Skip to main content

Автор: инфодеск

7 пехари за ЈП Охридски Комуналец

Post Views: 261 Во конкуренција од над 30 јавни претпријатија, ЈП „Охридски Комуналец“ освои 7 пехари и 12 дипломи, информираа од претпријатието.Кошарка жени-златен медалНајдобар кошаркар (жени) – Магдалена Билбилоска- златен медалКошарка жени – фер плеј екипа-златен медалМал фудбал мажи-златен медалИзнесување на смет-златен медалПикадо жени-сребрен медалМиење на јавни површини-бронзен медалШах мажи – фер плеј екипа-златен медалНастанот кој беше во организација на ССМ, се одржа од 15-ти до 18-ти септември во хотелот Десарет во Охрид.

Продолжи со читање

Соработка помеѓу Општина Охрид и УИНТ

Post Views: 334 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, проф. д-р Иван Бимбиловски потпишаа меморандум за соработка.Со овој документ двете страни се обврзуваат на воспоставување заедничка соработка помеѓу двете институции, реализација на едукативна, научна, апликативна и соработка со користење  на модерните трендови на информатичко- комуникациските технологии во работењето на Општина Охрид. Реализација на заеднички проекти од научен, административен и развоен карактер. Претставување и...

Продолжи со читање

Дизелот поевтинува за 3 денари

Post Views: 333 Регулаторната комисија за енергетика одлучи за 1,38 проценти во однос на претходната одлука да го поевтини дизелот, додека цената на бензинот останува иста.Ова значи намалување на цената на дизелот за цели три денари за секој литар во однос на претходно, додека малопродажните цени на бензините не се менуваат.Од ноќеска на полноќ Еуродизел ќе се точи по цена од 92 денари по литар, додека Еуросупер БС 95 и Еуросупер БС 98 ќе се продаваат по истата цена како и досега, односно 84,50 денари за БС 95 и 87 денари за секој литар БС 98.Од Регулаторна...

Продолжи со читање

Случајот со струшката депонија заглави на апелација

Post Views: 379 Судскиот процес за струшката депонија заглави во Апелационен суд. Веќе седум месеци се чека одлуката на Апелациониот суд Битола, по поднесената жалба од страна на тужените, коишто струшкиот суд го прогласија за ненадлежен за ваков судски процес. Екологистите алармираат, велат проблемот со струшката депонија бара итно решавање, бидејки иминативе пет години нема никакво подобрување на состојбите со управувањето со отпадот.Нов еко-проблем во струшко е повеќекратното спалување на дивата депонија во село Лабуништа.Со самото пасивно постапување на Апелациониот...

Продолжи со читање

Млада жена убиена од својот сопруг

Post Views: 458 Во стан во Земун пронајдено е мртво тело на 27-годишна жена. Хорор сцени ги разбудија нејзините соседи.Како што пишуваат српските медиуми, полицијата ја пронашла мртва со тешки повреди на главата, а имала и завои преку устата.Станува збор за семејно насилство кое завршило со убиство и приведување на осомничениот – сопругот 33-годишен – соопштиле од полицијата.Повеќе детали за случајот засега не се откриваат. 

Продолжи со читање

Црвен Крст изрази благодарност до ПН Метал

Post Views: 413 На почетокот на оваа школска година, Црвен крст Охрид по четврти пат ја организираше хуманитарната акција „Даруваме радост за првачињата“ која имаше цел да се обезбеди училишен прибор за првачињата од социјално ранливите семејства од сите основни училишта на територија на Општина Охрид.Во рамките на оваа акција со донација од компанијата П.Н. МЕТАЛ Дооел Охрид се обезбедија 50 училишни ранци со комплет училишен прибор и спортска маичка, како и два преносни компјутери кои ќе се наоѓаат во просториите на Црвен крст Охрид и ќе можат да ги користат учениците за...

Продолжи со читање

Филмот Улиште на 21 и 22 септември во Охрид

Post Views: 473 Косовскиот филм „Улиште” на режисерката Блерта Башоли, копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид на 21 и 22 септември 2022 година со почеток во 20 часот. Влезот ќе чини 100 денари.„Улиште” е за жена од Косово чиј сопруг исчезнал во косовската војна и која се бори против патријархалното општество за да ја одржи својата фирма. Македонски копродуцент е „Црна мачка продукција” и продуцентите Кристијан Буровски и Томи Салковски.

Продолжи со читање

Обвинение за поранешен јавен обвинител

Post Views: 291 Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе обвинение против поранешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид за продолжено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на обвинителството: Обвинетиот, во периодот од 19 ноември 2013 година до 25 ноември 2021 година, додека се уште ја извршувал функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Охрид, очигледно несовесно...

Продолжи со читање

Препознај Пријави Спречи Дискриминација

Post Views: 288 Еднодневен настан на тема „Еднаквост и недискриминација“, ќе се одржи утре во Охрид на платото кај Порта Александрија. Настанот се одржува под мотото „Препознај, Пријави, Спречи Дискриминација“.Целта на овој отворен ден е едукација на граѓаните и граѓанките на темата еднаквост и недискриминација, но и преставување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација како тело кое нуди заштита од сите типови на дискриминација.Претставниците на Комисијата се отворени за дискусија со локалното население и ќе бидат подготвени да одговорат на сите прашања...

Продолжи со читање

Младите во фокусот

Post Views: 244 Денес од 11 часот во малата сала на Општина Охрид, Клубот за младински прашања и политики, во соработка со Општина Охрид и Институтот за добро управување и евроатлански перспективи, ќе одржат настан за иницијативата „Младите во фокусот“.Настанот има за цел зајакнување на соработката помеѓу Собранието и единиците на Локалната самоуправа со вклученост на граѓанскиот сектор.

Продолжи со читање

Претставата Сопружници во петок пред охриѓани

Post Views: 218 Во петок со почеток во 20 часот во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна преставата „Сопружници“ – Вуди Ален, режија Драгана Таневска.Играат : Ивица Цонев, Eлизабета Стефановска, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.„Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од...

Продолжи со читање

Младо момче убиено во Гостивар

Post Views: 405 Трагичен настан вчера во Гостивар. Момче на возраст од 28 години е убиено во близина на булеварот „Гоце Делчев“ во градот, објави „Гостивар прес“.Според информациите на порталот од полицијата, жртвата е 28-годишен гостиварчанец со иницијали Г.А.Околу 19 часот и 40 минути во полиција било пријавено дека во гостиварската болница „Ферид Мурад“ бил донесен 28-годишниот гостиварчанец Г.А, со влезно-излезна прострелна рана во главата – велат од СВР Тетово.На момчето му била укажана помош, но тоа им подлегнало на повредите. Засега не се познати други...

Продолжи со читање