Автор: инфодеск
Post Views: 500 На 17.11.2022 година во Скопје се одржа главниот настан од проектот GreenTech Entrepreneurship Challenge на кој тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, составен од учениците: Климент Маријаноски, Дарко Крлески, Александар Спасеновски, Кристијан Ѓорески и Андреј Ванѓеловски, под менторство на професорката Ирена Ралева Најдевска со проектот „TrashPinger“ го освои првото место, а учениците беа прогласени за Еко-претприемачи за 2022 година.GreenTech Entrepreneurship Challenge претставува проект, кој ги вклучува учениците од средните технички стручни училишта во...
ОЕМУЦ доби нови компјутери и смарт табли
Post Views: 490 Градоначалникот на Охрид денес во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Училиштето со финансиска поддршка на локалната власт доби нова најсовремена опрема која го олеснува воспитно образовниот процес, а на учениците им овозможува пристапот до информации.По распишан тендер и јавна набавка со средства од Општина Охрид, училницата по информатика се опреми со 25 нови компјутери со високи перформанси. Вредноста на инвестицијата е 580.000 денари.Во четиринаесет училници се монтирани смарт табли со озвучување во вредност од 1.200.000 денари, а набавени се и...
Печалбари се жалат на високи сметки за струја
Post Views: 398 Над 170 поплаки од печалбарите до Народниот правобранител за високите сметки за електрична енергија. Иселениците од Југозападниот и Северозападниот регион во земјава, кои не живеат во домовите добиле превисоки сметки за струја. Од шест до десет илјади денари месечно за потполно празни куќи, каде не свети ниту сијалица, велат е неприфатливо.Народниот правобранител поднел укажување до регулаторната комисија за енергетика за бројните поплаки, но и барање за корекција до ЕВН.На ниво на држава имаме 174 преставки, а во западниот дел на земјава каде претежно...
Пецаков на средба со младиот каратист Јаковлев
Post Views: 275 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот каратист Наум Јаковлев, кој освои бронзен медал на 21-то Светско првенство во традиционално карате ИТКФ.Пецаков упати честитки до младиот Јаковлев и неговиот матичен клуб „Фудошин“ за остварениот успех, со желби за уште поголеми спортски достигнувања. Градоначалникот потенцираше дека Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена за поддршка на спортските клубови и младите спортисти кои учествуваат на врвни натпревари, бележат значајни успеси и го промовираат Охрид во...
Кривична пријава против охриѓанец
Post Views: 293 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Д.(39) од Охрид.При претрес извршен по судска наредба во неговиот дом во Охрид, полициските службеници прнајдоа и одзедоа амфетамин, дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Физички ја нападнал својата мајка
Post Views: 282 На 17.11.2022 година во 16:25 часот во СВР Охрид пријавено е дека Ф.Р. во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата мајка.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Од патарини наплатени 12 милиони евра
Post Views: 288 Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра). Наплатените средства се 20,99 проценти од вкупно планираниот приход по тој основ за годинава. Во споредба со истиот период од минатата година, приходот од патарини е поголем за 13,6 проценти, односно за 89.166.912 денари.ЈПДП во рамки на иницијативата Отворен Балкан е една од институциите што треба да го спроведат заедничкиот проект за воспоставување еден уред за наплата на патарини во државава, во Србија и во...
Изложба Ченто-биографија низ фотографија
Post Views: 308 Во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид денеска ќе биде отворена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија” на Рубинчо Белчески.Изложбата ја организираат музеите од Прилеп и од Охрид по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов – Ченто.Преку фотографии е прикажан животот и делото на претседателот на Првото заседание на АСНОМ, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на создадени дела за него.Авторот Белчески е историчар – кустос советник во НУ...
148 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков
Post Views: 332 На 18 ноември во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација.Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ.Во 1905 година, во Одеса го издавал на македонски јазик, весникот „Вардар“.Умрел во Софија, Бугарија, на 26 јули 1926 година.
Нов дрворед на бул. Македонски Просветители
Post Views: 315 Како дел од проектот за реконструкција на бул „Македонски Просветители“ денеска започнаа работни активности за засадување на новиот дрворед. Согласно проектната документација, ќе бидат засадени вкупно 96 стебла од видот Malus.Претходно, на оваа улица се пристапи кон отстранување на стариот дрворед при што беа отстранети вкупно 76 стари стебла. Согласно Планот за ревегетација, како замена за отстранетите дрвја, Општина Охрид ќе засади вкупно 219 нови садници. Покрај предвидените 96 стебла на бул „Македонски Просветители“ во текот на наредниот период планирано...
Ковачевски на увид на градежни работи на тунелот Кичево-Охрид
Post Views: 334 Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе направи увид на градежните работи на тунелот Кичево – Охрид на автопатската делница во изградба во должина од 57 километри.Покрај премиерот Ковачевски присутни ќе бидат и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година....
Балкански економски форум во Скопје
Post Views: 296 Под покровителство на Владата на Република Северна Македонија и со поддршка на Стопанската Комора, Делегацијата на германското стопанство, Сојузот на стопански комори, Western Balkan 6 и Австриската амбасада во земјава, денеска во Скопје се одржува Балкан Економик Форум.На настанот, покрај официјалниот државен врв и претставници од дипломатскиот кор, добредојде на учесниците преку видео пораки ќе им посакаат и потпретседателката на Европската Комисија, Дубравка Шуица и Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.Во фокусот на овогодинешното издание...