Автор: инфодеск
Views: 105 ТППЕ Охрид – Пожарна во СОСУ Св. Кирил и Методиј – Охрид, а во соработка со СВР Охрид, Црвен крст – Охрид и Центарот за управување со кризи, одржа симулациска вежба за евакуација при земјотрес и пожар, и воедно демонстрира високо ниво на професионализам во справувањето со вакви ситуации.Високо ниво на професионалност, координираност и ефикасност во дејствувањето покажаа тимовите на Територијалната противпожарна единица Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид, тимовите за прва помош, реалистички приказ на повреди и психолошка прва помош на Црвен крст...
Работилница на тема „BURNOUT – синдром на работно место” во Црвен Крст Охрид
Views: 64 Во рамките на одбележување на Светскиот ден на менталното здравје, Црвен Крст Охрид на 09.10.2024 (среда) со почеток од 20:00ч организира едукативна работилница на тема „BURNOUT – синдром на работно место”.Eдукативната работилница ќе биде одржана од страна на Ранко Раткушиноски – психолог и Катерина Наумоска – проектен координатор.
Сончево време со умерена облачност и температура до 21 степен
Views: 66 Во Охрид денес сончево време со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21 степен.Во текот на оваа седмица во утринските часови по котлините ќе има ниска облачност, а во текот на денот насекаде ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Во среда и петок ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Температурите ќе бидат во пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија. фото: Ѓоко Симјаноски
Во среда и четврток на ФТУ ќе се одржи гастрономско-едукативен настан
Views: 75 Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во соработка со македонската асоцијација на шефови на кујни Гастромак и Општина Охрид, организира гастрономско-едукативен настан кој ќе се одржи на 9-ти и 10-ти октомври 2024 година.На 9-ти октомври, со почеток во 13:00 часот, ќе се одржи пресконференција во амфитеатарот на факултетот на која ќе говорат:– Г-ѓа Вања Тодоровска, портпарол на Гастромак,– Доц. д-р Климент Наумов, раководител на катедрата по гастрономија при ФТУ-Охрид и– Д-р. Кирил Пецаков, градоначалникот на Општина Охрид, главен...
Неделата на млади исполнета со најразновидни активности
Views: 54 Неделата 1-7 октомври е резервирана за одбележување на НЕДЕЛАТА НА МЛАДИ која беше исполнета со најразновидни активности.Клубот на Млади при Црвен Крст – Охрид учествуваше на заедничко онлајн вклучување на сите Клубови на Млади на територијата на Македонија, се запознаа со активностите од другите Клубови на Млади, и ги презентираа нивните активности и приказни кои го направиле волонтирањето вредно за паметење.-Во оваа прилика им се заблагодаруваме на младите кои секојдневно вложуваат за да го направат светот подобро место за сите нас, велат од Црвен крст...
Младински турнир во шах „Ласкер 2024“
Views: 55 Во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид и со поддршка на Општина Охрид во петокот, во просториите на ООУ „Братство Единство“ се одржа Младинскиот турнир во шах „ЛАСКЕР 2024“.На турнирот учествуваа ученици од VII, VIII и IX одделение од охридските основни училишта. Во категоријата на девојчиња учествуваа 12 ученички, а во категоријата момчиња 40 ученици. Беа одиграни 6 кола по Швајцарски систем. Првото место во категоријата девојчиња и припадна на Јована Котушеска, ученичка во ООУ „Григор Прличев“, а во категоријата на момчињата првото место го освои Огнен...
Избрани најдобрите литературни и ликовни творби на објавениот конкурс на тема: „Сите нијанси на есента во полиња и градини преполни со плодови бои“
Views: 60 Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби и изврши избор на најдобрите литературни и ликовни трудови.Од пристигнатите литературни творби награди освоија :Прва награда во висина од 7.000,00 денари Виктор Милевски 14 години, ОУ„ Григор Прличев“ ОхридВтора награда во висина од 5.000,00 денари, Лина Маркоска VIII одделение, од ОУ„ Кочо Рацин “ , Охрид Трета награда во висина од 3.000,00 денари, Софија Миладиноска, 14 години, од ОУ„ Св Климент Охридски“, ОхридОд пристигнатите ликовни творби награди освоија :Прва награда во...
Денес времето ќе биде сончево со умерена локална облачност
Views: 64 Претпладне на места ќе има појава на ниска облачност, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен в до етер претежно од северозападен правец, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 8 до 20 степени Целзиусови.








