Автор: инфодеск
Post Views: 47 Развојот на ависоообраќајот и отворање на нови дестинации за македонските граѓани е еден од приоритетите за работа во следниот период на Владата,изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.-За таа цел формирана е работна група која ќе работи на привлекување на нови дестинации и веќе од следната година се очекува да се обезбедат нови линии за граѓаните кои во овој момент не се опериратат од двата аеродорми, истакна во своето видео обраќање заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Без вода корисниците на улицата „Вис“ во с.Велгошти
Post Views: 46 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улицата „Вис“ во с.Велгошти.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување со санацијата.
Денес од 10 до 12 часот без вода улиците „Славеј Планина“, „Карпош Војвода“ и дел од Бул.„Туристичка“
Post Views: 58 Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 10:00 до 12:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Славеј Планина“, „Карпош Војвода“ и дел од Бул.„Туристичка“, информираат од ЈП Водовод.
Започна тринаесетото издание на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца
Post Views: 37 Со пригодна свеченост, вчеравечер, започна тринаесетото издание на културно – забавната манифестација „На Зајдисонце“ во Трпејца. Во името на Општина Охрид пред присутните се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.-Никој не може да остане рамнодушен на величествениот танц на сончевите зраци и небесната палета врз кристалната шир на Охридското Езеро, кои токму тука во Трпејца, секоја квечерина создаваат неповторливи пејзажи на зајдисонцето. Тоа е момент на хармонија, кога времето како да застанува, а духот на ова уникатно место нè плени со својата...
Ансамблот „Маре Нострум“ го донесе барокот на „Охридско лето“
Post Views: 36 Музичкиот барок како најзначајна епоха во развојот на музичката уметност вчеравечер на „Охридско лето“ го донесоа членовите на ансамблот „Маре Нострум“ кои настапија во рамките на традиционалната Италијанска вечер на фестивалот.Под диригентската палка на маестро Андреа Де Карло, настапија сопранот Џулија Болкато, контратенорот Данило Пасторе, баритонот Масаши Томосуги и тенорот Анџело Тестори. Публиката уживаше и во маестралната изведба на Маргерита Буратини на харфа, Џулио Фалцоне на теорбо, Томас Чигиони на виолончело, Серена...
СВР Билтен: приведени лица поради користење кокаин и марихуана, напад на скопјанец во казино, одземени возачки дозволи…
Post Views: 31 На 21.07.2024 во 02.55 часот во ноќен клуб на булеварот „Железничка” во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле 20 годишно лице од Австралија затоа што при контрола во објектот бил затекнат при користење кокаин. При преглед кај него, пронајден и одземен е кокаин. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.На 21.07.2024 во 08.50 часот во казино на улицата „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 43 годишно лице од Охрид...
Наташа Поповиќ одликувана со Орден „Витез на Редот на Ѕвезда на Италија“
Post Views: 57 Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, ја одликува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ со Орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија“ . Одликувањето ѝ го додели амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри, кој синоќа во катедралната црква „Света Софија“ потенцира дека ваквото високо признание е за нејзиниот исклучителен придонес во промоцијата на италијанската култура на сцената на фестивалот „Охридско лето“.-Од 2019 година таа е успешна директорка на еден од најпрестижните уметнички фестивали во земјава,...
Концерт за виолончело и пијано со реномираните уметници Драган Ѓорѓевиќ Сузуки и Дино Имери
Post Views: 63 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на извонредниот српски виолончелист Драган Ѓорѓевиќ Сузуки и еден од најдобрите пијанисти во Македонија, Дино Имери што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот.Професионалната критика го оценува Драган Ѓорѓевиќ како една од најоригиналните уметнички личности на неговата генерација. Именуван како еден вид српски амбасадор на виолончелото, Драган е основач на ансамблот „Вива Чело“ и на фестивалот „Раванелиус“, ко-основач e на квартетот „Рубикон“ и уметнички...







