Skip to main content

Автор: инфодеск

Општина Охрид ќе го одбележи 2-ри август Денот на Републиката

Post Views: 113 Оваа година се навршуваат 121 година од Илинденското Востание и 80 години од првото заседание на АСНОМ. Со повеќе свечености, општина Охрид ќе го одбележи претстојниот празник 2-ри август – Денот на Републиката.Настаните ќе започнат четврток во 20.30 часот со обраќање на градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, а ќе се положи и цвеќе пред спомен-обележјето на Илинденците во село Велгошти. Свој настап ќе имаат учениците од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти, македонската виолинистка Сања Зјделар и танцовиот клуб „Соната“.Во петок во градскиот парк во...

Продолжи со читање

Младински Центар Охрид организира летна ликовна школа

Post Views: 55 Младински Центар Охрид во период од 12.08 до 16.08 организира летна ликовна школа под менторство на наставникот по ликовно образование Димитрие Ристески.Летната школа ќе опфати теорија на ликовниот јазик, кратка историја и ликовно изразување преку цртање, сликање и вајање. Реализација од идеја, скица крајно ликовно дело.Организаторите напоменуваат дека летната школа е бесплатна, но местата се ограничени, а сите заинтересирани можат да резервираат нивното место на линкот најдоцна до 09.08.2024.

Продолжи со читање

Почина Мирјана Мијалкова – поранешен новинар и уредник  во Радио Охрид

Post Views: 50 Денеска во 76 година од животот по кусо боледување почина Мирјана Мијалкова, поранешен новинар и одговорен уредник во Центарот за печат и радио Охрид.Мирјана Мијалкова роден Стевчева животниот пат го почнува  во Куманово  а од раното детство  живее во Охрид.Завршила славистика на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил Методиј“ во Скопје.Од  1986 до 2003 работеше како новинар , а потоа до 2006 година беше одговорен уредник во Радио Охрид.Претходно во Штип го уредувала весникот на ЗИК „Црвена Ѕвезда“ а била соработник и...

Продолжи со читање

Признание за директорката Поповиќ за промовирање на Американската култура на „Охридско лето“

Post Views: 45  Амбасадата на САД во Скопје синоќа, во рамките на Американската вечер на програмата од Фестивалот „Охридско лето“, на директорката Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Северна Македонија. Ова високо признание е одобрено со печат од Стејт департментот во Вашингтон.Агуста Филбин, Американската аташе за култура во Македонија, кажа дека признанието се доделува во знак за благодарност за долгогодишната соработка со Американската амбасада, унапредување на...

Продолжи со читање

Тектонската појава „Дувало“ прогласена за природна реткост

Post Views: 68 Уникатната тектонска појава на локалитетот „Дувало“ во атарот на с. Косел е прогласена за природна реткост согласно решението на Министерството за животна средина и просторно планирање.Локалитетот Дувало се наоѓа на оддалеченост од 7 км северно од Охрид на десната страна од регионалниот пат Охрид Битола во с. Косел и е на надморска височина од 750 метри и површина од 0,49 хектари. Со оваа природна реткост стопанисува Општина Охрид, а со цел да се обезбеди нејзина заштита  од општинскиот буџет се издвоени еден милион денари.

Продолжи со читање

Охриѓанец пријатно изненаден од брзата реакција на ЈП Охридски Комуналец

Post Views: 61 Во рубриката Ти Си Твојот Град денес пристигна видео од наш сограѓанин на кое може да се забележи дека во близина на Градскиот пазар во Охрид, во најфреквентниот дел од градот, насекаде има расфрлано ѓубре од искинати документи на кои се гледа дека претходно биле во сопственост на жител од Охрид.Откако го добивме видеото, после 10 минути нашиот сограѓанин ни испрати и други слики, каде се гледа дека по неговата навремена реакција до ЈП Охридски Комуналец, вработените веднаш реагирале и изразува благодарност за нивната работа.Од...

Продолжи со читање

ЈП ВОДОВОД Охрид апелира рационално и внимателно да се користи водата за пиење

Post Views: 60 ЈП ВОДОВОД Охрид испраќа апел до сите корисници, рационално и внимателно да ја користат водата за пиење.-Во деновите што следат, со екстремно високи температури како и исполнетоста на градот со туристи, особено  во периодот од 17:00 до 21:00 часот   кога потрошувачката на вода е екстремно  голема ,  да се избегнува наводнување на поголеми површини (бавчи, ниви и паркови), полевање на дворови и улици, полнење базени и сл. со цел да се избегне нестабилност во водоснабдувањето, односно водата наменски да се користи како сите жители би имале непрекинато...

Продолжи со читање

Крешник Бектеши

Кривична за поранешниот министер Бектеши, за ДУИ потегот на МВР е „лов на политички вештерки”

Post Views: 54 Поранешниот министер за економија Kрешник Бектеши доби кривична пријава, се сомничи  за сторено кривично дело „попречување на правдата”. Според МВР вршел притисок врз началникот  во СВР Охрид за време на изборите. На денот на изборниот молк праќал  командувачки пораки.Министерството за внатрешни работи ја објави оваа информација во дневниот билтен на 25 јули без да прецизира дека станува збор за поранешен висок функционер.– На 7 мај, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР...

Продолжи со читање