Автор: инфодеск
Views: 58 На ден 13.10.2024 год. (недела) согласно Календарот за подигнување на селектиран отпад (хартија и картон, пластика и лименки) и реализација на проект за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата, Ј.П.„Охридски Комуналец” ќе ја реализира акцијата од определените улици: „Марко Нестороски“, „Васил Главинов“, „Крсте Мисирков“, „Питу Гули“ и „Ѓорче Петров“.Од претпријатието апелираат граѓаните од наведените улици да ја почитуваат динамиката од календарот.
Денес ќе се одржи предавање за кардиоваскуларните заболувања и нивната превенција кај пациентите со дијабетес
Views: 69 По повод светскиот ден на срцето, Здружението на дијабетичари во соработка со ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување у рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања од Охрид, организира предавање на кое пред присутните ќе говори Др. Јасмина Спасеска Јованоска.На предавањето ќе има и претставници на Крка фарма ДООЕЛ од Скопје, кои со присутните ќе споделат совети и информативни материјали, а исто така ќе вршат и бесплатно мерење на холестеролен притисок, информираат од Здружението на дијабетичари.Целта на овие активности е подигање на свеста за значењето на...
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд
Views: 54 Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец, велат од УХМР.Во Охрид температурата ќе се движи во интервал од 9 до 20 степени Целзиусови.
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 4, УБ 4.2 опфат 2, Општина Охрид
Views: 90 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “бр.53/05, 81/05,24/07, 159/08, 48/10,124/10, 51/11,123/12,93/13,42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18,89/22, 171/22 ),Општина Охрид, на ден 04.10.2024 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оценаЗа планскиот документ ДУП за УЗ 4, УБ 4.2 опфат 2, општина Охрид, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .Како органи засегнати од имплементацијата...
Протести во Тирана, демонстрантите бараа оставка од Рама
Views: 69 Во главниот град на Албанија, Тирана вчера имаше сериозни нереди. Илјадници опозициски демонстранти се судрија со полицијата и фрлаа молотови коктели врз владините згради. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.Пред седиштето на владеачката Социјалистичка партија демонстрантите запалија плакат со ликот на премиерот Еди Рама и извикуваа „долу диктатурата“. Протестите продолжија пред МВР и пред седиштето на градоначалникот на Тирана, кој доаѓа од владејачката партија. Според официјалните податоци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата повредени се...
Зголемени цените на угостителските услуги
Views: 70 Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти.Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто.Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3 проценти, Алкохолни пијалаци зa 0,3 и Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто. Индексот на...
Втор хуманитарен 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“
Views: 76 Во насока на спортско-фудбалско дружење на Јавните претпријатија и приватните компании, а по повод ослободувањето на Охрид, ЈП „Билјанини извори“, втора година втор по ред организира хуманитарен 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“.–Турнирот започнува во четврток, на 24-ти октомври 2024 година, во 19:00 часот и ќе трае до среда, 6-ти ноември 2024 година, за кога е закажан финалниот натпревар. Сите 28 натпревари ќе се играат во Спортската сала „Билјанини извори“. Учество ќе земат 16 екипи: минатогодишниот победник АСП ПАК, Костал Македонија, ЛТХ Леарница...
Акција кабаст отпад У.З.3 и У.З.4 населби Кошишта, Воска и Даљан во четврток
Views: 62 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 10.10.2024 год.(четврток) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.3 и У.З.4 со која ќе се опфатат населбите Кошишта, Воска и Даљан-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 10.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од јавното...








