Skip to main content

Автор: инфодеск

Санација на детското игралиште во Лескајца

Post Views: 247 Екипи на Јавното претпријатие „Градски пазар” изведуваат активности за санација и реконструкција на детското игралиште во рамки на ООУ „Братство единство” Лескајца.Предвидено е да се изврши промена на оградата, поставување на спортски реквизити, реконструкцијата на трибините и фарбање на игралиштето.Средствата за овие активности се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Oхридскиот див костен со висок биопотенцијал

Post Views: 330 Охридскиот див костен со најдобар биолошки потенцијал и високо антимикробно дејство посилно од некои антибиотици покажува последното истражување на тим универзитетски професори од Македонија, Србија и Турција.Истражувањето е спроведено врз примероци див костен од Охридскиот, Струмичкиот и Скопскиот регион, а фасцинантни резултати во овие обеми анализи прикажаа екстрактите добиени од Охридскиот див костен.„Навистина беше едно спонтано но би рекла обемно истражување од секој аспект. Пред се од аспект на утврдување на хемискиот состав на дивиот костен,...

Продолжи со читање

Дизелот поевтинува за два денари

Post Views: 344 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41% во однос на одлуката од 12.09.2022 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 16.09.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин...

Продолжи со читање

Општина Охрид со поддршка за Дејан Трајанов

Post Views: 374 Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков денеска оствари средба со пица мајсторот Дејан Трајанов Чеде.Познатиот пица мајстор на „Гастро туристичкиот фестивал“ 2022 година освои златен медал во категоријата на подготовка на пица и сребрен медал во категоријата за подготовка на паста и златен медал за апсолутен победник.Му честитам за постигнатиот успех. Општина Охрид ќе го поддржи за претстојниот натпревар во Република Бугарија, кој треба да му ги отвори портите за учество на Светскиот натпревар за подготовка на пица кој се одржува во Италија...

Продолжи со читање

Велгоштанец нападнал жител на Свиништа

Post Views: 678 На 14.09.2022 во 15:20 часот во СВР Охрид пријавено е дека во близина на деловен објект во охридското село Косел, М.А.(52) од селото Велгошти физички го нападнал А.Н.(36) од селото Свиништа.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Реконструирана училишната зграда во Оровник

Post Views: 289 Со цел подобрување на условите во образованието, реконструирана е училишната зграда во село Оровник.Изминатиот период извршивме санација/реновирање на училишната зграда во с. Оровник. Средствата во износ од 587.300 илјади денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца. Продолжуваме континуирано да инвестираме во подобрување на образованиетo – вели Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца.

Продолжи со читање

Жител на Косел фатен со кокаин

Post Views: 385 На 14.09.2022 во 18:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(23) од охридското село Косел.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин, информираат од СВР Охрид.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

На повидок крај на пандемијата со коронавирусот

Post Views: 405 „Светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на Ковид-19, која уби милиони луѓе од крајот на 2019 година“, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус.Минатата недела неделниот број на смртни случаи од Ковид-19 падна на најниско ниво од март 2020 година. Никогаш не сме биле во подобра позиција да ставиме крај на пандемијата. Некој што трча маратон не застанува кога ќе ја види целта, тој трча побргу со сета енергија што му останува. Така и ние – рече шефот на СЗО.Тој порача дека...

Продолжи со читање

Тајфунот Муифа ја погоди Кина

Post Views: 386 Силни ветрови и обилни дождови го зафатија источниот брег на Кина, а тајфунот Муифа предизвика превентивна евакуација на повеќе од милион луѓе и откажување на летовите во Шангај.Сепак, властите не пријавија смртни случаи, повредени или поголема штета, делумно поради тоа што беа преземени бројни превентивни мерки.Муифа е најсилниот тајфун што го погодил Шангај, најнаселен кинески град со 25 милиони жители, од 1949 година, објави државната телевизија CCTV.Поради ризикот од поплави или оштетување на домовите, над 400.000 Шангајци се евакуирани на...

Продолжи со читање

Минималната плата во Србија 343 евра

Post Views: 350 Владата на Србија ја донесе Одлуката за минимална плата за 2023 година, која ќе изнесува 40.020 динари (343 евра), објави Бета.Минималната цена на трудот на тој начин ќе биде повисока за 14,3 отсто, односно треба да се зголеми од 201,22 динари по работен час на 230 динари (од 1,71 на 1,96 евра).Особено е важно што е постигнато минималната плата всушност да расте повеќе од инфлацијата, за да се зачува, но и да се подобри квалитетот на животот на граѓаните на Србија – велат од Владата на Србија.

Продолжи со читање

Подобрување на инфраструктурата во Вевчани

Post Views: 321 Ќе се реконструира пристапната улица до спортско – образовниот комплекс во Вевчани. За таа намена обезбедени се 2 150 782‬,00 денари. Во текот на 2022 година подготвени се десеттина предлог проекти и аплицирани до повеќе институции.По завршување на процесот на евалуација на предлог проекти, дел од институциите започнаа со објавување на информации за одобрување на средства за финансирање на проекти. Во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2022/2023 година обезбедени се средства за реализација на проектот „Подобрување на патната...

Продолжи со читање

Привршуваат уписите во Бреинобреин

Post Views: 274 Привршуваат уписите во есенскиот циклус во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид за деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма.Драги Родители, ако сакате Вашите деца да ги стекнат, развиваат и потврдуваат способностите за концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми, тогаш Ве очекуваме на вистинското место за тоа, во Центарот за развивање на...

Продолжи со читање