Автор: инфодеск
Post Views: 343 СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои лажно се претставуваат како службени лица и вршат измами, претежно на повозрасни граѓани од Охрид, со телефонски јавувања за наводно случена сообраќајна несреќа со жртви или тешко повредени лица – членови на нивните семејства.Притоа, користејќи ја нивната вознемиреност и загриженост, од нив изнудуваат парични средства. Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични измами, преку повици добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 112...
Хернандес победник на Охридскиот маратон
Post Views: 309 Аргентинскиот пливач Матијас Дијас Хернандес е победник на 35-то издание на Охридскиот пливачки маратон, кој денеска во доста тешки услови поради ветровитото време се одржа во нашето најпознато и најголемо природно езеро.Со оглед на тоа што годинешното издание првично беше одложено, на почетокот во Св. Наум се појавија само осум натпреварувачи, од кои седум машки и само една женска натпреварувачка.По речиси шест часа пливање, на крајот го добивме победникот денеска во Охрид, а тоа е Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес кој го заврши како најдобар на...
Лолеска, гласот на ретките на конференција во Белград
Post Views: 348 Националната кампања „Ги Запознаваме Ретките Болести“ на третата регионална конференција „Caring For Rare“ во Белград, Република Србија.Носителот на кампањата, активистката Гордана Лолеска од Здружението „Ретко е да си редок“, ја претстави Националната кампања „Ги Запознаваме Ретките Болести“ на конференцијата во рамки на панелот „Making Rare Diseases Visible“.На конференцијата се разговара за ретките болести како приоритет на јавното здравје, неонаталниот скрининг во Европа, ретките болести и менталното здравје, истражувањето на ретките болести,...
Тројца загинати во несреќа во Хрватска
Post Views: 389 Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени кога се судрија патнички и товарен воз во централниот дел на Хрватска.Судирот се случил синоќа, околу 21:30 часот по локално време, во близина на градот Новска, кој се наоѓа блиску до границата на Хрватска со Босна и Херцеговина.„Ударот беше огромен“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој на местото на инцидентот отиде заедно со други владини претставници.Пленковиќ потврди дека на местото на инцидентот се пронајдени тела на три лица, но рече дека може да се откријат уште жртви, пренесе ТВ...
Кумановчанец нападнал полицаец во Охрид
Post Views: 298 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”.Тој, на 18.08.2022 година во 21:15 часот, по претходно нарушен јавен ред и мир на улицата „7 ноември” во Охрид, физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија – информираат од СВР Охрид.
Казнети 5 возачи под дејство на алкохол
Post Views: 283 На 09/10.09.2022 година од 22:00 до 04:00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници во Охрид затекнале пет возачи на моторни возила кои управувале возило под дејство на алкохол. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид
Пет загинати во Нов Зеланд
Post Views: 389 Пет лица загинаа денеска во Нов Зеланд откако чамец со 11 лица се преврте во близина на Каикура, крајбрежен град на Јужниот остров.Радио Нов Зеланд (RNZ) објави дека градоначалникот на Каикура, Крег Макл, верува дека кит го превртел чамецот.Сепак, полицијата не ја потврди причината за несреќата.Ова е трагичен настан кој погодува многу животи, не само семејствата на жртвите и нивните најблиски. Го затворивме пристаништето за да можеме да продолжиме да работиме – рече Макл на прес-конференцијата, пренесува RNZ.„Точните околности на инцидентот...
Започна Охридскиот пливачки маратон
Post Views: 343 Утрово од Св. Наум стартуваше 35-тото издание на Охридски пливачки маратон.На маратонот учествуваат пливачи од Италија, Аргентина, Словенија, Косово и Македонија. Осум пливали ја бранат традицијата на најпрепознатливата македонска спортска манифестација.Во категоријата мажи честа на Македонија ја бранат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, а учествуваат уште Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единствената девојка на годинешното маратонско...
Сообраќаен час на отворено со најмладите
Post Views: 252 Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП, во рамки на превентивните активности „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, денеска (09.09.) реализираа едукативно-информативна средба со учениците во прво одделение од основното училиште „Христо Узунов” во Охрид.Притоа, полициските службеници, со најмладите одржаа интерактивен сообраќаен час на отворено, со изнесување корисни информации за нивната безбедност во сообраќајот, за потребата од внимателност при движењето од домот кон училиштето и обратно и почитувањето на сообраќајните знаци –...
Проекција на филм Welcome to Norway во Охрид
Post Views: 540 Младински образовен форум (МОФ), во партнерство со УНХЦР организира филмска недела во Охрид и во Тетово, каде присутните ќе имаат можност да го гледаат филмот „Welcome to Norway“ во режија на норвешкиот режисер Rune Denstad Langlo, по што ќе следува и дискусија за импресиите од филмот.Филмските проекции ќе се одржат на 13 септември во Тетово во просториите на Центарот за балканска соработка ЛОЈА со почеток од 18:30 часот и во просториите на Касарна Хаб во Охрид на 15 септември со почеток од 19:30 часот.„Welcome to Norway“ се фокусира на желбата на...
Уапсен оперативец на Исламска држава
Post Views: 375 Турската полиција и разузнавањето уапсија оперативец на Исламска држава, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.Ердоган синоќа го идентификуваше заробениот оперативец како Башар Хатаб Газал Ал Сумејдаи и дека е познат по името Абу Зеид.Претседателот рече дека бил уапсен врз основа на разузнавачки информации дека илегално ќе влезе во Турција, но не кажа кога била извршена операцијата.Абу Зеид е уапсен во заедничка акција на полицијата и разузнавачката агенција откако ги следеле неговите врски во Сирија и Истанбул, пренесува Бета.
Холандски брод потона во Северното море
Post Views: 364 Холандски брод потона денеска во Северното Море во близина на Данска по судир со друг брод, соопшти данската морнарица, наведувајќи дека нема жртви.Седум членови на екипажот на бродот „Хелге“ скокнале во морето и биле спасени со хеликоптер.Не се познати деталите за судирот на бродот „Хелге“ долг 89 метри и поголемиот брод „Дивиот Космос“, кој плови под бахамското знаме.Судирот бил на 37 километри од западниот брег на полуостровот Јитланд.Нема извештаи за штета на поголемиот брод.Данската морнарица испрати неколку бродови и два хеликоптера на...