Автор: инфодеск
Post Views: 307 ЈП „Охридски Kомуналец” информира дека во петок, 18-ти ноември 2022г., ќе организира вонредна акција за подигнување зелен отпад во нас. Долно Коњско.Жителите ќе имаат можност зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07:00 часот во петок (18.11.2022г), со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон 075/495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07:00 до 21:00 часот – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Христијана Парулеска освои злато на Бугарија Опен
Post Views: 350 Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец учествуваше на најсилниот А класа меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар „Бугарија Опен 2022” кој се одржа во Пловдив. На овој престижен натпревар учествуваа над 540 натпреварувачи од 59 клубови од 14 земји од Европа. „ХВА РАНГ ИТФ“ учествуваше со 8 натпреварувачи.Традиционално на овој престижен натпревар, сите кои се во можност ги носат своите најдобри поединци, за да ги тестираат и да ги припремат за наредното Европско Првенство кое ќе се одржи во Римини, Италија.Слободно можеме да кажеме дека бевме...
Идентична слика во Охридските претпријатија
Post Views: 247 Зголемената цена на електричната енергија, цената на горивото и усогласување на платите на вработените со законската минималната плата се трите најголеми причини што претставуваат проблем за работaтa на Јавните Претпријатија во Охрид. Ова го покажуваат извештаите предложени за усвојување на денешната седица. Координаторката на советничката група на СДСМ Живка Ангелоска свесна за тешката состојба на претријатијата, даде критики со цел подобрување на состојбата.„Ќе зборувам врз основа на финансиски показатели, во насока не толку да критикувам колку во насока...
Wowsa официјално ги верификува 10-те препливувања на Марко Пејчиновски
Post Views: 320 Светската асоцијација за пливање на отворени води (Wowsa) официјално ги верификува сите 10 препливувања што Марко Пејчиновски, летово, ги направи во водите на Охридското езеро. Марко, во своите 10 херојски подвизи, на различни растојанија, исплива вкупна должина од 250 километри. Последната, најдолга и најтешка делница беше Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри, која Марко ја преплива безмалку за едно деноноќие.Планот беше да се препливаат 250 километри во 10 пливања во текот на ова лето, при што последното пливање да биде...
Расфрлано ѓубре околу банкомат на Стопанска банка
Post Views: 703 До рубриката „Ти си твојот град“ денеска пристигнаа фотографии на кои се гледа вистински неред со расфрлано ѓубре околу банкоматот на Стопанска банка на бул. „Туристичка“ кај скалестата зграда. Ова е коментарот од наши сограѓани кои ни ги испратија сликите.Вака изгледа банкоматот на Стопанска банка откако се затвори експозитурата во скалестата зграда на бул. „Туристичка“. Повторно нашата (не)култура излегува на виделина. Ѓубре расфрлано околу банкоматот, корпата за отпадоци преполна, а контејнерите се само на неколку метри. Кој треба да исчисти? –...
Пецаков оствари средба со Н.Е. Ангела Агелер
Post Views: 234 Протоколарна средба остварија градоначалникот Кирил Пецаков и новата американска амбасадoрка во Македонија, Н.Е. Ангела Агелер. На средбата се зборуваше за предизвиците со кои се соочува Охрид, како и за чекорите кои се преземаат за надминување. Разговараа и за УНЕСКО, и зачувување на статусот на градот.Американската амбасадорка истакна дека Охрид и градоначалникот ја имаат нејзината поддршка во насока на исполнување на чекорите за зачувување на статусот. Соговорниците разговараа и за изминатата туристичка сезона, како и за соработка во повеќе области. Беше...
Конкурс за доделување повелба Патрон на градот
Post Views: 239 По повод 8-ми декември „Св. Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св. Климент Охридски” за 2022 година.Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски...
Конкурс за општинска награда Патрон на градот
Post Views: 226 По повод 8-ми декември „Св. Климент Охридски“, градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда, Патрон на градот „Св. Климент Охридски” за 2022 година.Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија...
Оружје и муниција пронајдени во Драслајца
Post Views: 363 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ч.(43) од струшкото село Драслајца.При претрес извршен во неговиот дом по добиена судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол „Валтер” калибар 9 милиметри и 10 куршуми за ловечка пушка, калибар 16 милиметри што нелегално ги поседувал – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Двајца стружани извршиле тешки кражби
Post Views: 330 ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.М.(17) и Н.А.(22), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба” и една „кражба”.Тие, во периодот од 01 до 11 ноември 2022, со употреба на физичка сила и подесен алат, насилно влегувале во деловни објекти на подрачјето на Струга и противправно одзеле повеќе предмети. На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 180.000 денари – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
До крајот на годинава ќе бидат вратени украдените икони запленети во Тирана
Post Views: 420 После девет години конечно украдените икони од струшко, пронајдени во Албанија се враќаат во земјава.20-тина вредни икони однесени од црквите во селата Радожда, Буринец и Селце, албанската полиција во 2013-та година ги заплени во Тирана. Станува збор за непроценливо културно историско богатство, кое земјава со години се обидува да го врати дома. Иконите се чуваат во два музеи во Тирана, но до крајот на годинава се очекува да бидат вратени таму каде што припаѓаат.Процесот веќе финишира, тој е во една финална фаза. Иконите кои што ние 2013 година, скоро...
Осуда за нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести
Post Views: 280 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот вербален и физички напад врз новинарската екипа на ТВ 24 Вести.Нападите врз медиумските работници претставуваат особено сериозни повреди на основните човекови права и слободи кои истовремено го загрозуваат правото на информирање на граѓаните и ја ограничуваат јавната дискусија која е во сржта на секоја плуралистичка демократија.Агенцијата како и во повеќе наврати досега апелира да им се овозможи на медиумските работници безбедно и професионално да ги извршуваат своите...