Автор: инфодеск
Post Views: 345 Вечерва со почеток во 20 часот, стендап шоу со Атанас, Тино и Коле во НУ Центар за култура „Григор Прличев” Охрид, голема сала. Картата чини 250 денари.Билетите се ограничени! Бидете брзи! Неверојатно шоу со нов материјал! За ваше трајно задоволство и раздвижување на стомачните ќе се погрижат Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски и Никола Тодороски – велат организаторите.Шоу кое не смеете да го пропуштите!Билети на касата при Центарот или резервирај на 075 283 066 / 046 261 063.
Реконструкција на санитарни јазли во училиштето во Лескајца
Post Views: 259 Започна реконструкцијата на санитарните јазли во училиштето во Лескајца.Во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца, започнаа градежни активности за целосна реконструкција на санитарните јазли. Исто така, во оваа училишна зграда се одвиваат и активности за реконструкција на електричната инсталација – информира градоначалникот Пецаков.
Охридската Библиотека прогласена за Библиотека на годината
Post Views: 383 Библиотекарското здружение на Македонија ја прогласи НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за „Библиотека на годината“.Во образложението на Комисијата се вели: По внимателно разгледување на приложените документи за избор на признанието „Библиотека на годината за 2022 година”, Комисијата во состав: Јана Михајловска-Иванов, Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, Андријана Апостоловска, Елена Станкоска и Ѓултен Ајрули ја донесоа следнава Одлука: Во категоријата основни училишта признанието го добива Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје и...
Бреин о бреин медали и трофеи за охриѓани
Post Views: 352 Со 3 златни медали, 1 сребрен и 2 трофеи се вратија од Обединетите Арапски Емирати шесте охриѓанчиња кои ја претставуваа Македонија на годинешниот осми по ред интернационален натпревар на Бреин о бреин програмата што се одржа на 26 ноември во Дубаи. Ана Тодороска, Софија Трпоска, Давид Јанкоски, Филип Цветкоски, Наум Каневче и Стефан Настевски се генијалците кои го сочинуваа охридскиот тим подлени во две категории со завршено 8 и 10 ниво од браинобраин програмата. Тие се задоволни од постигнатото на светскиот натпревар.„Освоив прво место на...
Обука на полициски службеници од СВР Охрид
Post Views: 362 Денеска, (01.12.2022) во просториите на Регионалниот центар за гранични работи „Запад” во Охрид започна дводневната обука на полициските службеници од СВР Охрид што ја спроведува тим од полициски инструктори од програмата „Сина храброст”, што се реализира преку ИЦИТАП – програмата при Амбасадата на САД во РСМ.Преку оваа програма се подигнуваат капацитетите на полициските службеници преку континуирана едукација и обука, притоа грижејќи се за личниот развој, здравјето и добросостојбата на полициските службеници. Притоа, од страна на...
Потпишани договори за изложбата 100 години Требениште
Post Views: 299 Археолошките предмети пронајдени на требенишката некропола за прв пат беа изложени на едно место во 2019 година во Археолошкиот музеј во Скопје и по ковид пандемијата наредните изложби ќе се одржат во 2023 година во Софија и во 2025 година во Белград.Денес, 3 години по завршувањето на првата изложба во Скопје, трите институции иницијатори продолжуваат со напорите да го реализираат во полн обем овој возбудлив и важен проект за нашите земји.Трите музеи ги комбинираат своите напори во име на пријателските односи меѓу нашите земји и стратешки важното...
Реализиран проектот образовен додаток за студенти
Post Views: 303 Општина Охрид, во врска со својата надлежност за социјална заштита за академската 2022/2023 година, за првпат, додели еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои студираат надвор од општина Охрид и потекнуваат од семејства со социјален ризик, а се со место на живеење во општина Охрид.Право на паричен надоместок – образовен додаток имаа студентите кои ги исполнуваа следните:Општи услови: – да се жители на Општина Охрид; ...
Субвенции на уплатената такса за престој на туристи
Post Views: 269 Општина Охрид објавува Јавен повик за поднесување барања за добивање субвенции на уплатената такса за привремен престој на домашни и странски туристи за период од 01.10.2022 до 30.11.2022 година.Повеќе информации на следниот линк
Хуманитарен концерт во црквата Света Софија
Post Views: 322 Под мотото „Единствени сме во различноста – сите сме еднакви“ утре од 19 часот ќе се одржи хуманитарен настан во црквата „Св. Софија“ во Охрид.На настанот ќе земат учество познати охридски уметници. Билетите чинат 150 денари и истите се подигнуваат на влезот на црквата. Собраните средствата се наменети за Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид.Организатор на настанот е Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Ова е убава можност да се даде поддршка на здружението „Ретко е да си редок“ кое работи на подигнување на свеста за...
Кривична пријава против охриѓанка
Post Views: 664 СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”.Таа, на 11.11.2022 година ангажирала 17-годишна малолетничка да го чува нејзиниот малолетен син со што постапила спротивно на решението на Центарот за социјални работи, според кое синот и бил доделен на чување и воспитување – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Кампања на НП Галичица во средните училишта
Post Views: 233 Од 6-ти до 15-ти декември Националниот парк „Галичица“ заедно со млади ентузијасти, пријатели на паркот ќе воведат неколкудневна кампања, каде ќе ги едуцираат младите за важноста на континуираното спроведување на еколошка едукација во училиштата, поттикнувајќи ги на размислување како до подобрување на моменталната состојба во однос на заштитата на животната средина.Ќе ги посетиме сите средни училишта во Охридскиот регион каде преку дружба и дискусија ќе бидат опфатени повеќе значајни теми: Природни и културни вредности во НП Галичица, Дозволени и...
По која цена купивте леб денеска?
Post Views: 309 Леб по пониска цена, најавија пекарите.Компаниите од прехранбената индустрија, кои од 1-ви декември ќе користат субвенционирана струја во своето производство, треба да ги намалат цените на основните прехранбени производи во претстојниот период. Први од листата основни производи кои треба да се продаваат по корегирани пониски цени за 10% се пекарските.Власта најави засилени контроли од страна на Државниот пазарен инспекторат во маркетите. Министерот за економија ги повика и граѓаните доколку забележат дека цените на основните прехранбени производи во...