Автор: инфодеск
Post Views: 266 По повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски и 70 години од неговата прва самостојна изложба во галеријата „Охридска порта-Љубица“, на големиот празник Илинден, ќе биде отворена ретроспективната изложба на слики од уметникот кој го воодушеви светот.Семејството на уметникот, особено синот Рубенс, сеќавајќи се на одбележувањата од самите почетоците откога е отворена галеријата, вели дека годинава ќе се направи една ретроспектива во која посетителите ќе имаат една претстава како се движел Вангел во неговиот ликовен израз а со тоа и во неговата идеолошка...
Уникатна вечер со Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија под диригентската палка на маестро Еминовиќ
Post Views: 46 Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ вчеравечер беше дел од музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ .Оркестарот настапи заедно со солистите Симеон Гошев на виолина и Енис Аљи на виолончело. Диригентската палка му беше доверена на маестро Иван Еминовиќ кој соработува со Музичката младина на Македонија повеќе од една деценија.Репертоарот според Еминовиќ беше внимателно одбран за фестивалската публика на „Охридсколето“, а беа застапени домашни и странски композитори.-И оваа година на огромна...
Театарската претстава „Рацин“ – рефлексија за она што претставува денес Рацин
Post Views: 40 Актерите од Народниот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот од Велес вчеравечер маестрално ја одиграа театарската премиера „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски.Претставата беше ново, свежо и несекојдневно доживување и третирање на Кочо Рацин како човек и уметник, но во прв план беше неговата човечка димензија преку која беа претставени и некои други факти кои на извесен начин ги заобиколила историјата.Според режисерот Дејан Пројковски, Рацин е веќе дел од нашата митологија, тој е дел од ДНК-та на секој од нас, а неговата емоција во ова театарско...
Прекин во водоснабдувањето во населбата Св.Стефан
Post Views: 51 При вршење на ископ за изградба на објект од страна на градежна компанија во населбата Св.Стефан, настанат е дефект на главната водоводна линија, односно оштетена е цевка (салонит) со профил ф160 мм, велат од ЈП Водовод Охрид.Прекин во водоснабдувањето од 11:00 часот, ќе има во населбата Св.Стефан на потегот од Хотел Гранит до Горица 2.Екипи на ЈП ВОДОВОД се на терен до целосно завршување со санацијата.
Испраќање на Илинденската коњаница од Славна Дебрца
Post Views: 61 Денес во село Сливово во пресрет на чествување на големиот Христијански празник посветен на св.Илија и чествување на Востанието на македонскиот народ 2-ри Август 1903 – Илинденско востание, се одржа настан на формирање на илинденска коњаница која почнуваќи од село Сливово преку село Песочани и падините на планината Славеј ќе се упатат кон село Ташмаруништа.Дебрца има богата историја започнуваќи од Илинденско Востание се до формирање на партизански одреди како и донесување на одлуката за возобновување на Охридската архепископија како и Македонската...
Денес и утре на дел од просторот на комплексот „Св.Наум” Армијата ќе одржи тактичко-технички активности
Post Views: 51 Денеска (31.07.2024) од 11 до 14 часот и утре (01.08.2024) од 12 до 14 часот, на дел од просторот на комплексот „Св.Наум” во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај комплексот „Св.Наум”, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и...
Чешка вечер со трио „Халир“
Post Views: 48 Традиционалната Чешка вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува со поддршка на Чешката амбасада во Македонија, вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе целовечерен концерт на триото „Халир“.Ова трио e оформено во 2016 година со цел да се одржи споменот на ликот и делото на Чешкиот виртуозен виолинист Карел Халир (1859-1909). По неочекуваната смрт на водечкиот чешки пијанист Вацлав Маха, триото „Халир“ го сочинуваат: Едуардо Гарсија Салас (шпански виолинист кој живее во Прага), словачката виолончелистка Јана Подолска и чешката...
8-мо издание на Drim Short Film Festival во Струга
Post Views: 53 Oд 8-ми до 11-ти август во Струга ќе се одржи осмото издание на Drim Short Film Festival.–Осмото издание на фестивалот ќе се одржи со идејата за „Бесконечна слобода“, за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат. Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес...







