Автор: инфодеск
Post Views: 41 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 11:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите, Кошишта, Воска и Далјан, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Претставници од Општина Охрид учествуваа на турнир од Јадранската Текбал лига
Post Views: 86 Претставници на Општина Охрид беа дел од турнирот на Јадранската Текбал лига која се одржуваше иминатиот викенд во Бар, Република Црна Гора.На турнирот учествуваа натпреварувачи и спортски работници од Балканските земји, вклучувајќи ја и Полска.Во рамките на настанот, раководителот на Секторот за спорт, млади и невладини организации при Општина Охрид, Јоне Станковски оствари средби со претставници на Текбал федерациите од повеќе земји, на кој се дискутираше за поголема промоција на овој спорт во Охрид и Македонија. Исто така, на средбите било...
Јули поскап од јуни, синдикалната кошничка за јули 60.570 ден
Post Views: 49 Минималната синдикална кошничка за јули изнесувала 60.570 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Ова претставува зголемување за 245 денари од јуни кога таа изнесувала 60.325 денари.Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни, минималната синдикална кошничка изнесува 75.945 денари.Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, односно 36.3 отсто. Најголемиот трошок потоа се однесува на образованието – 7.022 денари по домаќинство (11.6%), потоа на станарина, вода, електрична...
„Полициско-родителска патрола” – превентивна кампања реализирана во Охрид
Post Views: 80 Викендов, Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Охрид во Охрид ја спроведе превентивната кампања „Полициско-родителска патрола”.Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, родители, претставници на Советот на родители во основните училишта, на Секторот за образование при локалната самоуправа, како и на Центарот за социјални работи извршија обиколка на угостителските објекти, како и на одредени места на отворен простор каде во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите.Целта на...
СВР Охрид апелира да не се палат огнови на отворено
Post Views: 40 Пради сѐ позачестените регистрирани пожари на подрачјето на СВР Охрид во кои е опожарена нискостеблеста вегетација, депонии, стрништа, СВР Охрид упатува апел до граѓаните, посебно до земјоделците и другите лица кои работат или се движат на отворен простор, да не палат огнови, од кои лесно и брзо може да избувнат пожари од големи размери и да предизвикаат значителна имотна и материјална штета. СВР Охрид потсетува дека предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни пријави.-СВР Охрид ќе ги вклучи...
За домашните гости Охрид е скапа дестинација
Post Views: 40 Како и секоја летна сезона на социјалните мрежи најактуелно е споделувањето на фискални сметки и критиките дека услугите во Охрид се прексапи. Најчесто критикуваат домашните туристи, за странските гости цените се коректни и пристапни.Се споделуваат коментари дека Охрид е поскап и од Грција и од Црна Гора.Угостителите пак се бранат, велат има цени за сечиј џеб. За едно кафе може да се платат од 60 до 200 зависно, од од локацијата, близината на езерото, услугата и амбиентот. Во угостителските локали надвор од централното градско подрачје цените се доста...
Спроведени вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и Преспа, уништени 8,7 тони небезбедна храна
Post Views: 94 Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела (од 16 до 19 јули), спровеле вонредни заселени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени – кетеринг објекти,месарници и маркети) во туристичките центри Дојран,Охрид,Струга и Преспа. – Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведуваа и контроли на активностите согласно регистрацијата на операторите со храна. Во...
ЈП Градски Пазар Охрид издава урбана опрема за продажба на храна на Кеј Македонија
Post Views: 44 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација и урбана опрема за комерцијално користење, сместен во соодветен продажен пункт и станици за подвижна урбана опрема. Просторот и урбаната опрема со локација на Кеј Македонија се издава со намена продажба на храна.Просторот и урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 25.07.2024до15.09.2024година.Рок на доставување на понудата е од денот на објавувањето на огласот па се до 25.07.2024 година (четврток) до 12:00 часот.Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема како и намената на...







