Автор: инфодеск
Post Views: 179 Со заедничка инвестиција помеѓу Владата и Општина Охрид од околу 83 милиони денари се реконструира улицата „Кленоец“. Со реконтрукцијата опфатени се целосна промена на атмосферската канализација, фекалната канализациона мрежа, асфалтирање и уредување на тротоарите.–Имаме целосна промена на водоводната мрежа, атмосферската канализација, фекалната канализациона мрежа, асфалтирање и уредување на тротоарите. Зошто беше толку важно, ова беше улица каде што а самата водоводна линија претставуваше поврзување на повеќе од 10 до 12.000 жители коишто...
Мицкоски, Јаневска и Пецаков во увид на реконструкцијата на гимназијата „Св. Климент Охридски“
Post Views: 199 Министерката за образование Весна Јаневска со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во реконструкцијата на гимназијата „Св. Климент Охридски“.-Вложувањата во реконструкција на Гимназијата досега во вкупна сума претставуваат околу 100 милиони денари. Тука досега е направено уредување на дворот, партерното уредување, оградата околу училиштето, машинско греење, внатрешна и надворешна дограма, кровот секако како еден од најбитните елементи, а во последната фаза на решавање на охридската гимназија...
Од понеделник посебен режим на паркирање на „Илинденска“, „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ во Охрид
Post Views: 186 Од Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид информираат дека од понеделник, 13 јули, започнува примената на посебниот режим на паркирање на улиците „Илинденска“, „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“, согласно одлуката на Советот на Општина Охрид.Од претпријатието посочуваат дека паркинг-местата на наведените улици се наменети за користење од страна на резидентните жители кои располагаат со соодветна документација за живеалиште на наведените улици, доказ за сопственост или користење на возилото и важечка резидентна налепница. За овие жители паркирањето на обележаните...
Следува период на претежно стабилно и топло време
Post Views: 151 Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.Максималната дневна температура до 30 степени.Температурите во Македонија до максимални 38 степени.Следува период на претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во недела се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Со гала концерт на Ермонела Јахо и Чарлс Кастроново в недела ќе биде отворено 66. „Охридско лето“
Post Views: 156 Со гала концертот „Љубов“ на големата оперска ѕвезда Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Тие ќе настапат под диригентската палка на Италијанецот Марко Боеми а во придружба на Националната опера и балет.Според првиот човек на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски,токму во вечно инспиративниот Охрид се испреплетуваат традицијата и убавината, а уметноста добива нова димензија и нова сила преку фестивалот што веќе 66 години...
Mоќта на органодарителството, од механичка пумпа до ново срце
Post Views: 164 Ги одбројувале деновите чекајќи ново срце. Живееле приклучени на механичка пумпа, со батерии, кабли но и надеж. Денес двајца Македонци сведочат дека донирањето органи значи нов живот.Нагип Али имал само 27 години кога дознал дека единствениот спас му е трансплантација на срце. Во Австрија поминал низа операции. Живеел со механичка ппумпа, нестрпливо чекајќи го повикот што му подарил нова шанса за живот.„По тие дванаесет месеци потпишав согласност срце за мене да се бара и надвор од...
Во Охрид ќе се градат 145 нови станови, издадени 12 одобренија за градење во мај
Post Views: 219 Во Охрид во мај годинава издадени се 12 одобренија за градење, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Од нив, седум се издадени на физички лица како инвеститори, а пет на деловни субјекти.Со издадените одобренија е предвидена изградба на 145 нови станови со вкупна корисна површина од 9.494 квадратни метри. Најголем дел од планираните станови се двособни – 89, додека 46 се трособни.Во Струга, во истиот период, се издадени 10 одобренија за градење. Девет од нив се на физички лица како инвеститори, а само едно на деловен субјект. Со...
Избрано најдоброто идејно решение за Младинскиот културен центар во Охрид
Post Views: 149 Коалицијата на младински организации СЕГА ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобро идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на поранешната менза во рамките на касарната „Михајло Апостолски“ во современ Младински културен центар во Охрид.Конкурсот беше реализиран во рамките на Програмата на Младински центар Охрид 2025–2026, со финансиска поддршка од Општина Охрид, а целта е избраното решение да послужи како основа за изработка на основниот проект и идната реконструкција на објектот.Стручната комисија ги избра трите...







