Skip to main content

Автор: инфодеск

Маслото Брилијант поевтино за 40 денари

Post Views: 356 Сашо Наумоски, директорот на „Витаминка“ вчера објави дека цената на маслото за јадење на брендот „Брилијант“ е намалена за 40 денари во изминатиот период.Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината, рече вчера Наумоски при посетата на премиерот Димитар Ковачевски во фабриката.Пикот на кризата со цените на маслото беше во периодот април-мај по избувнувањето на војната во...

Продолжи со читање

Денеска променливо облачно и ветровито

Post Views: 249 Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, на некои места од земјата се очекува да провејува снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови од -2 до 4 степени, а дневната од 3 до 10 степени Целзиусови.И утре, според УХМР, утрото ќе биде студено со температура од -5 до 4 степени, а преку денот времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Продолжи со читање

Вредни награди за охридските Бреинобреин генијалци

Post Views: 288 На еден од најголемите интернационални Бреинобреин натпревари, на светскиот БОБ натпревар, кој на 26 ноември 2022 година се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, на кој преку 10000 деца од 44 земји од светот се натпреваруваа во стекнатите вештини и мултитаскинг техниките од БРЕИНОБРЕИН програмата, сите 6 деца-натпреварувачи кои ја следат БРЕИНОБРЕИН програмата во охридскиот Центар за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, освоија вредни награди и признанија.Со задоволство Ве покануваме на средба со учесниците на БРЕИНОБРЕИН натпреварот во...

Продолжи со читање

Гостин фрлал предмети во угостителски објект

Post Views: 252 На 26.11.2022 во 16:40 часот М.Т.(36) од Охрид пријавил дека во угостителски објект во Охрид по претходно недоразбирање со вработен во објектот, од страна на Е.З.(33) од Охрид бил нарушен јавниот ред и мир, при што фрлал и предмети.По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Во понеделник започнува Божиќниот пост

Post Views: 307 Во понеделник на 28 ноември 2022 година почнува Божиќниот пост, а завршува на Божик, петок, 6 јануари 2023 година.Се верува дека Божикниот пост бил воведен уште во IV век, а целото времетраење од 40 дена го добил во 12 век. Постот не значи монотона исхрана или гладување, туку урамнотежена исхрана со растителна храна.Во текот на целиот божиќен пост не се јаде месо, бело месо и јајца. Маслото и виното се дозволени во сите денови освен среда и петок, кога се пости „на вода“.Риба се јаде секоја сабота и недела, како и на Воведение на Пресвета...

Продолжи со читање

Денеска е Свети апостол Филип

Post Views: 380 Еден од дванаесетте апостоли. Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух, Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција. Во Грција, Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси. Така, еврејскиот првосвештеник којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори и ги проголта злобните гонители...

Продолжи со читање

Картичка Охриѓанка за купување со попуст за охриѓани

Post Views: 2.007 Компанијата „Inside“ и познатата фејсбук страница „Охриѓани“  креираа картичка наречена „Охриѓанка“, со која охриѓани ќе можат да купуваат со попусти во објекти кои ќе ја поддржат иницијативата во градот.Секој охриѓанец, кој ќе ја купи картичката, ќе може да ги користи попустите во бутици, туристички агенции, фитнес центри, продавници за обувки, козметички салони, парфимерии, ресторани, кафе барови и други објекти, кои ќе ја поддржат иницијативата. Целта ни е и во текот на зимските месеци да се раздвижи економијата во градот, а на лето кога ќе се зголемат...

Продолжи со читање

Одржан концертот Sound of Egypt

Post Views: 334 Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков и секретарот на општината Александар Китески, синоќа присуствуваа на годинешниот концерт „Sound of Egypt”.Големо задоволство ми причинува што Охрид беше домаќин на овој прекрасен културен настан преку кој доаѓаат до израз нашите заеднички заложби за негување на културата, традициите и обичаите на Египќаните. Тие се важна алка во градење на соживот и меѓусебно почитување и разбирање во општеството. Мултикултурализмот и еднаквоста треба да бидат важен приоритет во нашето секојдневно делување, а...

Продолжи со читање

Рамадани со груби навреди кон новинарката Додевска

Post Views: 283 Наместо одговор на легитимно поставено новинарско прашање за работата на топланата Скопје, Север, директорот Куштрим Рамадани упати груби навреди и омаловажувања кон новинарката Катерина Додевска од МКД.мк.Во телефонски разговор помеѓу колешката Додевска и директорот Рамадани, поврзан со тема околу дозволите на оваа топлана, Рамадани на груб начин со недоличен речник ја пцуе новинарката со зборовите Пи*ка ти материна… матер ти е*ам!ЗНМ алармира дека ваков однос кон новинарите и медиумските работници од страна на одговорни лица е...

Продолжи со читање

Охриѓанец нападнал двајца малолетници

Post Views: 272 На 25.11.2022 во 15:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Охрид по претходна расправија Д.Р.(46) од Охрид физички нападнал двајца малолетници од Охрид.Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст

Post Views: 447 Свети Јован Златоуст бил Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса.  Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема...

Продолжи со читање

Второ издание на Идентитетот е приказна од Иван Антоновски

Post Views: 337 Издавачката куќа „Полица” објави второ издание на првата книга за есеистиката на Горан Стефановски – „Идентитетот е приказна” од Иван Антоновски, најдобриот млад научник во хуманистичките науки во 2021 година, на кого му беше доделено признанието „Успешни млади”. Второто издание на „Идентитетот е приказна” се случува по само месец и половина од објавувањето на првото издание по повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски, кое веќе се исцрпува по големиот интерес на читателите и одгласите на македонската книжевна наука, а веќе...

Продолжи со читање