Автор: инфодеск
Post Views: 163 Охрид го живее екот на туристичката сезона. Градот е полн со туристи. Според официјалната статистика на секторот за туризам при локалната, до мај најбројни биле гостите од Турција, на второ место од Германија, а трети по бројност од Србија. Карактеристично е тоа што најголем дел од посетителите се транзитни или со краток престој од само неколку денови.Имало 100 179 туристи, а остварени се 180 824 ноќевања, што е зголемување кај ноќевањата од 27,1 %, додека кај посетителите се бележи раст од 24,4% во однос на лани....
По четврти пат се одржа гастрономската манифестација „Вкуси го Охрид локално”
Post Views: 118 Традиционалната локална храна треба да биде еден од главните адути за привлекување на туристи. Старите автентични специјалитети, подготвени од локални производи, убаво сервирани и послужени може да бидат едно уникатно доживување.Експертите велат да се зачува традицијата , но да се вметнат и новитети кои ќе го надополнат вкусот.– Во хотелите потребно да има посебна маса каде што ти има локална понуда и таа да не е замешана во целата онаа понуда, да речиме, не знам, зденки од вамо, не знам, што...
Денес намален притисок и можни прекини во водоснабдувањето на неколку улици
Post Views: 121 Од ЈП Водовод информираат дека поради интервенција на електродистрибутивната мрежа од страна на EVN Македонија, денес од 09:00 часот неколку часа во прекин со работа ќе биде пумпената станица Орман.Во овој период намален притисок и можни прекини во водоснабдувањето ќе има на улиците: „Железничка”, „Гоце Делчев” со споредните улици од населбите Воска и Далјан, дел од бул. „Туристичка”, населбата Чекоштина и с.Орман.
Денес во Охрид сончево со мала до умерена локална облачност.
Post Views: 172 Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец.Од УХМР информираат дека во Македонија во следните денови ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Дневната температура до четврток ќе...
Младите играорци на КУД „Дримкол“ од Вевчани ја пренесуваат магијата на македонскиот фолклор во Италија
Post Views: 248 КУД ,,Дримкол”- Вевчани од 23-28 Јули претставуван од Детскиот фолклорен ансамбл, престојува во Италија настапувајќи на фестивалските сцени во Порденоне, Авиано, Удине, Горициа и Кормонс.Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани со своето долгогодишно постоење има оставено белег во македонската историја на традиционални уметнички вредности. Формирано е под името „Печалбар“, а подоцна се преименува во „Дримкол“ и од тогаш до денес континуирано и активно работи за негување и презентирање на сценско уметничките вредности со посебен акцент кон...
Европски олимписки комитет: ЕМОФ Скопје 2025 беше екстремно успешно организиран
Post Views: 157 Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 заврши во одлична атмосфера, а Македонија доби пофалби за исклучително организираниот настан. Вчеравечер и официјално беше затворено 18. издание на ЕМОФ, а повеќе од 4000 спортисти од 50 делегации имаа еднаква можност да се натпреваруваат во 15 спорта, при што 40 делегации си заминаа дома со медали, што е одличен показател дека европскиот младински спорт оди во позитивна насока.Првиот човек на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос, не го криеше своето задоволство од сè што беше...
Македонскиот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вечерва на „Охридско лето“
Post Views: 120 На програмата на „Охридско лето“ вечерва е одржина од музичкиот дел, со концертот „Мозаик“ на македонскиот ансамбл „Консонанс“ и уметниците Елена Дојчинова на флејта, Маја Чанаќевиќ на англиски рог, Здравко Ангелов – кларинет, Сашко Темелкоски – бас кларинет и Дарко Илиевски на хармоника. Ансамблот „Консонанс“, основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на своите почетоци беше составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти, но денес во својот состав вбројува и други инструменталисти кои го збогатуваат звукот на овој ансамбл. „Консонанс“ е посветен...
Поради интервенција на ЕВН утре од 9 часот нема да работи пумпената станица Орман
Post Views: 129 Од ЈП Водовод информираат дека поради интервенција на електродистрибутивната мрежа од страна на EVN Македонија, утре, понеделник, од 09:00 часот неколку часа во прекин со работа ќе биде пумпената станица Орман.Во овој период намален притисок и можни прекини во водоснабдувањето ќе има на улиците: „Железничка”, „Гоце Делчев” со споредните улици од населбите Воска и Далјан, дел од бул. „Туристичка”, населбата Чекоштина и с.Орман.
Недела на отците на шесте Вселенски Собори
Post Views: 123 Овој заеднички спомен на првите шест Собори се врши во недела, меѓу 13 и 19 јули. Епохата на Шесте вселенски собори, која траеше повеќе од триста години, беше време на христолошки спорови за Светата Троица, па затоа споменот на Светите отци на Шесте вселенски собори се празнува одделно, како обележје на тоа дека преку светителите на Црквата беа формулирани и утврдени догматите на христијанското учење, односно беше определена богословската основа на вероучењето. Седмиот вселенски собор беше посветен на проблемот на иконоборството.
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Post Views: 142 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен.Во Охрид минималните температури од 18, а максималните до 32 степени Целзиусови.
Денес ќе се одржи 4. издание на „Вкуси го Охрид локално“
Post Views: 133 Вечерва со почеток од 19:00 часот на плоштадот Долна Порта, ќе се одржи 4. издание на манифестацијата „Вкуси го Охрид локално“.Организаторите информираат дека настанот, кој прерасна во препознатлива платформа за афирмација на локалните производи и традиционалната гастрономија, ќе понуди автентично искуство за сите сетила: од дегустација на домашни специјалитети, изложба на занаетчиски производи, до настапи на културно-уметнички друштва.Во нивното соопштение додаваат дека граѓаните и туристите ќе имаат можност да запознаат производители од цела Македонија...
Холандска вечер на „Охридско лето“
Post Views: 110 Музичката програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со Холандската вечер во рамки на која предвиден е концертот на гудачкиот квартет на кралскиот „Концертгебау Oркестар“, со уметниците Марк Даниел ван Бимен и Коралине Гроен на виолина, Санта Визине на виола, Борис Недјалков на виолончело и Арно Питерс како солист на кларинет.На програмата се дела за кларинетски квинтет на Тристан Кеурис, гудачки квартет на Антонин Дворжак и кларинетски квинтет на Волфганг Амадеус Моцарт.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.