Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес на градскиот плоштад и пристаништето ќе биде реализирана националната кампања „До вас, за вас“

Post Views: 136 Денес  во Охрид ќе биде реализирана националната кампања „До вас, за вас“ која има превентивен карактер и претставува форма за приближување на полицијата до граѓаните и е во рамките на концептот „Комјунити полисинг- Работа во заедницата“.Спроведувањето на предвидените активности, ќе се одвива во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев а според планираните мерки, ќе се спроведе заедничка вежбовна активност во која ќе учествуваат полициски службеници од СВР Охрид, граничната...

Продолжи со читање

Чудата на светиот Архангел Гавриил

Post Views: 150 Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој Архангел во една ќелија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа ќелија и денес се нарекува ќелијата „Достојно ест“. Во оваа прилика...

Продолжи со читање

Сончево и многу топло

Post Views: 114 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека утре и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.Во Охрид температурите од 19 до 36 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ДУП за УЗ 11

Post Views: 119 Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина ОхридО Р Г А Н И З И Р АЈавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за  ДУП за УЗ 11, УБ...

Продолжи со читање

Љубомир Глигоров е првиот Македонец кој го изведе најдлабокото нуркање во Охридското езеро

Post Views: 294 Нуркање на максимална длабочина од 132 метри и во времетраење од 130 минути, е рекордот на првиот Македонец Љубомир Глигоров кој го изведе најдлабокото нуркање во Охридското езеро.-Никој на светот досега не креирал гас за големи длабочини, тоа е многу комплексна работа, учев и истражував со години, го усовршував миксот. Не можете да нурнете само со водород, морате да направите безбедна методологија за враќањето, со години ги правев пресметките. Ова достигнување е важно и од еден друг аспект. Хелиумот што се користи за нуркање е многу поскап од водородот....

Продолжи со читање

Грчка вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Данае Доркен

Post Views: 128 Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ оваа вечер ја има резервирано за солистичкиот концерт на германската пијанистка со грчко потекло Данае Доркен.Доркен е една од најбараните уметници на нејзината генерација, позната по нејзината неверојатна техника, фантастична сценичност и длабочина на музичката мисла.На само седумгодишна возраст, Данае Доркен веќе била поддржувана од познатиот Јехуди Мењухин и уште тогаш ги освојува симпатиите на публиката со „нејзиното уживање во интерпретирањето на музиката“. По студиите со Карл-Хајнц Кемерлинг и со...

Продолжи со читање

Расчистена нова дива депонија во Љубаништа

Post Views: 132 Од ЈП Охридски Комуналец информираа за нивната најнова интервенција во с. Љубаништа, каде е расчистена нова дива депонија.-Подигнати се 52 м3 непрописно одложен отпад: кабаст отпад, градежен шут и др. вид отпад. Повторно остро реагираме на ваквото масовно одлагање отпад на јавни површини и формирање диви депонии кои ја загрозуваат животната средина, се вели во нивното соопштение.

Продолжи со читање

Утре ќе се одржи 4. издание на „Вкуси го Охрид локално“

Post Views: 115 Утре, 26 јули (сабота), со почеток од 19:00 часот на плоштадот Долна Порта, ќе се одржи 4. издание на манифестацијата „Вкуси го Охрид локално“.Организаторите информираат дека настанот, кој прерасна во препознатлива платформа за афирмација на локалните производи и традиционалната гастрономија, ќе понуди автентично искуство за сите сетила: од дегустација на домашни специјалитети, изложба на занаетчиски производи, до настапи на културно-уметнички друштва.Во нивното соопштение додаваат дека граѓаните и туристите ќе имаат можност да запознаат производители од...

Продолжи со читање

Никола Кукунеш е нов в. д. директор на Струшките вечери на поезијата

Post Views: 314 Никола Кукунеш e нов в.д. директор на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“. Кукунеш на функцијата доаѓа на местото на Цветанка Маркоска, чиј мандат како в.д. директор престана со решение на Министерството за култура и туризам од 15 јули 2025 година. Тој е и советник во Советот на Општина Струга од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Фестивалот ќе се одржи од 21 до 24 август, а ќе присуствуваат 26 странски поети. Годинашен лауреат на Златниот венец на СВП е словачкиот поет Иван Штрпка.

Продолжи со читање

Денеска се прославува и иконата на Пресвета Богордица – Троеручица

Post Views: 149 Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно римско царство се појави ереста на иконоборството, тогаш светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони. Заради тоа, безбожниот иконоборен цар Лав III Исавријанец го наклевети Јована пред Калифот за божемно ковање завера против калифот, заради што на Јован...

Продолжи со читање

Денес и утре нѐ очекуваат рекордно високи температури, од недела заладување

Post Views: 124 Денес времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.Утре, пак, ќе се задржи многу топло време со температура која во Македонија наместа ќе достигне и 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 18 до 37 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков оствари средба со италијанскиот амбасадор Н.Е. Паоло Палминтери

Post Views: 109 Протоколарна средба остварија, денес, градоначалникот Кирил Пецаков и Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери.Соговорниците на средбата разговараа за унапредување на меѓусебната соработка со можност за остварување директна соработка помеѓу општина Охрид и градови од Италија со кои Охрид има слични карактеристики.Исто така се разговараше и за соработки во други области како образование, туризам , култура. Градоначалникот го запозна Амбасадорот со тековните проекти кои се реализираат во Охрид, како и за планираните активности кои ќе се реализираат во...

Продолжи со читање