Skip to main content

Автор: инфодеск

Во Охрид сончево и топло со умерена локална облачност

Views: 73 Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 12 до 24 степени.

Продолжи со читање

Известување во врска со чествувањето на јубилејот „80 години слободен Охрид“

Views: 56 Општина Охрид ја подготвува Програмата за одбележување на 7-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид.Со цел навремено организирање на настаните и заедничко одбележување на големиот јубилеј „80 години Слободен Охрид“ се повикуваат сите здруженија на граѓани, инстутуции и поединци кои имаат подготвено проекти и настани од значење за Охрид (изложби, промоции на книги, музички концерти и други форми на културно организирање) со точно наведени часови, датуми и локации да ги достават на маил на Одделението за култура при Општина Охрид (kultura@ohrid.gov.mk).Сите активности...

Продолжи со читање

Министерот Перински и швајцарската амбасадорка Улман во посета на болниците за ортопедија и кардиологија во Охрид

Views: 71 Во охридските специјализирани болници „Св.Еразмо”, за ортопедија и трауматологија и болницата за кардиолошки заболувања, „Св.Стефан”, подобрени се условите за третман на пациентите, благодарение на инвестиција на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија, преку Програмата „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински и амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман денес во Охрид ги посетија болниците да разговараат со корисниците и ги сведочат бенефитите и процесот...

Продолжи со читање

100 дена Министерство за дигитална трансформација: најавена првата мобилна апликација за лични документи и за услуги

Views: 171 Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во новите простории на министерството за дигитална трансформација, пред медиумите и граѓаните го презентираше сработеното во рамките на 100 дена од новата Влада.Министерот Андоновски го најави проектот за изработка на првата владина мобилна апликација за административни услуги Super App ELI.„Аплицираме на програма на Европската унија која ќе ни овозможи да развиеме мобилна апликација за административни услуги. Овој проект, наречен Supper App ELI, со вредност од 1.200.000 евра, е дел од иницијативата на...

Продолжи со читање

Марија Новак ја доби наградата за најдобра споредна женска улога на “Денови на комедија” во Куманово

Views: 77 Народен Театар Охрид се враќа со уште една награда од МТФ “Денови на комедија” во Куманово, информираат од Охридскиот народен театар.Актерот гостин Марија Новак ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за ликот на Косара, во претставата “Секс лаги и љубомора” од Марк Комплети, во режија на Коле Ангеловски.

Продолжи со читање

Денес и утре на ФТУ ќе се одржи гастрономско-едукативен настан

Views: 76 Денес и утре Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во соработка со македонската асоцијација на шефови на кујни Гастромак и Општина Охрид, организира гастрономско-едукативен настан.Денес, со почеток во 13:00 часот, ќе се одржи пресконференција во амфитеатарот на факултетот на која ќе говорат:– Г-ѓа Вања Тодоровска, портпарол на Гастромак,– Доц. д-р Климент Наумов, раководител на катедрата по гастрономија при ФТУ-Охрид и– Д-р. Кирил Пецаков, градоначалникот на Општина Охрид, главен подржувач на овој настанОвој настан на локалната гастрономска сцена ги...

Продолжи со читање

Викендов ќе се одржи симпозиум по повод 10 години активизам за ретките болести во Македонија

Views: 71 Здружението за ретки болести „РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК” од Охрид по повод 10 години активизам за ретките болести во Македонија и на интернационално ниво во периодот од 12.10.2024 – 13.10.2024 година во Хотел Нова Ривиера – Охрид ќе одржи симпозиум за ретките болести.Цел на овој симпозиум е запознавање и промовирање на ретките болести, дијагностичките предизвици, новините во дијагностиката како и иновативните третмани на овие болести, концизно сумирани низ низа предавања и постер презентации на врвни експерти. Во недела, 13 октомври, симпозиумот ќе го отворат...

Продолжи со читање

Поради дефект без вода корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од Дрвара до Здружение на возачи

Views: 70 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од Дрвара до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, велат од ЈП Водовод.

Продолжи со читање