Автор: инфодеск
Post Views: 270 По повод 5-ти декември, Светскиот ден на волонтеризмот, Црвен крст Охрид во понеделник, 05.12.2022 г. во периодот од 11-20 ч. организира Отворен ден за волонтери.Преку дружење и разговори со наши волонтери од 7 до 77 годишна возраст, присутните ќе можат да се запознаат со изворите за мотивација за волонтирање и да го препознаат клучот на успехот на Црвен крст Охрид кој се огледа токму во искрената посветеност на волонтерите на нашите активности, одвојувајќи дел од своето слободно време, дел од себе, од својата стручност, професионалност, за помош на...
Меѓународен ден на лицата со попреченост
Post Views: 296 Денеска 3-ти декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост.„Лицата со попреченост се дел од нас. Меѓу нив има личности со извонредни интелектуални, уметнички, креативни, спортски и други натпросечни способности и затоа на нив сосема заслужено им прилега името – лица со посебни способности“, напиша градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, на официјалниот фејсбук профил.Како општина и во изминатиот период и во иднина ќе преземаме повеќе мерки за подобрување на нивната општествена положба ( финансиска поддршка на програмските...
Двојно помал интересот за Новогодишните празници на охридското крајбрежје
Post Views: 260 Интересот за Новогодишните празници на Охридското крајбрежје е двојно помал. Според анализите на хотелската асоцијација, за разлика од минатите години голем дел од хотелите не се ниту половично букирани.Тоа се должи на економската и енергетската криза, поскапувањето на аранжманите за 40%, до 50%, но и намалената куповна моќ на туристите.Оваа година ќе имаме половично гости во однос на минатата година. Тоа не е добар знак за овие празници. Сето тоа се должи на псокапувањето на електричната енергија, поскапување на сите артикли и производи – вели...
Отворен ден во Дневен центар Зраци
Post Views: 381 20 години постоење одбележува Дневниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Зраци- Охрид. Денес по повод Денот на лицата со посебни потреби во центарот беше организиран отворен ден. На тој начин по ковид паузата повторно се продолжува со истиот концепт на работа односно со активностите за осамостојување на корисниците вели Зоран Костадиноски, Дефектолог во Дневниот центар. Тој е задоволен од состојбите во дневниот центар и потенцира дека никогаш не бил во подобра кондиција.„Можам да кажам дека Дневниот центар веќе неколку години наназад е...
Отворени денови во Општина Охрид
Post Views: 282 На 3-ти и 4-ти декември, од 11 до 14 часот, ќе бидат организирани Отворени денови на Општина Охрид.Во овој период сите Вие кои имате идеи, предлози и решенија кои би можеле да ни ги презентирате или доколку Ве интересира што имаме предвидено во Буџетот за 2023 година, Ве поканувам да дојдете – напиша градоначалникот Кирил Пецаков.Покрај градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на настанот ќе присуствуваат и претседателот на Советот на Општина Охрид, секретарот на Општина Охрид, раководителите на сектори и одделенија од Општина Охрид, директорите...
Денови на кариера во Охрид
Post Views: 251 На 21-ви и 22-ри декември во Охрид ќе се одржат Денови на Кариера.Настанот ќе се одржува во просториите на касарна ХАБ во период од 12 до 18 часот.Агендата за дводневното случување може да ја најдете на следниот линк
Пронајдена дрога кај охриѓанец
Post Views: 286 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Д.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.При претрес извршен во неговиот дом по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа амфетамин и дигиталната вага со траги од кокаин и тетрахидроканабинол – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Санација на бината во струшкиот центар за култура
Post Views: 338 Во текот на септември и октомври со средства од Министерството за култура беше извршена санација и реконструкција на платото пред летната сцена.Тековно преку донации од културни работници, уметници, здруженија за култура и преку соработка со општествено одговорни компании, како и сопствени средства се работи на санација на главната бина, фасадата и паркот.
Граѓански буџет за 2023 во Општина Дебрца
Post Views: 258 Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2023 година.Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет. Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници – информираат од Општина Дебрца.Во рамките на...
Се издаваат тезги за продажба на новогодишни украси
Post Views: 683 По повод Новогодишните и Божикни празници, ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни и божикни украси на плоштадот „Крушевска Република“.Сите заинтересирани лица кои што сакаат да изнајмат тезги, треба да се пријават најкасно до 05.12.2022 година, во просториите на ЈП „Градски Пазар“ на бул. „Туристичка“ бр. 79.Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП „Градски Пазар“.
Подигнат зелен отпад на ул. Кленоец и Радојца Новичиќ
Post Views: 264 Реализирана уште една вонредна акција за подигнување зелен отпад на улиците „Кленоец“ и „Радојца Новичиќ“.Со цел да им излеземе во пресрет на барањата на жителите од ул. „Кленоец“ и ул. „Радојца Новичиќ“, реализиравме трета акција во есенскиов период за подигнување зелен отпад од уредување на градини и земјоделски производи. Подигнати се 24м3 зелен отпад – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Балетската претстава Дон Кихот вечерва во НОБ
Post Views: 309 На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина. Концерт-мајстор е Јане Бакевски.