Автор: инфодеск
Views: 214 Охрид утре ќе биде домаќин на 39. издание на Охридскиот пливачки маратон – една од најстарите и најмасовните пливачки манифестации во државата. На патеката „Климе Савин“, долга 25 километри, ќе се натпреваруваат 16 пливачи, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција.Стартот на маратонот е закажан за 11 часот кај Свети Наум, додека целта е на градското пристаниште во Охрид.На денешната средба со новинарите, градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека маратонот има огромно значење за градот и претставува многу повеќе од спортски натпревар.„Охридскиот пливачки...
Младите охридски таленти Срна Попова и Наум Љатко со признанија на интернационалниот фестивал MUSICLAND
Views: 308 Членовите на Охридскиот детски хор „БАМБИНО”, Срна Попова и Наум Љатко, заедно со нивниот ментор и уметнички раководител на хорот, м-р Снежана Караџовска-Попова, зедоа учество на 26. издание на Интернационалниот музички фестивал MUSICLAND, кој се одржуваше во Струга од 17 до 29 август.На овој престижен меѓународен музички фестивал настапија 160 изведувачи од 20 земји, а нивните изведби ги оценуваше 18-члено меѓународно жири, во чиј состав беше и уметничкиот раководител на „БАМБИНО”, м-р Снежана Караџовска-Попова.Учесниците беа распределени во пет возрасни...
Асфалтиран патот до црквата „Свети Наум“ во Орман
Views: 178 Заврши асфалтирањето на патот кој води до црквата „Свети Наум“ во село Орман, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.По долгогодишното очекување, жителите на Орман, како и сите верници и посетители на црквата, конечно добиваат уреден и пристапен пат.Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.Од Општина Охрид посочуваат дека продолжува реализацијата на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот и обезбедување рамномерен развој во сите...
Вечерва започнува 8. издание на меѓународната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“
Views: 426 38. издание на меѓународната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, и годинава ќе обедини поети и автори од Македонија и повеќе европски земји.Програмата започнува вечерва во Велестово. Од 21 часот ќе се одржи кус музички концерт на Иван Христов и Петар Чухов од Бугарија, по што следува „Поетски портрет на Јовица Ивановски“, со поетско читање и разговор воден од Јулијана Величковска.Во 22:10 часот е предвидено интернационалното поетско читање „Имаго“, на кое ќе настапат гости од Ирска, Црна Гора, Хрватска, Србија, Бугарија и Романија. Првата фестивалска...
Спуштена завесата на 66. „Охридско лето“, 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност
Views: 201 Со четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето” и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена. Шеесет и шестото издание донесе исклучително богата програма, врвни уметници од повеќе земји, полни концертни простори и публика која со своето присуство и аплаузи покажа дека Охрид повторно живее со уметноста.Годинашното издание понуди 48 фестивалски настани, музички концерти, театарски претстави, џез и балетска вечери, со учество на повеќе од...
Свети Анастасиј – Спасо Радовишки
Views: 171 Свети Анастасиј Радовишки или свети Спасо Радовишки (Радовиш 1774 – Солун 11 септември 1794) е словенски светител – новомаченик. На дваесет години родителите го испратија во Солун да учи занает. Таму го присилуваа да прими ислам, а откако не се откажа од својата вера, беше жестоко измачуван. Но тој ги поднесе сите страдања и најпосле, одејќи кон за него приготвената бесилка, измачениот Анастасиј падна и ја предаде својата душа на Господа. По неговата маченичка смрт, преподобниот Никодим Агиорит го напиша неговото житие.
Сончево и многу топло до 35 степени
Views: 220 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Денес во Охри дтемпературите од 18 до 35 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град и температурите ќе опаднат за неколку степени.
Министерот Сулејмани во работна посета на културните установи во Охрид
Views: 203 Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска престојува во Охрид, во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата.Во Охрид Сулејмани ги посети Центарот за култура и библиотеката „Григор Прличев“, како и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.Директорите на установите го информираа министерот за тековното работење, но и за состојбите и проблемите со кои се соочуваат во секојдневното работење. За време на разговорите посебно внимание беше посветено на програмите и проектите што...









