со цел по завршување на студиите да основа своја компанија.„Се имам запишано на Факултетот за компјутерски науки и инженерство, моја желба беше да стекнам нови знаења на овој факултет и да станам комјутерски програмер понатаму.“, вели...

Продолжи со читање

Нова фекална канализација на ул. Даме Груев

Post Views: 265 Денеска започнаа градежните активности за поставување нова фекална канализација на улица „Даме Груев“ на потегот кај Старото кино. Вредноста на проектот е 900 000 денари и е дел од годишната програма на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид.Изведувач на градежните активности е фирмата „БОКОП“ од Струга и истите се очекува да завршат за десеттина дена.

Продолжи со читање

Прв академски час на УИНТ

Post Views: 355 Денеска започна академската година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Кирил Пецаков.Дозволете ми да го изразам моето задоволство што денес сум меѓу Вас на почетокот на новата академска година. Почитувани идни студенти, денеска сте на животната крстосница, ја преминувате линијата и од деца станувате академски граѓани на кои останува ова општество. Со оглед на тоа што живееме во дигитален Свет со многу предизвици во кој се е поврзано и една информација со брзина на...

Продолжи со читање

Несовесни граѓани депонираат кабаст отпад

Post Views: 240 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во акцијата која што беше реализирана викендов, од кабаст отпад ги исчисти улиците „Асном“, „Галичица“, „Јане Сандански“, бул. „Туристичка“, „Ариф Мустафа“, „Железничка“, „Кленоец“, „Цар Самоил“, „Кочо Рацин“, „Коста Абраш“ и населба Даљан.

Продолжи со читање

Црна Гора има најевтини горива во регионот

Post Views: 381 Според објавата на црногорската Влада, горивата во земјата се со најниски цени во регионот.На својот инстаграм-профил Владата во Подгорица објавува дека литар бензин “Супер 95” во земјата чини 1,26 евра, 1,35 евра во Словенија, 1,37 евра во Северна Македонија, 1,39 евра во Хрватска, 1,46 евра во Босна и Херцеговина, 1,48 евра во Србија, 1,69 евра во Албанија.Цената на еден литар бензин “Супер 98” во Црна Гора е 1,30 евра, во Северна Македонија – 1,40 евра, во Хрватска – 1,46 евра, во Србија – 1,65 евра, во Босна и Херцеговина – 1,67 евра и во Словенија...

Продолжи со читање

Центар за дигитализација во Државниот архив

Post Views: 266 Во Државниот архив во Скопје денеска свечено ќе биде отворен Центарот за дигитализација во рамки на Одделението за средување и обработка на архивски материјал – османлиски период, чие опремување е донација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).На свеченоста по повод донацијата ќе присуствуваат амбасадорот на Турција во земјава, Хасан Мемет Секизќок, потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик и програмскиот директор на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, кои ќе одржат и работна средба со директорот на Државниот архив, Емил Крстески.

Продолжи со читање

ГЕРБ со најголем број гласови во Македонија

Post Views: 360 Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД) на Красимир Каракачанов добија најголем број гласови од бугарските граѓани кои вчера гласаа во земјава на предвремените парламентарни избори во Бугарија.На седумте отворени избирачки места во земјава гласале вкупно 461 лице, а најголем број или 172 своето избирачко право го искористиле во Амбасадата на Бугарија во Скопје.За ГЕРБ гласале 127 бугарски избирачи, за ВМРО-БНД 91, Продолжуваме со промените на...

Продолжи со читање

Вандализмот наша секојдневна реалност

Post Views: 241 Синоќа, на Кеј Македонија беше забележан уште еден случај на вандализам, каде беше вандализирана една од типизираните куќарки, сопственост на ЈП „Градски Пазар“ Охрид.ЈП „Градски Пазар“ ги набави типизираните куќарки со цел да се обезбедат посовремени услови за улична продажба на јавни локации во центарот на градот, како и да се подобри урбаната слика на градот, но, жално е што ваквите вандалски појави се повеќе зачестуваат.Апелираме на разум и негување на урбаната опрема,со цел заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање на слика за нас како...

Продолжи со читање

Запленети над 90 килограми охридска пастрмка

Post Views: 385 На 01.10.2022 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово, на магистралниот пат Ќафасан-Струга, кај место викано Шумска колиба, приведен е E.С (27) од Р.Албанија.При извршена контрола во патничко возило „фолксваген пасат“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 91,333 килограми риба, поточно 119 парчиња охридска пастрмка, кои биле предмет на недозволена трговија од Р.Албанија кон Р.Северна Македонија – информираат од МВР.Е.С. е приведен во Полициската станица за...

Продолжи со читање