Skip to main content

Автор: инфодеск

При претрес во автокамп пронајдена дрога кај девет лица од Скопје

Post Views: 38 На 22.07.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода три лица на возраст од 18 години, четири лица на возраст од 19, 20, 23 и 28 години и двајца малолетници, сите од Скопје. При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично...

Продолжи со читање

Доделени наградите за најдобрите филмови на Beach Film Festival

Post Views: 34 Овогодинешните награди жирито за долгометражни филмови составено од Julián Génisson, Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka и жирито за краткометражни филмови составено од Gjoko Simjanoski, Vele Mitanoski и Sveto Stefanovski ги доделија на:Голем бран, најдобар долгометражен филм – “Milk” во режија на Stefanie KolkSpecial Mention, најдобар долгометражен филм – “Pelican” според сценарио на Nikolina Bogdanović и Filip Heraković.Мал бран, најдобар краткометражен филм – “How to be a human...

Продолжи со читање

„Ретроспектива” – изложба на Даме Затуроски

Post Views: 36 Ликовниот уметник, стружанецот Даме Затуроски, ја подготвува најновата изложба насловена Ретроспектива.Љубителите на уметноста ќе може да видат голем број дела на авторот од почетоците на неговото творештво до денес. Струшкиот уметник твори од дете, до денес имал повеќе од десет самостојни и десетина групни изложби во земјава и странство„Јас сум сликар кој се бави со класичен стил реализам најповеќе во техника пастел, а на изложбата  има повеќе застапени техники освен масло на платно кое го работам под други услови и затоа нема да биде присутно. Инаку...

Продолжи со читање

Општина маркица

Туристичката инспекција упатува апел за користење на лиценцирани туристички водичи во Охрид

Post Views: 98 Во екот на главната туристичка сезона, Туристичката инспекција во рамки на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид има зголемен обем на работа и покрај редовната контрола на туристичките објекти, редовно се контролираат и туристичките водичи, кои водат организирани групи гости.Во последниот период, како дел од теренските активности, во повеќе наврати туристичките инспектори констатирале непочитување на Законот за туристичка дејност и нелиценцирани туристички водичи, кои водат групи на разглед во Охрид.Со цел да се спречи ваквата појава и да се...

Продолжи со читање

Одржан работен состанок за надминување на проблемите во Охридскиот регион

Post Views: 59 Вчера во Управата за заштита на културно наследство в.д. директорката на Управата, Весела Честоева одржа работен состанок со Горан Патчев, в.д. директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, Кирил Илоски, раководител на Секторот за урбанизам и управување со градежното земјиште, како преставник на Општина Охрид и претставник од Управата Билјана Јовановска, раководител на Секторот за заштита, идентификација и користење на културното наследство во УЗКН.-На состанокот се разговараше за проблемите кои ги има Општина Охрид, особено...

Продолжи со читање

За љубителите на класичната музика концерт за контрабас и пијано на „Охридско лето“

Post Views: 44 Во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ организира концерт на австрискиот контрабасист Доминик Вагнер и српско-австриската пијанистка Софија Палуровиќ.Роден во 1997 година во Виена, Доминик Вагнер е посветен на идеалот да го извади контрабасот од сенката на виолончелото и да ги прикаже индивидуалните можности на овој најдлабок инструмент во групата гудачки инструменти. Успева во неговата намера, не само со неговото сценско присуство, туку и со импресивната виртуозност, лирска мелодичност, како и со...

Продолжи со читање

Одржан состанок на Локалниот совет за превенција на пожари во шумите

Post Views: 49 Вчера на иницијатива на СВР Охрид и локалната самоуправа во просториите на општина Охрид, состанок одржа Локалниот совет за превенција и Штабот за заштита и спасување на општина Охрид.-Целта на средбата беше анализа на степенот на загрозеност на шумите од пожари во регионов, поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, зајакнување на комуникациите и координацијата помеѓу надлежните субјекти што стопанисуваат и управуваат со шумите и други мерки за нивна поефикасна заштита од пожари. Според изнесените...

Продолжи со читање

20 спортско-рекреативни настани во рамките на второто издание на Ohrid Water Festival

Post Views: 61 Од 23-ти до 31-ви август 2024 година во Охрид ќе се организира второто издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival.Целта на фестивалот е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија.Во рамки на спортско-рекреативниот дел од програмата предвидена е организација на 20 спортски настани.Повеќе информации на официјалната веб-страница на фестивалот: www.ohridwaterfestival.mk

Продолжи со читање