Автор: инфодеск
Post Views: 358 Дел од пекарниците најавуваат дека од утре, 1 декември, граѓаните ќе може да купуваат леб и за 32 денари. Во наредниот период, како што велат за МИА, ќе има корекција и на цените на другите пекарски производи, веројатно за околу 10 проценти. Снижувања за над 10 отсто се можни и кај месните производи доколку Владата донесе одлука со која би се укинале давачките на увозните суровини, како што бараат компаниите од овој сектор. Намалени цени во декември не може да се очекуваат кај млечните производи кои, според преработувачите, ќе бидат поевтини од јануари.Ова...
Театар Провокација во сабота гостува во Охрид
Post Views: 243 Во сабота на 10-ти декември со почеток во 20 часот, Театар Провокација ќе гостува во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид и ќе ја изведе преставата „Пациенти“.Цена на картата 200 денари.„Пациенти” е насловот на најновата хит- комедија на Театар Провокација.Ова е претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот. Ова се ситуации во кој ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се...
Охрид ќе расчистува стари ДУП-ови кои не можат да се донесат
Post Views: 804 Граѓаните и охридските советници се интересираат за судбината на урбанистичките планови изготвени пред повеќе од 10 години, но никако да се донесат. Во време кога се крои Програмата за урбанистичко планирање за 2023 година советниците бараат подетални информации за секој план, кога е започнат да се изработува и поради кои причини не е ставен на Совет за усвојување.Во Нацрт програмата за урбанистичко планирање за 2023 година предвидено е донесување на 10-тина ДУП-ови. Урбанистичкиот план за УЗ 4 „Распаќе“ изготвен уште во 2010 година, но 12 години не е...
Балетската претстава Дон Кихот на 2 декември во НОБ
Post Views: 276 На сцената на Националната опера и балет на 2-ри декември 2022 со почеток во 20 часот ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот” од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина. Концерт-мајстор е Јане Бакевски.
На кои медиуми им веруваат охриѓани?
Post Views: 387 Граѓаните ги менуваат своите навики за информирање од медиумите, притоа сè повеќе го користат интернетот, преку мобилен телефон или преку компјутер. Онлајн медиумите се повеќе ги привлекуваат огласувачите, но телевизијата сеуште останува влијателен извор на информирање, и е многу влијателна во формирањето на јавното мислење за политичките и за другите важни општествени прашања, според резултатите од истражувањата направени за потребите на ААВМУ. Информирани граѓани се основата за одржување на едно успешно и силно демократско...
8 декември неработен ден
Post Views: 301 Согласно Законот за празниците на Република Македонија, идниот месец ќе има еден неработен ден.Неработен ден за сите граѓани ќе биде 8 декември (четврток).На овој ден се чествува споменот за Св. Климент Охридски, најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј.
До петок дожд, на планините снег
Post Views: 328 Под влијание на нов влажен бран утре и во четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира УХМР.Во четврток локално врнежите ќе бидат пообилни над 20 л/м2, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела ќе има локални врнежи од дожд.
Завршија градежните работи на ул. Даме Груев
Post Views: 251 Со асфалтирање на потегот каде претходно се изведуваше нова фекална канализација се заокружуваат градежните активности на улицата „Даме Груев“. Целиот потег каде се работеше е вратен во првобитна состојба.Старата и нефункционална фекална канализација се замени со нова, која се стави во функција за жителите од овој дел од градот – информираше градоначаникот Кирил Пецаков.Вредноста на проектот е 900 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Жител на Велес ширел говор на омраза на фејбук
Post Views: 274 СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(50) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски системи”.Тој, на 20.10.2022 година, по текст од еден портал, објавен на социјалната мрежа Facebook, постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Депонирани абразивни средства во Стар град
Post Views: 241 Согласно законските обврски кои ги има ЈП „Охридски Комуналец” околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” депонирани се вреќи со сол и ризла во „Стар Град”.Со овие активности ќе се продолжи на повеќе локации во градот и руралните места со цел нашите служби и жителите превентивно да реагираат во справувањето со голомразица и снежни врнежи – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Започна исплатата на ноемвриските пензии
Post Views: 241 Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 29.11.2022 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец ноември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2022 година (вторник);-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши...
Почина неврохирургот Јовица Угриновски
Post Views: 310 По тешко боледување на 77-годишна возраст почина проф. др. Јовица Угриновски. Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф. Д-р Јовица Угриновски.Проф. Д-р Јовица Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на „НЕУРОМЕДИКА”. Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето. Вечна му слава! – се наведува во соопштението на болницата „НЕУРОМЕДИКА”.Тимот на Твм.мк изразува...