Автор: инфодеск
Post Views: 249 Советот на општина Охрид на седницата одржана на 28.11.2022 година ги донесе нацрт програмите и нацрт буџетот за 2023 година. Се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи.Се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги доставуваат до стручните служби на општина Охрид.Јавниот увид трае 10 дена, почнувајќи од 28.11.2022 година.Повеќе информации на следниот линк
Истрага за обид за убиство на лице од Велешта
Post Views: 306 Основното јавно обвинителство Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство од член 123 став 1, а во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Како што соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, на 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да лиши од живот лице со кое односите му биле влошени поради должничко-доверителски обврски. Оштетениот му должел 2.000 евра на осомничениот и се договориле да се сретнат за да му ги даде....
Охрид ќе блеска во новогодишно руво
Post Views: 223 Охрид ќе биде накитен за Новогодишните празници. И покрај енергетската и економската криза главниот туристички центар ќе има организиран дочек на Новата година на градскиот плоштад.Според градоначалникот Пецаков, програмата се уште не е финализирана, но целокупната организација нема да чини повеќе од 12 000 евра. Забава ќе има два денови на 31 декември и 1-ви јануари.Ќе се украсува Охрид е туристичко место, туристички град и нема да трпи воопшто ниту на украсувањето, а секако ниту на Новогодишната забава, односно на оние кои ќе се погрижат за вечерта...
Нова водоводна линија на улицата Христо Узунов
Post Views: 327 Во тек е поставување на нова водоводна линија на улица „Христо Узунов“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 160 м.
Од полноќ нови цени на горивата
Post Views: 316 Од вечерва на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени.Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на еуросупер БС95 и еуросупер БС98 од полноќ се намалуваат за два денари за литар, па така, литар еуросупер БС95 ќе се продава за 84,5 денари, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 86,5 денари за литар. Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 1,5 денар и од полноќ ќе се продава за 86,5 денари за литар.Од полноќ со нови цени ќе се продаваат и екстра лесното масло за домаќинство и мазутот....
Ново мултифункционално игралиште во ООУ Христо Узунов
Post Views: 315 Ново мултифункционално игралиште за ракомет, фудбал и кошарка доби ООУ „Христо Узунов“ од Охрид. На свечениот настан присуствуваше и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.Овој племенит инфраструктурен зафат го покажува нашиот однос кон образовните институции и нашата грижа за најмладите. Дозволете ми да изразам искрена благодарност до Државната Видеолотарија – Касинос Аустриа за донираната опрема, со која учениците ќе имаат оптимални услови за спортување на отворен простор. Ние како локална самоуправа, целосно сме посветени да обезбедиме најдобри услови за...
Се крои буџетот на Општина Охрид за 2023
Post Views: 274 Нацрт програмите, кои беа денеска на дневен ред на седница, според опозицијата, треба да се доработат со цел да се донесе функционален и остварлив буџет. Не се предвидени средствата за одредени активности кои беа отстранети со ребалансите во претходната година, дел од проектите кои требаше да се реализираат во претстојната година се пролонгираат, за некои се предвидени средства за отпочнување во претстојната година како за реконструкција на плоштадот Крушевска република, но дел се одложени на подолг рок до 2025 год, забележа координаторката на советничката група...
Жител на Радовиш поттикнувал омраза на фејсбук
Post Views: 291 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(58) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски системи”.Тој на 03.08.2022 година, по објавен текст на портал поставен на социјалната мрежа Фејсбук, постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза против одредена група граѓани – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Казнети возачи во Охрид и Струга
Post Views: 537 На 27.11.2022 година од 11 до 17 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници затекнале 176 возачи кои, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-31, Струга-98, Кичево-31, Дебар-16.). Против нив, поднесени се соодветни платни налози. Контролите во сообраќајот ќе бидат интензивирани со цел, зголемена сообраќајна безбедност во патниот сообраќај – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Реставрација на река Сатеска
Post Views: 544 Еден од позначајните проекти кој е во тек на имплементација на територијата на општина Дебрца и воопшто во Охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО е „Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито.”Со проектот се предвидува реставрирање на природното речно корито на река Сатеска со цел да се пренасочи најчесто повторуваниот протек од 15 m3 /s во нејзиното природно корито, што се влева во река Црн Дрим и заштита и намалување на таложењето на наносот во речното корито, со предвидување на антиерозивни мерки и таложник за собирање...
Штајнмајер утре во посета на Македонија
Post Views: 263 Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмајер утре доаѓа во дводневна официјална посета на Република Македонија.Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страница на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Македонија.Во Скопје, како што е најавено, планирани се политички разговори на 29 и 30 ноември,...
Силен земјотрес во Босна и Херцеговина
Post Views: 408 Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил северно од Зеница на длабочина од два километри.Земјотресот бил почувствуван во Завидовиќ, Травник и други места во овој регион. Засега нема информации за евентуално повредени лица и за причинетата материјална штета.Сведоштвата на граѓаните, како што пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина, околу потресот се различни. Додека едни велат дека земјотресот бил силен и траел кратко...